Следете не

Спорт

Сејдини: Медицинските лица ќе имаат предност за билетите на ЕУРО

Објавено пред

на

Би сакал заедно со Вас да споделам една благодарна иницијатива која заедно со Управниот одбор на федерацијата ја преточивме во одлука, а се однесува на распределбата на влезниците за Европското првенствокое 2021 година”.

“Иако во моментот се уште нема конечна одлука од УЕФА за бројот на влезниците за натпреварите од ЕУРО 2020 бидејќи здравствената ситуација може да наложи и да нема присуство на гледачи на стадионите (најнепосакувано сценарио за сите нас), сепак има надеж дека публика ќе има и секоја федерација ќе добие дел од влезниците за натпреварите на Европското првенство”.

“Затоа одлучивме како награда, доколку ситуацијата со пандемијата се стави под контрола, како резултат за натчовечките напори и заложби кои секојдненво ги прават за заштита на нашето здравје во изминатиот период, а очигледно и во периодот што следува, приоритет за добивање на билети за следење на настапите на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство да имаат сите медицински лица кои се во првите редови во борбата против Ковид – 19 (доктори, сестри, технички персонал)”.

“Јасно ми е дека ова е премалку, но чуствувам потреба на медицинскиот персонал на скромен начин да им се оддолжиме за пожртвуваноста и повеќемесечниот труд што го вложуваат за да не заштитат сите нас.
Да им ја искажеме нашата почит за нивната работа и да покажеме дека сме општество што цени вистински вредности”.

Најсреќен би бил кога во јуни 2021 година нашите медицински лица би ги замениле маските и скафандерите со навивачки реквизити, кога трагите од нив и уморот на нивните лица ќе ги заменат со насмевки за головите што нашите ќе ги постигнат на Европското првенство”

Останете во добро здравје, чувајте се и бидете солидарни и со другите околу вас.
Заеднички и во одлично расположение да го дочекаме Европското првенство и да се радуваме заедно со нашите момци – пишува Муамед Сејдини претседател на ФФМ.

#Македонија на Европско!
#Благодарност до сите медицински лица!
#НапредМакедонија | #EURO2020

Спорт

ФФМ со реакција: Закажаното Собрание на ОФС Охрид не е според Статутот на сојузот

Објавено пред

на

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација дека закажаното Собрание за 19.02.2025 година на ОФС Охрид не е закажано во согласност со Статутот на ОФС Охрид во кој е утврден рок од 30 дена од денот на закажување до денот на одржување на Собранието.

Имено, Управниот одбор на ОФС Охрид на седница одржана на 27.01.2025 година го закажува своето Собрание за 19.02.2025 година.

Како што велат во интегралното соопштение на Фудбалската федерација, одлуката на Управниот одбор на ФФМ донесена на 27.12.2024 година не е променета, а тоа значи дека Фудбалската федерација на Македонија нема да има претставник на Собрание кое е закажано спротивно на одредбите од Статутот на Општинскиот фудбалски сојуз – Охрид.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

Судијата погрешил за поновениот пенал на мечот Вардар – Шкендија, одлучи ФФМ судиската организација и комисија

Објавено пред

на

Судиската организација и комисија на Фудбалската федерација на Македонија излезе со соопштение по добиениот писмен допис од страна на ФК Шкендија, и како што наведуваат во текстот истиот гласи вака:

Пред да го добиеме истиот ние како судиска организација и како комисија за делегирање на судии, а во координација со официјалните лица на натпреварите направивме анализа на одиграните натпревари, а посебен фокус е ставен кон дуелот Вардар – Шкендија (1:2).

Ние како надлежни тела на ФФМ, како судиска организација сме, исто така, сериозно загрижени за Ваквиот однос од Ваша страна. Фудбалот е спорт во кој треба стручните лица да ги решаваат спорните моменти, а не тоа да се прави со тенденциозни и намерни критики без притоа да се остави на надлежните органи да се справат со анализа на натпреварите.

Со овој допис, а по консултација со официјалните лица на споменатиот натпревар се донесени следните заклучоци.

Во прилог целосниот текст погледнете го на официјалниот натпис ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

Женската репрезентација на Македонија в петок ја дочекува селекцијата на Косово во Лигата на Нации, Андонова поради повреда без ангажман на овој меч

Објавено пред

на

Македонската женска „А“ репрезентација на Македонија на 21-ти февруари на домашен терен, со почеток од 14:00 часот ја дочекува селекцијата на Косово во рамките на стартот на новото издание на Лигата на Нации.

Нашата женска селекција се наоѓа во групата 6 од сегментот „Ц“ заедно со селекциите на Косово и Летонија. Селекторот на Македонија, Александар Андов за претстојната пресметка со Косово се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Берна Кабакчи Карсон Њумен, САД

Викторија Панчурува Тиверија Брера

Кристина Павлоска Топ Гол

ОДБРАНА:

Ана Милчевска Ланчхути, Грузија

Ане Бошевска Тиверија Брера

Павлинка Николовска Тиверија Брера

Елена Панеска Олимпија, Словенија

Бојана Петкова Полонија Срода, Полска

Сара Коларовска Скопје 2014

Викторија Недева Тиверија Брера

Александра Јовановска Љуботен

СРЕДЕН РЕД:

Хава Мустафа Љуботен

Александра Марковска Љуботен

Симона Ребека Меијер Макаби Кишронод Хадера, Израел

Ленче Андрееска Уние Кадин , Турција

Икмете Лимани Швеинфурт 05, Германија

НАПАД:

Јилза Максути Уние Кадин, Турција

Гентијана Рочи Купс, Финска

Лора Сулејмани ГПСО 92, Франција

Јована Павловска Легија, Полска

Марјана Нацева Борусија Дортмунд, Германија

Билјана Панева Тиверија Брера

Поради повреда, нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова нема да биде во можност да му се стави на располагање на селекторот Александар Андов за дуелот против Косово.

Инаку нашите фудбалерки денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје официјално ги започнаа подготовките за претстојните предизвици од новиот циклус на „Лига на нации”, известија од Фудбалската Федерација на Македонија.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин3 часа

YouTube конечно ги намалува цените. Наскоро доаѓа нова опција Premium Lite без реклами

YouTube официјално ќе започне со поевтина претплата Premium Lite, која ќе им овозможи на корисниците да гледаат видеа без реклами...

Хороскоп10 часа

Хороскоп за сабота (22 февруари)

Овен Препораката е да водите сметка со кого соработувате во иднина за да немате поголеми проблеми. Потребно е да имате...

Македонија11 часа

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г....

Lifestyle18 часа

Како да го искористите празното шише за детергент за чистење?

Пред да фрлите нешто, размислете дали може повторно да се употреби. Овој совет важи за сè – од стари тегли...

Магазин18 часа

Старомодни колачиња со јаткасти плодови кои одлично се комбинираат со кафе или чај

Овие неодоливи колачиња со ореви ќе ги воодушеват и најпребирливите љубители на слатки. Совршени за оние моменти кога сакате да...

Храна18 часа

Рецепт за највкусна чоколадна торта: Тајната е во овие три неочекувани состојки

Секој љубител на чоколадни торти знае дека правењето на совршено мека, сочна и вкусна торта е уметност. Но, што ако...

Автомобили18 часа

BMW претстави експериментален автомобил со “супермозок” ВИДЕО

BMW го претстави новиот експериментален електричен автомобил Vision Driving Experience, опремен со својот компјутер Heart of Joy. Овој автомобил не...

Автомобили19 часа

Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo

Dacia, која веќе ја освежи својата понуда со моделот Spring, се подготвува да понуди нов електричен автомобил кој ќе биде...

Lifestyle19 часа

Храна која е ултра-обработена, но не е лоша за вашето здравје

Исхраната богата со ултра-обработена храна и нејзините ризици Многу студии ја поврзаа исхраната богата со ултра-обработена храна со зголемен ризик...

Магазин19 часа

Вечната дилема: HDMI, DisplayPort или USB-C – кој е најдобар избор за 4K монитор?

Кога ќе се обидете да поврзете нов 4K монитор, со сигурност ќе забележите различни портови на задната страна – HDMI,...

НАЈЧИТАНИ