Спорт
Кичевчанецот Сејдини ја доби поддршката за свој четиригодишен мандат, „Додека сум во ФФМ чесноста ќе биде препознатлив начин на работа“

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес го доби петтиот претседател во историјата и тоа во името на Муамед Сејдини, познатиот спортски работник по потекло од Кичево.
Најуспешниот претседател во историјата на македонскиот фудбал денес доби четиригодишен мандат.
УЕФА и ФИФА го поздравија изборот на Муамед Сејдини.
Македонскиот фудбал оди напред, така што на денешното собрание сите присутни делегати вкупно 52 во хотел „Александар Палас“ гласаа за нов мандат од 2021 до 2025.
Интегралниот текст на Сејдини ви го пренесуваме во целост:
Драги пријатели и соработници,
Најнапред сакам да ја искажам мојата благодарност до сите Вас за укажаната довербата.
Честа да се биде претседател на Фудбалската федерација на Македонија е голема. Вашата поддршка ме обврзува да продолжам да го давам својот максимум за развој на македонскиот фудбал.
Благодарност до претседателот на ФИФА Џани Инфантино за убавите зборови на поддршка. Тоа е голема работа за нас и ќе се трудиме да бидеме во чекор со светските фудбалски трендови кои вие ги применувате.
Благодарност до УЕФА за извонредната соработка. Среќни сме што имаме одличен партнер во УЕФА на чело со нашиот драг пријател, Александар Чеферин.
Годината 2020. на фудбалски план ќе ја паметиме по нашиот најголем успех и пласманот на нашето прво Европско првенство. Потврдивме дека кога се работи искрено и мотивирано резултатите не изостануваат.
Во тој правец ќе продолжиме и во следниот период. На најдобрата репрезентација им ги овозможуваме најдобрите услови за работа, а поголем мотив за нив од настап на Европското првенство мислам дека не постои. Им посакувам многу успех во Букурешт и Амстердам и дај Боже одново да се радуваме на големи резултати.
Поддршка, техничка, финансиска и логистичка, како и досега ќе добијат и сите други национални селекции. Тоа е нашата репрезентативна база и ќе продолжиме да ги надградуваме младинските селекции и Академијата на ФФМ.
Фудбалската федерација на Македонија секогаш ќе ја помага својата база. А, Општинските фудбалски Сојузи се нераскинлив дел од нашето семејство. Ве повикувам да разговарате, да се борите, да работите заеднички.
Ги повикувам и охрабрувам клубовите од Македонската лига. Вклучете се активно во организацијата на натпреварувањата. Како и досега, секогаш ќе ја имате мојата и поддршката на федерацијата за формирање на Ваше здружение за организација на натпреварите.
За тој чекор, ниту некогаш сум бил противник, ниту ќе бидам. Тоа е натпреварување на клубовите и доколку сметате дека треба да го организирате преку свое здружение ја имате мојата целосна поддршка. ФФМ ќе помогне во таа насока на начин на кој заеднички ќе одлучиме.
Во најтешката година од секој аспект, успеавме самостојно да го организираме натпреварувањето во македонските лиги. Сите клубови беа ослободени од трошоци за официјални лица, а во младинските, женските и футсал лигите, федерацијата ги покриваше и другите трошоци.
Согласно стратешкиот план на нашата федерација ќе продолжиме во таа насока. Со поддршка од УЕФА и хет-трик програмата за развој верувам дека уште повеќе ќе ја засилиме соработката со институциите, сѐ со цел развој на фудбалската инфраструктура која ја има клучната улога во развојот на фудбалот.
Драги пријатели,
Додека јас сум претседател на оваа федерација, чесноста и отвореноста ќе бидат особини кои нѐ красат. Вратата на Фудбалската федерација секогаш ќе ви биде отворена.
Дајте Ваш придонес да бидеме горди на репрезентацијата, да бидеме горди на младите селекции, да бидеме горди на нашите клубови, нашите тренери, судии, фудбалски великани.
Денеска е големиот христијански празник – Прочка.
Јас сум муслиман, но и во нашата вера, откако ќе прости, човекот ќе има кроткост, трпение, смирение и човекољубие. Простете ако грешев.
Ви благодарам, ви посакувам здравје и успех.
Спорт
Андов го истакна списокот со фудбалерки за дуелите со Летонија и Косово во рамки на Лигата на нации за пласман на СП 2027

Женската А репрезентација на Македонија на почетокот на април ќе одигра два натпревари против Летонија и Косово во рамките на продолжението од Лигата на нации за пласман на СП. 2027. На 4. април, со почеток во 15. часот ја пречекуваме селекцијата на Летонија.Четири дена подоцна во Приштина играме против Косово, со почеток во 14.часот.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Александар Андов за дуелите со Летонија и Косово, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Евгенија Велјановска – Скопје 2014
Викторија Панчурува – Тиверија Брера
Кристина Павлоска – Раднички Крагуевац, Србија
ОДБРАНА:
Сара Коларовска – Скопје 2014
Ане Бошеска – Тиверија Брера
Павлинка Николовска – Тиверија Брера
Мила Панева – Скопје 2014
Лимани Ихмете – Германија
Викторија Недева – Тиверија Брера
Елена Панеска – Олимпија, Словенија
Бојана Петкова – Полска
СРЕДЕН РЕД:
Маријана Нацева – Дортмунд, Германија
Теона Голабовска – Тиверија Брера
Хава Мустафа – Љуботен
Александра Марковска – Љуботен
Симона Мајер – Израел
Ленче Андрееска – Турција
Рабија Дервиши – Скопје 2014
Наташа Андонова – Мадрид, Шпанија
НАПАД:
Јилза Максути – Турција
Гентијана Рочи – Финска
Меланија Грозданова – Истатов
Јована Павловска – Полска
Во воведното коло на групата 6 од сегментот Ц, Македонија беше поразена од Косово на домашен терен со 4:0, известуваат од ФФМ.
Спорт
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.
Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства.
ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат.
„За вакви нелуѓе нема место во фудбалот“
Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.
ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок.
Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство, велат од ФФМ.
Спорт
Воска поуспешна во Гостивар, Струга ТЛ и Силекс ремизираа, комплетирано 25-то коло од првата македонска фудбалска лига

Комплетирано 25-тото коло на првата македонска фудбалска лига. Резултатите се следни:
Пелистер – Вардар 1:3 стрелци: Керим 10, Закириќ 20 (пенал), Мато 75 и 82 минута – овој меч беше одигран на 29-ти март
Гостивар – Воска 0:2 стрелци: Виноградац 30, Осеи 83 минута.
Шкендија – АП Брера 2:1 стрелци: Ибраими 9 и 61, Ндсегуе 54 (пенал)
Силекс – Тиквеш 1:1 стрелци: Додев 35, Мишов 31 минута
Работнички – Беса 1:0 стрелци: Рушевиќ 55 (пенал)
Струга ТЛ – Шкупи 0:0
-
Хороскоп21 час
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт1 ден
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (31 март)
-
Временска прогноза1 ден
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Македонија4 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија6 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Скопје1 ден
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
-
Македонија1 ден
Убави вести од Министерството за здравство, шест пациенти од трагичниот пожар во Кочани се враќаат дома