Следете не

Спорт

Шампионот Иџе сепак нема да учествува за големата награда на Италија и покрај сите превземени работи нашиот влез е забранет!

Објавено пред

на

Шампионот Иџе:

Направивме се’. До последен момент, очекувавме дека веројатно ќе може да патуваме во Италија и викендов да возам на патеката Муџело.

За жал, денес веќе дефинитивно е јасно, дека на оваа трка нема да учествувам. Направивме се’ што можевме. Покриени се сите трошоците за котизација, со цел да може да обезбедиме учество. Го подготвивме автомобилот кој ги има потребните перформанси за трка. Ја контактиравме амбасадата на Италија. Разгледувавме алтернативи, барајќи можност, до последен момент. За жал, безуспешно.

Нашата земја се најде на списокот на земји, чии граѓани поради пандемијата од коронавирусот, добија забранет влез во Италија.

Верувам дека во следниот период годинава, јас заедно со мојот автомобил и мојот тим, ќе може да бидеме дел од меѓународните тркачки предизвици. Целата енергија и напори ќе ги фокусираме кон ТЦР шампионатите низ Европа. Силно сум убеден дека ќе успееме да бидеме дел од следните трки – стои во неговиот фејсбук статус за јавноста.

Спорт

(ВИДЕО) Првиот човек на Фудбалската федерација во новогодишното интервју одговараше на секаков вид прашања од медиумите

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Претседателот на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ денес премиерно се обрати пред јавноста во своето новогодишно интервју, каде одговараше на новинарските прашања од медиумите ширум Македонија. Интервјуто го водеше г-дин Златко Андоновски.

Првиот човек на Федерацијата одговори на сите прашања, а тие беа поврзани со клупскиот и репрезентативниот фудбал, судиската комисија, ВАР-технологијата, спонзорства, инвестиции, поддршка од државните институции и локалната самоуправа поврзана со инфраструктурата, враќањето на фудбалските великани во „Куќа на фудбалот“

Во продолжение проследете го интервјуто објавено на официјалниот јутјуб канал од Фудбалската федерација на Македонија:

Прочитај повеќе...

Спорт

Станиќ: Во репрезентацијата до 21 година планирам да имплементирам мои методи и принципи на работа во кои цврсто верувам и мислам дека ќе ни дадат резултат

Објавено пред

на

Горан Станиќ се враќа во Фудбалската федерација на Македонија како актуелен тренер на Работнички, а претходно имаше успеси со младинските селекции до 17 и 19 години. Тој доаѓа на местото од Драги Канатларовски кој беше заменет од позицијата селектор на У21.

Фудбалската федерација на Македонија го пренесува: Пред се сакам да се заблагодарам на претседателот и неговиот тим во федерацијата за укажаната доверба. Да се биде предводник на репрезентативен состав само по себе претставува голема чест и привилегија, но оваа функција носи и голема одговорност.

– Многу добро знам што ме очекува и максимално подготвено влегувам во предизвикот. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата и довербата што ја добив. Секој предизвик носи своја тежина. Во мојата кариера секогаш сум бил сериозен, професионален и посветен кон работата, така ќе биде и овој пат, полн со енергија и нови предизвици истакна стратегот Станиќ.

Имав единствена можност да бидам селектор на сите млади генерации од 16 до 19 години. Доживеав прекрасни моменти и имав незаборавно искуство во тој период во кој остваривме два успешни квалификациски циклуси и ја исполнивме поставената цел, пласман во елитната фаза на квалификации, првиот пат со селекцијата до 17 години, вториот со репрезентацијата до 19 години, што секако само по себе претставуваше голем успех и сатисфакција, дополни тренерот.

Повеќе ќе прочитате на официјалниот натпис од Фудбалската федерација на Македонија, ТУКА.

Прочитај повеќе...

Спорт

„Да се потпреме на сите расположливи сили за македонската репрезентација“, новото раководство на ФФМ оствари работен состанок со Благоја Милевски

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ

Новоизбраниот претседател на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ, во придружба со еден од најдобрите наши фудбалски арбитри, спортскиот директор на Националните селекции г-дин Горан Пандев одржаа состанок со првиот човек на фудбалската „А“ репрезентација на Македонија, Благоја Милевски.

Претседателот на федерацијата ја повтори искажаната поддршка за работата на А македонската репрезентација. Со Горан се согласивме дека репрезентацијата секогаш треба да биде над сите нас. Тоа е национален интерес и секогаш ќе биде во прв план. Сите треба да се ставиме во функција на тоа и на Македонија. Се надевам дека ќе имаме добра соработка во интерес на тимот, но и на сите кои ја поддржуваат македонската репрезентација,изјави селекторот на А репрезентацијата – истакна Милевски

Заедно со претседателот Омерагиќ ни беше важно да разговараме отворено со селекторот за сите теми и му благодарам што го сфати она што го сметаме за правилно, а тоа е дека како мала држава мораме да се потпреме на сите расположливи сили и фудбалерите кои имаат квалитет мора да помогнат и со настапи во репрезентацијата. Секако, доколку тоа го заслужуваат. Верувам дека ги решивме сите такви прашања и се радувам на новите предизвици“, заврши Пандев.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили3 часа

Греење и ладење на седиштата: Корисно, но претерувањето може сериозно да го загрози здравјето

Греење и ладење на седиштата: Корисно, но претерувањето може сериозно да го загрози здравјето Самото седење во автомобил, особено за...

Lifestyle3 часа

Кога е најдобро да го земате витамин Д – наутро или навечер?

Витаминот Д, познат како „витамин на сончевите зраци“, е од суштинско значење за здравјето на коските, имунитетот и општата благосостојба....

Магазин3 часа

Како да ја зачувате батеријата на вашиот лаптоп и да го продолжите нејзиниот животен век

Ако забележите дека батеријата на вашиот лаптоп брзо се троши, следете ги овие едноставни совети за да го продолжите нејзиниот...

Магазин3 часа

Вака ќе изгледа Samsung Galaxy S25 во сина боја (ФОТО/ВИДЕО)

Се очекува серијата Samsung Galaxy S25 да биде официјално претставена на 22 јануари, а како што се приближува датумот, се...

Магазин3 часа

Apple се откажува од претплатите за iPhone

Apple одлучи да ги прекине плановите за воведување претплати за уредите со iPhone, пренесува Bloomberg. Компанијата првпат ја разгледа оваа...

Автомобили3 часа

Tesla го забележа првиот годишен пад на испораките во историјата

Оваа вест предизвика пад на цената на акцијата за околу седум отсто. Помали бројки и во Европа Tesla го забележа...

Култура14 часа

Дeнот на очекување на радосната вест, денеска е „БАДНИК“, да се помолиме за здравје, среќа, љубов, мир и благосостојба!

Денес е Бадник, додека истражувачите на овие обичаи истакнуваат дека во почетокот Коледе бил празник поврзан со враќањето на Сонцето...

Македонија15 часа

Вечерва регистриран земјотрес во Македонија, епицентарот бил северозападно од Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за понеделник (6 јануари)

ОВЕН Ви одземаат енергија сите ситуации кои не одговараат на вашиот карактер, кога ќе слушнете кавги и расправии вие само...

Автомобили23 часа

Речиси половина од сите нови автомобили во изминатата 2024 година беа претставени од Кина

Иако 2024 година нема да биде запаметена како особено добра година за автомобилската индустрија, производителите продолжија да пласираат нови производи...

НАЈЧИТАНИ