Кичево
Во Кичево: Спречен обид за кражба во Шпаркасе Банка
По неполни два месеци Шпаркасе банка во Кичево повторно цел на крадци. Обидот за ограбување на банката што се наоѓа во центарот на Кичево се случил пред половина час или околу 14 и 15 часот и пред се благодарение на брзата интервенција на полициските службеници, извршителот на овој обид е приведен и однесен во Полициска станица.
Ова се само првични неофицијални информации, а со целоснa информација, по прибирање на повеќе податоци, ќе излезе и МВР.
Извор: Нова Македонија
Кичево
Се ѐ спремно, вечерва започнува најрадосниот „Хуманитарен Божиќен Базар 2025“ на градскиот плоштад во Кичево
Почитувани, со голема радост како што ви најавивме тука, Ве известуваме токму сега, се ѐ спремно за старт на овогодинешниот „Хуманитарен Божиќен Базар 2025“ позициониран на градскиот плоштад – Кичево. Од денес (четврток) со почеток од 18:00ч, се до после Божик, покрај најубавата елка и најубавиот Божикен украс „Витлеемската Пештера“ – украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град – ќе имаме одлична програма и многу забава.
Денес започнуваме со најинтересните маскоти за најмладата публика, заедно со звуците на нашиот голем пријател, кичевскиот музички промотор DJ „Vix Alex“, а на програмата ќе имаме богата лотарија, разновидни пијачки и храна, додека дечињата од основните училишта во Кичево ќе ни приредат вистинско уживање за успешен старт на „Хуманитарниот Божиќен Базар 2025“
Ве очекуваме вечерва, бидете дел, 18:00ч гратски плоштад – Кичево, така што деновите потоа следат големи изненадувања!!!
Кичево
Традицијата за „Бадникови гранчиња“ во Кичево продолжува, поаѓање во понеделник од пред кичевскиот храм св.Петар и Павле
Почитувани Бадникари и оваа година организираме настан за бадниковото дрво и берење на бадникови гранчиња.
Собирот е предвиден да биде во (понеделник) 06.01.2025 год пред храмот св. Петар и Павле Кичево во 10:00 часот наутро.
За многу години!
Кичево
(ФОТО) Женско е првото родено бебче во кичевската Болница, четврто за големата радост на родителите
Во Кичево денес на прв ден од Новата 2025 година во ЈЗУ Општата Болница – Кичево се роди женско бебе.
Најсреќната мајка Мерита од с.Преглово кичевско на свет донесе свое четврто дете, родено во 17:35ч, со тежина 2800 грама, долго 47 сантиметри, АС 10/10, за нашиот медиум истакна неуморната Директорка, Гинеколог Акушер Д-р Маја Цветановска-Трајкоска која беше секако дел и својата работа ја одработи професионално.
Во знак на почит према родилката, Д-р Цветановска-Трајкоска врачи мал поклон.
Имено, од нашиот медиум упатуваме срдечни честитки, да е живо и здраво новороденчето. И една голема благодарност од сите нас кои на дело сме го виделе ангажманот на гинеколошко-акушерското одделение и целиот тим кои ја работат најблагородната работа на свет, воедно и голема обврска, а тие се чесни, образовани, максимално внимателни доктори, сестри и заслужуваат секаква почит и внимание како од граѓаните така и од институциите и локалната самоуправа!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (3 јануари)
-
Кичево1 ден
Се ѐ спремно, вечерва започнува најрадосниот „Хуманитарен Божиќен Базар 2025“ на градскиот плоштад во Кичево
-
Кичево2 дена
Традицијата за „Бадникови гранчиња“ во Кичево продолжува, поаѓање во понеделник од пред кичевскиот храм св.Петар и Павле
-
Хроника13 часа
Пронајдено исчезнатото тело на мажот по кое се трагаше во реките на Вардар
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за сабота (4 јануари)
-
Lifestyle2 дена
Како храна и лоши навики го оштетуваат црниот дроб повеќе од алкохолот
-
Магазин2 дена
Не можам да престанам да скролам по телефонот: Шокантни податоци за мобилната зависност
-
Хроника17 часа
МВР истакна повеќе детали за страшната трагедија во река Вардар