Иако често мислиме дека нема да почнеме да ја губиме меморијата додека не наполниме 70 или 80 години, но тоа и докторски е едноставно не точно. Сигурно не треба да паничиме, бидејќи голем дел од нашето когнитивно здравје го одредуваат исхраната и животните навики.
Можеме да ја подобриме и меморијата на мозокот со здрав начин на живот кој вклучува редовно вежбање, доволно квалитетен сон, намалување на стресот и здрава исхрана, а овие намирници се најдобри кога станува збор за подобрување на здравјето на мозокот, како и на когнитивните способности.
Цвекло
Цвеклото е одлична намирница за подобрување на помнењето на луѓето постари од 40 години. Оваа храна е многу богата со состојки кои помагаат во спречување на предвремено стареење на мозокот и губење на меморијата со тоа што го штитат од оксидативен стрес и воспаление.
Цвеклото може да го зголеми и протокот на крв во мозокот, а подобрата циркулација на крвта значи и подобро функционирање, односно подобра меморија и подобри когнитивни способности.
Риба
Мозокот користи омега-3 масти за да изгради мозочни и нервни клетки, кои се неопходни за учење и меморија. Од таа причина, видовите риби кои се полни со омега-3 масти како лососот, пастрмката и туната се на врвот на листата на намирници корисни за функционирањето и здравјето на мозокот.
Ленено семе
Ленените семиња не само што се одличен извор на протеини и влакна, туку се одлични и за подобрување на меморијата. Лененото семе е богато со посебна омега-3 масна киселина: алфа-линоленска киселина (АЛА). Овие масни киселини во телото се претвораат во EPA и DHA: две многу важни омега-3 за здравјето на мозокот.
За да постигнете најголеми здравствени придобивки за организмот, сомелете ги семките кои потоа можете да ги користите за пр. тесто за здрави палачинки, колачи, смути…
Бадеми
Експертите истакнуваат дека здравите масти од јаткастите плодови и семките се клучот за зачувување на здравјето на мозокот и подобрување на меморијата. Бадемите се многу богати со мононезаситени масти, кои не само што помагаат во намалување на холестеролот, туку можат да ги подобрат и когнитивните функции.
Претходно, една студија во која учествуваа 480 жени покажа дека оние кои консумирале повеќе мононезаситени масти во текот на 3 години имале помал когнитивен пад.
Брокула
Брокулата е многу корисна за здравјето на мозокот и когнитивните способности, богата е со сулфорафан, кој е антиоксиданс и помага во борбата против воспалението, а откриено е дека хроничното воспаление доведува до губење на меморијата и намалување на здравјето на мозокот. Покрај тоа, брокулата е полна со влакна, што е многу важно за намалување на ризикот од одредени видови на рак, како и за одржување на здрава тежина.
Маслиново масло
Наместо путер или растително масло, посегнете по маслиново масло за зајакнување на когнитивните способности и подобрување на здравјето на мозокот. Маслиновото масло е богато со здрави масти и антиоксиданси наречени полифеноли, кои помагаат во заштитата на нашите мозочни клетки од оксидативен стрес и оштетување.
Обидете се да го користите колку што е можно кога готвите зеленчук или месо или додадете го во салата. Изненадувачки, можете да користите и маслиново масло за да подготвите фини десерти како колачи со лимон.
ФОТО: Mehran B / pexels
Извор: vesti-online.com