Здравје и убавина
Со правилна исхрана може да го спречите опаѓањето на косата
Опаѓањето на косата е многу чест проблем кај машката популација, но и жените исто така патат од овој проблем.
Правилната исхрана богата со витамини В, С и Е се смета за многу важна за здрава коса. Минералите како цинк, железо и магнезиум како и Омега 3 масните киселини ја помагаат ревитализацијата на косата.
Семињата од тиква се наоѓаат на врвот на листата за здрава храна богата со цинк. Бројните истражувања покажале дека недостатокот на овој минерал е поврзан со хипотирезата, со успорената работа на штитните жлезди и губитокот на косата. Поради тоа грицкајте семки од тиква ако сакате здрава коса која не паѓа.
Рибата е богата со здрави масни киселини Омега 3, како на пример лосос и туна, а тие го намалуваат и воспалението на организмот, а при тоа влијаат на квалитетот на косата и нејзиниот раст.
Зелен чај е моќен напиток кој помага за брзо и ефикасно исфрлање на токсините од организмот. Тој содржи антиоксиданти кои позитивно влијаат на косата. Секојдневно пијте барем по една чаша топол зелен чај.
Ленено семе, чија и коноп се вбројуваат во суперхраната богата со здрави масти кои се важни за нега на влакната.
Продуктите богати со витамин А и С помагаат за подобра апсорбција на железото, а влијаат и на подобро лачење на себумот – супстанца која ја произведуваат жлездите во кожата на главата. Себумот ја подмачкува косата и ја штити кожата.
Здравје и убавина
Ако имате вишок холестерол, ова би бил вашиот појадок
Ако имате висок холестерол, тогаш некој, барем еднаш во животот ќе ви каже – не јадете јајца. Како резултат на тоа, можеби сте биле повеќе склони кон лош избор на појадок без да го сфатите тоа, вели нутриционистот Џен Волпол. Тој додава дека многу луѓе се прилично збунети кога е во прашање контролата на високиот холестерол, особено кога станува збор за појадокот.
Опциите како гранола, различни видови каша со мед или енергетски шипки добро функционираат, но не и ако имате висок холестерол. Според нутриционистот, сите три оброци се полни со јаглехидрати кои брзо се разградуваат на гликоза и предизвикуваат скокови на шеќерот во крвта. На тој начин се ослободува инсулин кој го поттикнува создавањето на густи честички на лошиот ЛДЛ холестерол.
– „Наместо тоа, изберете опции богати со омега-3 масни киселини, за кои е познато дека го зголемуваат ХДЛ, добриот холестерол и потенцијално го намалуваат ЛДЛ холестеролот. Лососот, авокадото, оревите и чиа семето се одличен избор. Спротивно на популарното верување, јајцата се исто така добра опција „Тие содржат добри масти, протеини и холин, хранлива материја која поддржува здрав трансфер на холестерол“, заклучува нутриционистот.
Постојат бројни намирници кои помагаат во намалувањето на мастите, а научниците издвоиле три кои имаат најсилно дејство. Тоа се грав, модар патлиџан и артишок.
Влакна, протеини, хлорогена и фолна киселина, огромна количина на корисни минерали во составот на оваа храна помагаат да се намали нивото на вкупниот холестерол во плазмата и да се намали количината на липопротеини со мала густина.
/b92.net
Здравје и убавина
Научници откриле дека компирот содржи молекули кои го лекуваат чирот на желудник
Научниците откриле дека компирот содржи единствени антибактериски молекули кои го лекуваат чирот на желудникот. Чир на желудникот може да се третира само со компири, тврдат истражувачите од Универзитетот во Манчестер. Со оглед на необичното откритие, членовите на микробиолошкиот тим очекуваат супстанцијата која ја нарекоа “компиров сок” во догледно време да се најде во производство како диететски суплемент.
Неколку видови на компири се истражени и патентиран е процесот на цедење на гореспоменатите антибактериски молекули.
При испитувањето се откри дека бактериите во стомакот не можат да развијат отпорност на „компировиот сок“, за разлика од антибиотиците кои создаваат одреден отпор. Покрај тоа, препорачаниот додаток не предизвикува никакви несакани ефекти.
Извор: zdravjeizivot.mk
Здравје и убавина
За поздраво срце, најдобро е да вежбате подоцна наутро
Во споредба со поединците кои биле поактивни во средината на денот, оние кои биле најактивни наутро помеѓу 8 и 11 часот имале 11 до 16 отсто помал ризик од развој наа срцева болест. Кај жените ризикот е намален за 22 до 24 отсто.
За 17 отсто помал ризик од развој на мозочен удар бил забележан кај утринските вежбачи, а кај жените овој процент бил 35 отсто.
Резултатите беа објавени во European Journal of Preventive Cardiology.
„Добро е познато дека вежбањето е добро за срцето, а нашата студија покажува дека утринската активност е најкорисна за ова“, вели еден од авторите на студијата, Гали Албалак од Медицинскиот универзитетски центар во Лајден, Холандија.
„Резултатите се особено изразени кај жените, а се однесуваат и на ранобудниците и ноќните птици.
Сите учесници во студијата, 86.000 од нив, биле на возраст меѓу 42 и 78 години. Просекот бил 62 години. На почетокот на истражувањето тие не боледувале од кардиоваскуларни заболувања, но во просек биле дебели.
Нивната физичка активност била следена секој ден од февруари 2013 до 2015 година со помош на монитори за зглобови.
Научниците потоа ги следеле шест до осум години, до нивниот прв прием во болница или смрт поврзана со срцеви заболувања или мозочен удар.
Во тој период речиси 3.000 од нив развиле артериска болест, а речиси 800 од нив доживеале мозочен удар. Испитаниците кои биле физички активни помеѓу 8 и 11 часот имале најмал ризик од двете состојби, покажа студијата.
„Ова е набљудувачка студија, па не можеме да објасниме зошто врската е поизразена кај жените“, истакна Албалак. „Резултатите од нашето истражување се дополнителен доказ за здравствените придобивки од физичката активност и укажуваат дека утринската активност, особено доцните утрински активности, е најкорисна.
Лекарите препорачуваат возрасните да вежбаат умерено од 150 до 300 минути неделно, или 75 до 150 минути ако го прават тоа поенергично.
-
Кичево19 часа
(ВИДЕО) Ново име на музичката сцена, кичевчанецот Христијан Трајаноски ја преработи „Само за тебе“ од доајенот на македонската народна песна Круме Спасовски
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за петок (15 ноември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (14 ноември)
-
Временска прогноза1 ден
Започнаа врнежи од дожд, на повисоките места истото ќе премине во снег, ова се денешните детали
-
Спорт24 часа
Младата репрезентација на Македонија до 18 години на тренинг камп во Кичево, каде ќе одиграат и контролен меч против тимот на Арсими
-
Македонија2 дена
СВР Охрид вчера одржа состанок со надлежни субјекти по повод зимската сезона
-
Временска прогноза3 часа
Викенд временска прогноза, ќе имаме и сонце но ќе биде ладно
-
Магазин2 часа
Google Maps брише сè: Имате уште малку време, еве како да ги зачувате вашите податоци