Следете не

Кичево

Четврток во Кичево: Презентација за соларна енергија, проект за сончеви покриви, под мотото „Сонцето нека ги плаќа нашите сметки“

Објавено пред

на

Овој четврток на 28.03.2019 во „Хотел Кичево“ со почеток од 13:00 часот кичевчани за прв пат ќе имаат можност да дознаат нешто повеќе за сончевите покриви.

Презентацијата ќе биде од информатен карактер која ќе ја води дипломираниот ел. инж. г-дин Звонко Маркоски – Експерт за фотоволтаични системи.

Фирмата Сието овој проект годинава ќе го стартува под името „10.000 сончеви покриви“ така што, при користење на своите производи гарантира добра заштеда на пари во вашето домаќинство.

Бидете дел од панел дискусијата во покровителство на Спикомп Кичево, бидејќи време е да уживате од енергијата преку вашиот покрив, користејќи го сонцето како природен ресурс – „Сонцето нека ги плаќа нашите сметки

Кликнете присуствувам на официјалниот настан на социјална мрежа.

Кичево

Се ѐ спремно, вечерва започнува најрадосниот „Хуманитарен Божиќен Базар 2025“ на градскиот плоштад во Кичево

Објавено пред

на

©porta.mk

Почитувани, со голема радост како што ви најавивме тука, Ве известуваме токму сега, се ѐ спремно за старт на овогодинешниот „Хуманитарен Божиќен Базар 2025“ позициониран на градскиот плоштад – Кичево. Од денес (четврток) со почеток од 18:00ч, се до после Божик, покрај најубавата елка и најубавиот Божикен украс „Витлеемската Пештера“ – украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град – ќе имаме одлична програма и многу забава.

Денес започнуваме со најинтересните маскоти за најмладата публика, заедно со звуците на нашиот голем пријател, кичевскиот музички промотор DJ „Vix Alex“, а на програмата ќе имаме богата лотарија, разновидни пијачки и храна, додека дечињата од основните училишта во Кичево ќе ни приредат вистинско уживање за успешен старт на „Хуманитарниот Божиќен Базар 2025“

Ве очекуваме вечерва, бидете дел, 18:00ч гратски плоштад – Кичево, така што деновите потоа следат големи изненадувања!!!

Прочитај повеќе...

Кичево

Традицијата за „Бадникови гранчиња“ во Кичево продолжува, поаѓање во понеделник од пред кичевскиот храм св.Петар и Павле

Објавено пред

на

©porta.mk

Почитувани Бадникари и оваа година организираме настан за бадниковото дрво и берење на бадникови гранчиња.

Собирот е предвиден да биде во (понеделник) 06.01.2025 год пред храмот св. Петар и Павле Кичево во 10:00 часот наутро.

За многу години!

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Женско е првото родено бебче во кичевската Болница, четврто за големата радост на родителите

Објавено пред

на

©porta.mk

Во Кичево денес на прв ден од Новата 2025 година во ЈЗУ Општата Болница – Кичево се роди женско бебе.

Најсреќната мајка Мерита од с.Преглово кичевско на свет донесе свое четврто дете, родено во 17:35ч, со тежина 2800 грама, долго 47 сантиметри, АС 10/10, за нашиот медиум истакна неуморната Директорка, Гинеколог Акушер Д-р Маја Цветановска-Трајкоска која беше секако дел и својата работа ја одработи професионално.

Во знак на почит према родилката, Д-р Цветановска-Трајкоска врачи мал поклон.

Имено, од нашиот медиум упатуваме срдечни честитки, да е живо и здраво новороденчето. И една голема благодарност од сите нас кои на дело сме го виделе ангажманот на гинеколошко-акушерското одделение и целиот тим кои ја работат најблагородната работа на свет, воедно и голема обврска, а тие се чесни, образовани, максимално внимателни доктори, сестри и заслужуваат секаква почит и внимание како од граѓаните така и од институциите и локалната самоуправа!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево1 час

Се ѐ спремно, вечерва започнува најрадосниот „Хуманитарен Божиќен Базар 2025“ на градскиот плоштад во Кичево

Почитувани, со голема радост како што ви најавивме тука, Ве известуваме токму сега, се ѐ спремно за старт на овогодинешниот...

Lifestyle5 часа

Како храна и лоши навики го оштетуваат црниот дроб повеќе од алкохолот

Иако многумина сметаат дека алкохолот е главната причина за оштетување на црниот дроб, постојат намирници и навики кои може да...

Lifestyle5 часа

Се појавува нова генерација: Бета ја започнува ерата на 2025 година

Со влегувањето во 2025 година, се дефинира нова генерациска етикета — Generation Beta. Оваа генерација ќе ги вклучува луѓето родени...

Lifestyle5 часа

Метеорски дожд на почетокот од јануари: Како да го набљудувате

Првиот метеорски дожд во 2025 година ќе го достигне својот врв на 3 јануари. Новата година започнува со спектакуларниот метеорски...

Магазин5 часа

Како да ја заштитите вашата Wi-Fi мрежа: 7 едноставни совети за поголема безбедност

Во денешно време, кога сѐ повеќе уреди се поврзани на интернет, силната заштита на вашата домашна Wi-Fi мрежа е неопходна...

Магазин5 часа

YouTube воведува нова функција: „Play Something“

YouTube започна со тестирање на нова функција наречена „Play Something“, дизајнирана да им помогне на корисниците побрзо да го изберат...

Магазин5 часа

Промени во резултатите од пребарувањето на Google низ Европа

Google ќе мора да ги адаптира резултатите од пребарувањето за да се усогласи со регулативите од Законот за дигитален пазар...

Магазин7 часа

Apple прави голема промена: Нема да се вика iPhone SE  

Оваа година се очекува Apple да го претстави новиот iPhone SE, според бројни гласини кои кружат последните месеци. Последен пат...

Магазин7 часа

Не можам да престанам да скролам по телефонот: Шокантни податоци за мобилната зависност  

Во дигиталната ера, мобилните телефони станаа составен дел од нашите животи, но дали сме преминале граница кон зависност? Според истражувањето...

Кичево8 часа

Традицијата за „Бадникови гранчиња“ во Кичево продолжува, поаѓање во понеделник од пред кичевскиот храм св.Петар и Павле

Почитувани Бадникари и оваа година организираме настан за бадниковото дрво и берење на бадникови гранчиња. Собирот е предвиден да биде...

НАЈЧИТАНИ