Македонија
Среќна вест од Велес: Пронајдена 29-годишната девојка која беше исчезната вчера во животна опасност

Велешанката А.С (29) која од вчера попладне се оддалечила од нејзиниот дом и по која трагаше нејзиното семејство утрово околу 9,30 беше пронајдена од полицијата по непознат телефонски повик од жена, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Девојката била извадена од провалија со помош на пожарникарите, кои го расчистувале патот и ја извлекувале. Од медицинската екипа на Брза помош на лице место и дало прва помош, а потоа итно била пренесена во велешката Општа болница.
Таа денеска беше во Хирушкото одделение при велешката болница во добра и стабилна состојба вон животна опасност.
Oд портпаролот на ЈЗУ Општа болница д-р Весна Неделковска Николова таа е во стабилна и вон животна опасност, но по направената компјутерска томографија доцна попладнево биле констатирани повеќе скршеници на телото – политрауматски повреди: скршеница на вратни прешлени, на клучна коска и на карлица и затоа тимот на лекари од Хирушкото одделение донел одлука попладнево во 17,30 часот со возило на Итна помош од велешката болница девојката да биде пренесена на понатамошно лекување во Клиниката за трауматологија во Скопје.
Како што информира д-р Стархил Тодоров од Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес утрово во 09:45 часот бил примен бил повик во Службата за итна медицинска помош од страна на дежурен полициски службеник дека во близина на браната на велешкото езеро „Младост“ пронајдено е едно повредено женско лице.
–Наша дежурна екипа веднаш се упати на местото на настанот. Дежурниот лекар при прегледот на повредената утврди дека истата е свесна, контактибилна, ориентирана, со повеќе телесни повреди на телото. По имобилизацијата, повредената со помош на пожарникарите, поставена на даска за спасување е извадена од клисурата под браната на езерото „Младост“ и со амбулантно возило и дежурната медицинска екипа е транспортирана на Ургентниот центар при ЈЗУ Општа болница – Велес, со цел натамошни прегледи и утврдување на степенот на телесните повреди,појасни др Тодоров.
Според информацијата од СВР Велес, 29 годишната А.С вчера попладнето околу 16 часот била пријавена од нејзината сестра во Полициската станица во Велес како исчезната, а по што започнала потрагата од страна на полицијата.
Портпаролот на СВР Велес ,Додевски ни изјави дека полицијата сепак ќе истражува како девојката се нашла на дното на провалијата.
Лекарите велат дека била пронајдена смрзната по ладната ноќ ,а изјавила дека ја плашело завивањето на шакалите во нејзина близина.
Како што информира портаролот на ЈЗУ Општа Болнива Велес д-р Весна Неделковска Николова со девојката по пронаоѓањето денеска во велешката болница разговарал и психијатар, а на кој девојката му изјавила дека само била премрзната.
/kurir.mk
Македонија
Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“

Патна информација до сите кои патуваат преку планинскиот превој „Стража“, особено да внимаваат затоа што има намалена видливост поради појава на магла – 50-80м, додека сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози.
Патувајте безбедно, почитувајќи ја поставената патна сигнализација и прилагодување на возилата према условите на патот.
Пријатен пат!
Македонија
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано оддделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., Д.Д., Н.М., С.С., З.Т. и Д.Т., сите вработени во Единицата за брзо распоредување, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’ казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавените, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, искористувајќи го стекнатото право за надомест на патни трошоци, поради тоа што по лична карта се воделе со место на живеење надвор од Скопје, ја злоупотребиле службената положба на начин што примале парични средства од Министерството за внатрешни работи за денови во кои не патувале од своето место на живеење до работното место во Скопје и обратно, со што во периодот 01.12.2023 до 17.09.2024 го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи во вкупен износ од 1.098.120 денари.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за пријавените полициски службеници ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, предмалку информира МВР.
Македонија
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.
-
Хороскоп2 дена
Месечен Хороскоп (април)
-
Временска прогноза1 ден
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за среда (2 април)
-
Македонија1 ден
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија1 ден
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Македонија1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Во Манастирот Рајчица одекна новиот „Благовесник“
-
Кичево2 часа
Во сабота на кичевското „Китино Кале“ ќе се одржи забавна и едукативна сликарска сесија за деца и тинејџери, кои ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирира уметноста низ историјата
-
Хроника12 часа
ОВР Крива Паланка приведе три лица, се сомничат за убиство на 84 годишен старец, најден закопан во близина на живеалиште