Следете не

Спорт

Стефановски за 101 секунда го нокаутира Михаила и стана светски првак во К-1! (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Македонскит борач Даниел Стефановски направи голем подвиг и стана светски првак во К-1 на суперкомбат.

Тој до светската титула дојде на супер-убедлив начин откако за 101 секунда го нокаутира Аделин Михаила од Романија во борбата која се одржа во Букурешт, Романија.

Погледнете како македонскиот ас го оствари најголемиот успех во кариерата: 

Спорт

Масар Омерагиќ со 62 гласа и нути еден против избран за нов претседател на ФФМ

Објавено пред

на

Во “Хилтон” денес се одржа вонредното собрание на ФФМ, каде единствен кандидат беше г-дин Масар Омерагиќ, со мандат до 2025 година, кога ќе се одржи Редовно годишно собрание.

– Врвните фудбалски имиња ќе бидат повторно дел, систем за подобрување на младинските категории, женскиот фудбал. Ветувам чесност, транспарентност, максимална, ќе се заложам за фудбал, за јавноста истакна Омерагиќ.

Од тука, нашиот медиум упатува срдечни честитки, за поголеми успеси и плодна работа!

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонската футсал селекција одигра нерешено против Андора на домашен терен

Објавено пред

на

©ФФМ

Футсал А репрезентацијата на Македонија одигра нерешено 1:1 против селекцијата на Андора на домашен терен во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2026 година. Нашата најдобра футсал репрезентацијата во спортската сала „Јане Сандански” не успеа да ја оправда фаворитската улога и одигра само нерешено против аутсајдерот во нашата група.

Првиот погодок на денешната средба го постигна Петровиќ во 33. минута и ја доведе Македонија во позитива. Футсалецот погоди по асистенција на Рамадан, но радоста траеше кратко.

Противникот веднаш возврати и преку Жозеп Сегура го изедначи резултатот. Македонија во претходното коло се соочи со фаворитот во групата, Холандија и на гостински терен забележа пораз со 4:2, известува Фудбалската федерација на Македонија.

Прочитај повеќе...

Спорт

Вчера во ФФМ се одржа работилница за финансиски критериуми во клупско лиценцирање

Објавено пред

на

©ФФМ

Вчера во „Куќата на фудбалот“ се одржа работилница за финансиските критериуми во процесот на клупско лиценцирање, која беше организирана со цел да ги информира и едуцира сите вклучени субјекти во процесот на лиценцирање на клубови.

Работилницата се одржа во присуство на финансиски директори, сметководители и ревизори кои се дел од клубовите кои аплицираат за лиценца.

Целта на работилницата беше да се обезбедат детални информации и практични насоки за тоа како клубовите можат да ги исполнат финансиските критериуми потребни за успешна апликација за клупска лиценца. Присутните имаа можност да ги разгледаат најновите прописи и регулативи кои се однесуваат на финансиската стабилност, транспарентност и одржливост на клубовите.

Теми на работилницата беа:

Основи на финансиските критериуми за клупско лиценцирање:

Преглед на клучните финансиски стандарди што клубовите мора да ги исполнат, како што се ликвидност, профитабилност и одржлива финансиска структура

.Прописи за финансиски извештаи и документи:

Детален преглед на финансиските документи што се бараат при апликацијата за лиценца, вклучувајќи годишни извештаи, ревизии и други релевантни извештаи.

Преглед на најчести финансиски грешки и проблеми:

Анализа на најчестите грешки кои се појавуваат при подготовката на финансиските извештаи и како тие можат да се избегнат.

Презентација на системи за ревизија и контрола:

Како клубовите можат да воведат подобри процеси за финансиска контрола и ревизија за да ги задоволат барањата на лиценцирањето.

Работилницата се состоеше од теоретски дел, каде што учесниците беа запознаени со законските рамки и правилници, при што присутните имаа можност да дискутираат на овие теми. Оваа интерактивна форма овозможи поблиска комуникација помеѓу учесниците и експертите, што значително ја подобри размената на искуства и знаења.

Работилницата беше од големо значење за учесниците, кои добија практични совети и препораки за подобрување на финансиското управување во клубовите. Присутните се согласија дека најголемиот предизвик за клубовите е да ги исполнат финансиските критериуми, особено во периоди на економски предизвици.

Одделението за лиценцирање при ФФМ најави дека работилници од овој тип ќе продолжат и во иднина, со цел да се овозможи поддршка на клубовите кои аплицираат за клупска лиценца и размена на знаења и искуства, за јавноста истакнаа од Фудалската федерација на Македонија

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија6 часа

Забрана за тешки товарни возила Пресека, Кичево-Гостивар, Дебар-Маврово

АМСМ предмалку соопшти дека воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци: Дебар – Маврово Охрид...

Македонија7 часа

ЈП Македонија Пат состојба на патиштата до 12:00ч

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци...

Автомобили8 часа

Најбезбедни автомобили во Европа: Листата за 2024 година

Во текот на 2024 година, EuroNCAP спроведе безбедносни тестови за вкупно 41 автомобил, од кои повеќето добија високи оценки за...

Магазин8 часа

Apple Watch ќе добие 5G поврзување

Apple планира значителна надградба на своите Apple Watch модели со воведување на 5G конекција, со што ќе се оттргне од...

Магазин8 часа

YouTube ја интегрира вештачката интелигенција за автоматско синхронизирање

YouTube воведе нова функција за автоматско синхронизирање на гласови со помош на вештачка интелигенција (ВИ), со што ќе овозможи превод...

Магазин8 часа

Албанија го забрани TikTok на една година

Албанскиот премиер, Еди Рама, потврди дека неговата земја ќе воведе едногодишна забрана за TikTok, почнувајќи од 2025 година. Одлуката, според...

Магазин8 часа

Instagram воведе нова функција: Закажување пораки и празнични ефекти

Instagram воведе функција што ќе им се допадне на корисниците: можност за закажување пораки. Оваа новина ја откри експертот за...

Автомобили8 часа

Каде да се постават синџирите за снег на возила со погон на четири тркала?

Поставувањето на синџири за снег на автомобили со погон на сите тркала не е едноставно прашање поради различностите меѓу системите....

Временска прогноза11 часа

Најавениот влажен продор кој носи снег и дожд пристигнува…

Нов продор на ладен воздух и формирање циклон во областа на северен Јадран. Овој атмосферски систем со низок притисок, циклонска...

Временска прогноза19 часа

Западните и северозападните делови од Македонија утрово под продор на ладен и влажен воздух кој носи снежни врнежи

Нов продор на ладен воздух и формирање циклон во областа на северен Јадран. Овој атмосферски систем со низок притисок, циклонска...

НАЈЧИТАНИ