Здравје и убавина
Истражувачи откриле што ја намалува плодноста на жената во староста
Според најново истражување, природната плодност на жената флуктуира помеѓу издигнувања и падови во форма на инверзна U-крива делумно поради природните грешки во хромозомите на човечките јајце клетки.
За да разбереме што тоа значи, мора прво да се осврнеме на основната репродуктивна биологија. За разлика од мажите чија сперма почнува да се формира кога ќе навлезат во пубертет, жените се родени со јајце клетки кои ќе ги имаат во текот на целиот свој живот, а кои се несозреани сè додека личноста нема менструален циклус.
Кога тие се „заспани“, еден вид на молекуларно лепило ги држи нивните хромозоми заедно. Подоцна, кога созреваат, хромозомите се двојат, но колку што жената е постара, толку е поголем ризикот тој „лепак“ предвремено да ослабе.
Со испитување на 3000 јајце клетки од девојчина и жени на возраст од 9 до 43 години, истражувачите од универзитетот во Копенхаген откриле дека оние на тинејџерите и на жените во нивните 30-ти и постари имале хромозомни грешки, или анеуплоидија, кои „резултираат со геномска нерамнотежа и губиток на бременоста“. И во двата случаи, хромозомните грешки ја зголемувале шансата јајце клетките да бидат исфрлени без оплодување, и функционирале како еден вид на „молекуларен часовник“, осигурувајќи се дека само најдобрите од нив ќе бидат оплодени.
Кога тинејџерите созреваат во жени во нивните 20-ти, нивните јајце клетки стануваат поздрави и хромозомните грешки исчезнуваат. Но, како што наследниот материјал кој го има во „лепакот“ почнува да се распаѓа, се појавуваат хромозомни грешки кои можат да доведат до Даунов синдром кај новороденчињата, или до неплодност кај постарите жени.
На истражувачите уште не им е целосно јасно зошто плодноста го има овој циклус, но имаат две теории. Од едната страна е старосниот спектар, со што самиот организам ги спречува младите девојки да затруднат пред нивните тела да се целосно развиени (на пр. да имаат пошироки колкови за породување), а од другата страна е „хипотезата на баба“, каде жените ја губат способноста за репродукција за да можат да ги подржуваат другите жени и деца во нивната фамилија или социјален круг.
Истражувачите сметаат дека што поголемото разбирање како функционира женската плодност може да им помогне на лекарите како да ја третираат и да даваат совети во врска со неплодноста.
Здравје и убавина
На колку време треба да се менува четката за заби?
„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!
Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.
И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.
Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.
Извор: denar.mk
Здравје и убавина
Како да направите диетален домашен сок од ананас
Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.
Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.
Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…
Состојки:
– 1 ананас
– 1 лажица ленено масло
– 2 дл. Ладна вода
– малку сок од лимот или лимета
Подготовка:
Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.
Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.
Извор: денар
Здравје и убавина
Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата
Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.
Состојки:
– 2 литри обична природна вода
– 1-2 големи портокали
– 3 киви
– 5 јагоди
– сок од половина лимон или лимета
Начин на подготовка:
Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.
Извор: денар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (4 јануари)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за недела (5 јануари)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Вчерашниот ден на „Хуманитарниот Божиќен Базар“ во Кичево помина прекрасно, вечерва не го пропуштајте спектакуларниот „Детски Воз“ и богатата музичка агенда
-
Македонија2 дена
Поради снег, воведена забрана за тешки товарни возила на превој Стража и Дебар-Маврово
-
Македонија1 ден
Д-р Бакрачески ќе биде дополнително ангажиран како консултант во кардиолошкиот оддел на болницата „Плодност“, но останува посветен и во „Специјалната болница за кардиоваскуларни болести“ – Охрид
-
Кичево7 часа
Утре во Кичево заедно со дечињата да ја направиме најголемата „Бадникова поворка“ која некогаш се случила, силно и гласно да го најавиме Христовото раѓање
-
Lifestyle1 ден
Која храна го намалува шеќерот во крвта
-
Lifestyle1 ден
10 Навики за Ефикасна Детоксикација – Без Потреба од Строги Диети