Магазин
ШТО ВЕЛАТ МАКЕДОНСКИТЕ ЛЕКАРИ: На колку години ја губиме желбата за секс (ФОТО)
Сигурно секој од вас барем еднаш си го поставил прашањето „На колку години ќе ја изгубам желбата за секс“?
На луѓето не им е толку јасно како се губи желбата за сексуални односи и на колку години се случува тоа. Општо познато е дека мажите се тие што први се соочуваат со дисфункција на половиот орган.
И токму поради овој „проблем“, голем број од припадниците на посилниот пол во поодминатите години се решаваат да ги консумираат популарните таблети „вијагра“, кои им помагаат во сексуалниот живот.
Телеграф разговараше со проф. д-р Чедомир Димитровски, специјалист ендокринолог од клиниката „Аџибадем Систина“, кој вели дека причините за намалено либидо и потенција може да бидат психогени, органски или и едното и другото.
– Што се однесува до органските причини, кои се резултат на хормонален дисбаланс, тука спаѓаат следниве:
– Адисонова и Кишингова болест – се работи за намалена, односно зголемена функција на надбурежните жлезди. Може да биде причина за сексуална дисфункција и кај мажите и кај жените.
– Високи вредности на хормонот пролактин исто така може да бидат причина за намалено либидо и потенција и кај двата пола. Обично се работи за тумор на хипофизата.
Дисфункција на јајчниците, особено кога опаѓа нивната функција (во перименопаузата и менопауза), е причина за намалена сексуална желба кај жените. Хипогонадизамот кај мажите (намалено лачење на тестостерон) честопати е причина за намалено либидо и еректилна дисфункција. Намалена функција на тироидната жлезда честопати доведува до намалено либидо и потенција. Обратно, нејзината зголемена функција може да ги зголеми либидото и потенцијата – објаснува Димитровски и појаснува дека лошо регулираниот дијабетес е честа причина за еректилна дисфункција кај мажите.
Според едно истражување направено и во Европа и во Америка, а во кое учествувале околу1.000 жени, 30, односно 50% од жените имаат долг период без сексуален нагон.
Жените можат да останат без сексуален нагон на која било возраст, а причини за тоа се раѓање дете или менопауза.
Побаравме мислење и од д-р Владимир Ортаков, невропсихијатар во клиниката „Аџибадем Систина“. Познатиот доктор вели дека нема правило во однос на времето на престанок на желбата за сексуални односи, исто како што нема правило ниту во однос на разликите на тој план зависно од полот.
– Нормално, со текот на годините либидото (т.е. желбата) и потенцијата постапно се намалуваат заедно со намалувањето на активноста на хормоните. Гледано од психолошки аспект, либидото, земено во поширока смисла, никогаш не згаснува целосно. Тоа не значи дека луѓето во своите 90-ти години имаат конкретна желба за генитални сексуални односи (што секако и не е исклучено), туку дека „духот“ на сексуалноста постои до крајот на животот – вели Ортаков.
На прашањето на колку години ја изгубила сексуалната желба, добиваме одговор и од една возрасна госпоѓа која од разбирливи причини не сакаше да го открие својот идентитет.
– Имам 67 години, но да бидам искрена, се случува со сопругот понекогаш да имаме односи. Се разбира, не е исто како пред 20-30 години, но желбата сè уште постои кај двајцата – вели таа.
Технологија
nVIDIA отвора центри за податоци во Виетнам, а со договорот за соработка купен бил и здравствениот стартап „WinBrain“
Nvidia отвора центри за податоци во Виетнам. Nvidia и виетнамската влада заеднички основаат центри за истражување и развој на вештачка интелигенција и центар за податоци за вештачка интелигенција во таа земја. Потпишан е меморандум за заедничка соработка. По низа состаноци, Виетнам и Nvidia успеаја да се договорат и да ја формираат рамката на заедничка соработка.
Nvidia објави и дека го купила здравствениот стартап „WinBrain“, но дека ова купување не е поврзано со договорот за заедничка соработка.
Засега не се познати финансиските детали од овој договор, ниту пак деталите за планираната градба. Единствено што е претставено во јавноста е дека центрите за податоци и истражување ќе се напојуваат со чиста енергија. Бидејќи Виетнам нема многу развиена инфраструктура поврзана со користење на обновливи извори на енергија, се шпекулира дека Nvidia значително ќе инвестира во развојот на оваа форма на енергија.
Владата на Виетнам посочи дека благодарение на ваквите договори земјата ќе може да се најде на пазарот на иднината – микрочипови, пренесува Ројтерс.
Мобилни уреди
Дали Apple ќе се одлучи за новиот модел „iPhone Air“ кој практично би бил по тенок во дизајн
Следната година Apple планира да направи промени во телефонската линија. Според досегашните информации, Apple наводно ќе го замени iPhone Plus со моделот iPhone 17 Air, кој би требало да биде многу тенок уред и би можел да има само една камера на задната страна.
Новите извештаи сугерираат дека iPhone 17 Air сега влезе во процес на масовно производство. Тоа е првиот чекор на патот кон производството и вклучува соработка помеѓу Apple и добавувачите за обработка на изводливоста на дизајнот и методите на производство кои ќе бидат потребни за склопување на уредот.
Исто така, потребно е да се осигура дека планираниот производствен пристап е исто така практичен. Во оваа фаза сè уште може да се појават мали промени во дизајнот. После тоа, има мало тест производство за да се осигура дека сè оди според планот.
Засега, сè уште е рано iPhone 17 Air да стане реалност. Ова речиси дефинитивно значи дека Apple се откажа од моделот os Plus за следната година и останува да се види како ќе се движи Air на пазарот.
Извор: b92.net
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (16 декември)
ОВЕН
Денот е поволен за решавање на недоразбирањата кои сте ги имале со колегите или претпоставените. Ако сте во потрага по нова врска, можеби ќе запознаете токму денес нова личност. Водете сметка за здравата исхрана.
БИК
Денешниот ден ви доаѓа како порачан. Намалениот прилив на обврски ќе ви го овозможи потребниот одмор. Можни се сомнежи кон партнерот и неговата искреност кон вас. Одлично се чувствувате.
БЛИЗНАЦИ
Ќе ви се укаже можност да остварите дополнителни приходи, но се двоумите дали да ја прифатите бидејќи сте загрижени околу многубројните обврски кои доаѓаат со неа. Во еден момент можеби ќе почувствувате силно чувство на осаменост. Немате проблеми со здравјето.
РАК
Доколку сега покажете максимална посветеност, наредниот период ќе во донесе напредок во кариерата каков што не сте очекувале. Многу ви пречи неспособноста на вашиот партнер да прави компромис. Помали проблеми со грлото.
ЛАВ
Денешниот ден ви носи многу предизвици и препреки во остварувањето на целите. Не заборавајте дека само со трпение може да ги надминете. Во вашето блиско опкружување постои личност која е вљубена во вас. Потребен ви е одмор.
ДЕВИЦА
Периодот на стагнација во кој бевте досега конечно завршува и уште денес ќе чувствувате голем ентузијазам да го дадете својот максимум. Саканата личност ве повреди многу и не можете да и простите. Можни се проблеми со видот.
ВАГА
Доколку сте планирале напредок на работното место, сега е вистинско време да се посветите на неговото остварување. Воодушевени сте од подготвеноста на саканата личност за нејзиниот труд и посветување на вашата врска. Добро се чувствувате и здравјето е солидно.
ШКОРПИЈА
Денешниот ден ќе ви донесе комплицирана ситуација за чиј резултат ќе одлучи некој ваш претпоставен или соработник. Ве очекува интересен разговор со личноста која ви се допаѓа. Добро ќе ви дојде некоја рекреација во природа.
СТРЕЛЕЦ
Полека се сложуваат сите коцки и сфаќате дека досегашните искуства ви послужиле на некој начин. Имате чувство дека саканата личност крие нешто од вас, но се плашите да си го признаете тоа. Проблеми со здравјето поради стрес.
ЈАРЕЦ
Денес и мал пад на концентрацијата или немарност може да има долготрајни последици. Внимавајте добро на секоја ваша постапка. Можна е кавга поради различните ставови со партнерот во врска со некое важно прашање. Склони сте кон настинки.
ВОДОЛИЈА
Ги избегнувате обврските бидејќи чувствувате дека немате сила на сите полиња да го дадете својот максимум. Би сакале да остварите некоја нова врска, но не можете да најдете личност која ви одговара. Мал пад на имунитет.
РИБИ
Сѐ појасно ви е дека условите на моменталното работно место се многу неповолни за вас и подготвени сте да побарате подобра перспектива. Денешниот ден ви носи некаква бурна расправа со партнерот. Водете сметка за стомакот.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (15 декември)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за понеделник (16 декември)
-
Македонија1 ден
Од предмалку воведена забрана за тешки товарни возила за превој Стража
-
Свет2 дена
Во Италија стапи на сила новиот ригорозен закон за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол
-
Македонија1 ден
ДПИ со соопштение за мониторинг на цени на производи од „Новогодишна кошница“
-
Македонија1 ден
Поголемиот дел од Македонија под дожд, превоите и скијачките терени под снег
-
Магазин1 ден
Можеби ќе ви треба нов кабел: доаѓа HDMI 2.2
-
Македонија1 ден
Нормализиран сообраќајот према Стража, се укинува забраната за ТТВ