Временска прогноза
Од следната недела студен бран и пад на температурите

Топлото септемвриско време наскоро ќе заврши и веќе следната недела Европа ќе ја зафати бран студен воздух од Арктикот кога температурите драстично ќе паднат.
Како што јавува метео порталот „Север Ведр Јуроп“ (Severе Weather Europe), следната недела од север над Европа ќе дојде до силен продор на воздушна маса од Арктикот кој ќе се прошири над голем дел од Европа.
Натпросечно високите температури ќе завршат по два студени продори од север.
Првиот и послаб продор на студен воздух пристигнува овој викенд, а вториот, поинтензивен продор би требало да се случи во понеделник или вторник, при што маса многу студен воздух ќе допре сė до јужниот Медитеран, па дури и до северна Африка, наведува „Север Ведр Јуроп“.
Моменталната метеоролошка ситуација над Европа ќе почне да се менува утре, кога студен арктички воздух ќе почне да се пробива над северниот и западниот дел на континентот.
Студен воздух ќе се шири зад студениот фронт од Атлантикот кон централна Европа, додека топлиот воздух ќе се поместува кон крајнио север, кон Скандинавија и североисток.
Над Атлантикот наскоро ќе се формира нов бран студен воздух, а тогаш ќе се создаде „канал“ кон север кој ќе овозможи силен продор на арктички воздух кон континентална Европа.
Над континентот до вторник ќе се развие бран студен воздух, па така арктичкиот фронт ќе се прошири преку централна Европа до Балканот и Медитеранот, наведува „Север Ведр Јуроп“.
Арктичкиот бран ќе предизвика драстичен пад на температурите
Временска прогноза
Попоски утрово истакна важни метео вести за денес, вакво време ќе имаме

Денес (вторник 18 март), особено во претпладневните часови и во западните и во југозападните предели ќе има врнежи од снег кои повремено ќе бидат пообилни и ќе се формира снежна покривка. Во дел од градовите со висина до околу 10 cм снег, додека на планините и на Скијачките центри таа ќе биде поголема.
Во Скопје некои позначителни врнежи не се очекуваат.
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу, па и за повеќе од 20 степени пониски во споредба од оние кои ги имавме изминатиот период. Сето ова лошо се одразува на метеопатите, кај кои се можни поголеми здравствени проблеми, рано утрово не информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Најавеното невреме, проследено со дожд, грмежи, ветер но и снег доаѓа!

Денес (понеделник 17 март) под влијание на висински циклон западно од нас, во Македонија ќе имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер од западен и од северозападен правец. Локално пак, процесите ќе бидат во форма на невреме, односно поинтензивни.
Поради падот на температурите, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и ќе се формира снежна покривка.
Во попладневните часови од утрешниот ден (понеделник 17 март) полека снежната граница од север и северозапад ќе се спушта се пониско.
И во Скопскиот регион утре (понеделник 17 март) ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер, во вид на невреме. На околните планини, особено од попладневните часови врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, во Скопје до околу 16/17 степени, меѓутоа, од попладневните часови и навечер тие забрзано и значително ќе опаѓаат, доцна вечерва информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Попоски: На повидок потврда дека пред нас доаѓа нагла промена на времето

Славчо Попоски предмалку објави првични информации за неверојатната нагла промена на времето која ни претстои.
Во првата метеоролошка карта, односно до среда (19 март) наутро на повеќе места во регионот, како и во Македонија, особено во западната половина од нашата Македонија ќе се формира снежна покривка, снег ќе има и во градовите.
Во втората метеоролошка карта, односно во среда наутро во Македонија појава на мразеви. Со овие прикази повеќе од сигурно се потврдува дека промената на времето ќе дојде сигурно.
-
Македонија2 дена
ИТНО да се известат семејствата на Методија Цонев и Стефанија Златановска што побрзо да пристигнат во скопската болница „8-ми Септември“
-
Хроника2 дена
Да се молиме за Панчо! Во несреќата вдишал топол дим, оштетена му била трахеата!
-
Балкан1 ден
(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники
-
Кичево2 часа
(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани
-
Кичево23 часа
Кичевските гимназијалци утре со мирен собир ќе оддадат почит кон загинатите во страшната несреќа во Кочани
-
Македонија2 дена
Предмалку се огласи Министерството за здравство со важни информации
-
Хроника2 дена
Мартин Атанасовски „Буцо Битбокс“ и тонецот Игор Велков на групата „ДНК“ долги години соработници меѓу загинатите во трагичната несреќа во Кочани
-
Хроника2 дена
Уште една млада фудбалска надеж од Штип жртва на пожарот во Кочани!