Култура
(ГАЛЕРИЈА) „Св. Богородица – Пречиста“ духовен центар на Кичево и регионот, посетен од безброј верници ширум светот

Кичевскиот Манастир познат и како Манастирот „Св. Богородица – Пречиста“ претставува духовен центар на Кичево и регионот. Во минатото манастирот бил нарекуван Крнински Манастир, име кое и денес се употребува. Сместен e планината Цоцан, на надморска височина од 920 метри. Иако манастирот се нарекува Кичевски, тој сепак се наоѓа во атарот на село Манастирско Доленци. До него се стигнува кога излегувате од Кичево и одите по магистралниот пат кон Битола, на 10 километри јужно од градот. Само петстотини метри под денешниот манастир, некогаш се издигал Крнинскиот, кој заедно со манастирот Свети Ѓорѓија во село Кнежино, биле центри на ширењето на христијанската мисла во овој дел од Македонија. Но и едниот и другиот денес ги нема.
Според преданијата на местото на некогашниот древен храм, во близината на светата чешма, која и денес ја посетуваат оние кои веруваат во исцелителната моќ на нејзините води, во 1316 – та година е изграден манастир посветен на Пресвета Богородица. Но ако чешмата и денес постои и ја гаси духовната жед на намерниците, манастирот во 1558 – та година го палат Османлиите (Сарацените), во времето кога во Кичевско се уништени голем број цркви и манастири.
Само неколку години подоцна, односно 1564 – тата, месното христијанско население, се обидува на старите темели да изгради нов манастир кој веднаш ја доживува истата судбина. Поминале векови, па дури во 1848 – та година повторно да заживее овој простор. Легендата говори дека самиот Бог, го одредил местото за ѕидање на новиот манастирски комплекс, посветен на Мајката Божја. Кога месното население се собирало на едно друго место за да почне да гради храм, на истото место ја оставало иконата да преноќи. Утрото секогаш иконата ја немало, а ја наоѓале покрај еден извор на на друго место. Покасно сватиле дека тоа е Божја промисла и на истото место и го изградиле манастирот.
Старата сребрена икона на Богородица, која и денес се чува во еден мал олтар над светиот извор, внатре во манастирската црква го дала и сѐ уште го дава благословот на сите верници. Се вели, дека таа во голем пламен виор прелетувала од разрушените зидини на Кнежинскиот манастир, означуваќи го местото каде треба да се гради новата црква. Народот поверувал на тоа, прифаќаќи дека тоа е пророштво кое мора да се исполни, па ја изградил најголемата и најбавата црква во тоа време, чиј радиус на на сводот е најголем изграден на Балканот. Мијачките мајстори стрпливо работеле, а Дичо Зограф со своите ученици го направил чудото, во златните икони и резбаниот владички стол. Оваа икона е многу стара, а според натписот на неа кој го забележал Ѓорче Петров, таа била обновена со запазување на оригиналните бои од странан на Дичо Зограф во 1865 година, во време кога игумен на манастирот бил архимандритот Хаџи Симеон од селото Лазарополе.
Македонскиот револуционер Ѓорче Петров од својата посета на овој манастир покрај народните преданија за неговото осовнање, запишал и дека за историјата постоеле записи кои во манастирот се наоѓале во голем број, но како што кажувале манастирските старци, тие наеднаш со целата манастирска библиотека од рачно напишани црковни книги биле изгорени во фурна од полниот со адска злоба и фанатизам грчки дебарски митрополит Мелетиј во 1844/45 година.
Овој манастир по многу нешто е посебен. Тој всушност е свет храм на сите верници, без разлика дали се или не се Православни. Внатрешноста на црквата така е направена, зашто под еден ист покрив се собираат и христијаните и муслиманите, кои подеднакво ја почитуваат. Делот посветен на муслиманските верници не е фрескоживописан. Народната мудрост била бесконечна. Не можејќи својот народ да го собере на едно место, зашто туѓинците на многумина им ја промениле верата, црквата нашла начин по еден покрив да ги собере сите, зашто Бог е еднаков кон сите и знае да им ги прости гревовите.
Во рамките на манастирскиот комплекс, припиена на јужните зидови од црквата Воведение на Пресвета Богородица, се наоѓа малата манастирска црква посветена на Свети Никола. Иако се наоѓа во истиот комплекс, за многумина таа останува непозната, зашто величината на црквата посветена на Света Богородица во целост ја засенува.
Овој манастирски комплекс станува центар на преродбата на македонскиот народ. Во него живеат и работат Јоаким Крчоски и Кирил Пејчиновиќ, и всушност по затварањето на Свети Климентовиот народен универзитет во Света Пречиста се раѓа и работи новото народно просветно училиште. Пред и за време на Илинденската епопеја во манастирот прибежиште наоѓале комитските чети кои делувале во овој регион.
Во овој манастир во дваесетите години одминатиот век прибежиште наоѓа големо братство руски калуѓерки кои бегаќи пред налетите на црвено – армејците, својот духовен живот го продолжиле тука.
Колкаво е значењето на Света Богородица – Пречиста за Македонската православна црква, најдобро зборува фактот што во нејзините ќелии монашката одежда ја облекува првиот Архиепископ на возобновената автокефална Македонска православна црква, неговото блаженство Господин Доситеј.
Денес 28.08 меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири. Меѓу позначајните празници што македонскиот народ ги празнува со посебно внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Поради тоа и повеќе цркви низ цела етничка Македонија го носат нејзиното име.
На 21 септември секоја година се собира голема маса на народ кој го празнува празникот посветен на Мајката Божја. Краток одмор во манастирот може да си дозволи секој добронамерник. Снимање и сликање во внатрешноста на манастирските цркви не е дозволена, освен со дозвола од игуменијата.
Бевме скоро половина ден во атарот на манастирот каде се помоливме за здравје на овој прекрасен ден!
Погледнете неколку свежи фотографии направени преку нашиот објектив, нека е за многу години!
Култура
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски

Во оваа триесетта година од неговото монашко служење, во годината кога се навршуваат пет години од неговата хиротонија за епископ и кога го очекуваме неговиот педесет и петти роденден, да се потрудиме и ние – пред сè со делата наши, а потоа со молитвите и со животот наш – да му причиниме радост, за тој да може и понатаму, уште многу години, со силно здравје и Божјо просветление, да биде нашиот духовен столб, заштитник на верата и вистински духовен татко.
Во оваа триесетта година од неговото монашко служење, во годината кога се навршуваат пет години од неговата хиротонија за епископ и кога го очекуваме неговиот педесет и петти роденден, да се потрудиме и ние – пред сè со делата наши, а потоа со молитвите и со животот наш – да му причиниме радост, за тој да може и понатаму, уште многу години, со силно здравје и Божјо просветление, да биде нашиот духовен столб, заштитник на верата и вистински духовен татко.
На многаја и благаја лета, Владико наш свет, Епископ Партениј!
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис од Бигорскиот Манастир ТУКА
Култура
Кичевското архиерејско намесништво со известување по повод Задушница

Кичевското архиерејско намесништво ги известува своите верни чеда дека на ден 21.02.2025 година (петок) во 14⁰⁰ часот, во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево, ќе се изврши општ Парастос (опевање) за упокоените наши браќа и сестри во Христа Господа. Секој што сака да направи спомен за упокоените треба да донесе варена блага пченица, црвено вино и лепче од пченично бело брашно за да се отслужи оваа служба.
Другиот ден, на самиот ден Задушница, 22.02.2025 година (сабота), започнувајќи од 08⁰⁰ часот наутро, свештениците ќе ги посетат старите и новите градски гробишта, па кој не дошол во петокот во храмот, тоа може да го направи во саботата на гробовите на своите упокоени. Исто така, и на гробовите да се има варена блага пченица, црвено вино и лепче од пченично бело брашно и да се покаже трпение додека не помине свештеникот секаде каде што треба, бидејќи трпението е една христијанска добродетел која е покажување на љубов, но и којашто ќе се прифати и како милост за упокоените. ПАРЦЕЛИТЕ, пак, 6, 7 и 8 кај новите градски гробишта ќе бидат посетени за отпевање после 09³⁰ часот наутро (тоа се најновите парцели).
Сакаме да напоменеме уште и тоа: Задушница е општиот ден посветен на упокоените, кога се спомнуваат сите наши роднини и пријатели кои починале во благочестива вера и со надеж во сеопштото воскресение, па оттаму произлегува и благословот даден од страна на Црквата за вечно спомнување – „Вечнаја памјат“ (Вечен спомен).
Оние кои не се починати со достоинство, по благослов на свештеник, секој може да си ги спомне дома во своите секојдневни молитви за упокоени, а во таа група спаѓаат: некрстени, отпадници од Православната Христова вера и Црква, јавни Божји хулители и хулители на Црквата и самоубијци. Тоа е така, затоа што тие самите, по својата сопствена волја се оддалечиле од „Патот, Вистината и Животот“ (Јован 14,6), па не се спомнуваат на сите црковните служби, па дури и на Божествената Литургија.
Во однос на храната, пак, којашто се остава на гробовите, подобро е да се однесе на некој кој нема да јаде, отколку да си правиме меѓусебно раздавање. Таа храна не е „за да им се најде на тие кои се упокоиле“, туку е милост како за починатиот, така и за растење во нашите добродетели. Објаснувајќи им го тоа на првите христијански заедници, свети апостол Павле вели: „царството Божјо не е јадење или пиење, туку правда и мир и радост во Светиот Дух“ (Рим 14,17).
Нека Човекољубивиот, Седобриот и Милостивиот Бог ги спомне нашите упокоени ближни, кои се упокоиле со надеж во воскресение и живот вечен, во Своето царство на Отецот, Синот и Светиот Дух, постојано, сега, секогаш и во вечни векови.
Амин!
Вечен им спомен!
Соопштение од Кичевска Парохија
Култура
Денеска е Св.Антониј Велики, честито име Антонио, Антоанета, Антониј..

-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (21 февруари)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Култура2 дена
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски
-
Македонија22 часа
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза2 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Македонија5 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Магазин1 ден
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети
-
Мобилни уреди2 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години