Македонија
СВР Тетово со извештај за сработеното во месец Ноември

Во текот на ноември оваа година, полициски службеници на СВР Тетово, на поширокото тетовско подрачје, откриле и соодветно санкционирале вкупно 1.563 сообраќајни прекршоци.
Поради откриени различни видови прекршоци, а согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, од сообраќај било исклучено 181 возило.
Најмногу од исклучените возила (122) имале истечена регистрација до и над 30 дена, кај 45 е утврдена техничка неисправност, претежно на сопирачките и уредите за управување, а кај 14 претовар.
Во овој период, исто така, од сообраќај се исклучени и 364 возачи, од кои 195 поради управување без возачка дозвола, осум со несоодветна категорија, 14 со важечка забрана, 73 возачи – почетници и 74 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол. За сите овие прекршоци биле поднесени 634 прекршочни и 577 мандатни плaтни налози, како и 347 писмени опомени.
Во ноември годинава, времено биле одземени 145 возачки и 117 сообраќајни дозволи, а тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 336 непрописно паркирани возила.
Извор: СВР Тетово
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (21 февруари)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Култура2 дена
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски
-
Македонија22 часа
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза2 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Македонија5 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Магазин1 ден
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети
-
Мобилни уреди2 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години