Следете не

Македонија

Тешка сообраќајка кај с.Песочани охридско, сообраќајот е во прекин во двата патни правци

Објавено пред

на

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа во близина на с.Песочани охридско на регионалниот пат Охрид-Кичево. Како што информираат од АМСМ сообраќајот е во прекин во двата правци поради вршење увид.

Од неофицијални извори во несреќата учествувале два автомобили Опел Корса „Ц“ и WV „Пасат“, така што за здравјето на учесниците немаме информација.

Македонија

Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“

Објавено пред

на

©porta.mk

Патна информација до сите кои патуваат преку планинскиот превој „Стража“, особено да внимаваат затоа што има намалена видливост поради појава на магла – 50-80м, додека сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози.

Патувајте безбедно, почитувајќи ја поставената патна сигнализација и прилагодување на возилата према условите на патот.

Пријатен пат!

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување

Објавено пред

на

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано оддделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., Д.Д., Н.М., С.С., З.Т. и Д.Т., сите вработени во Единицата за брзо распоредување, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’  казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавените,  со намера за себе да прибават противправна имотна корист, искористувајќи го стекнатото право за надомест  на патни трошоци, поради тоа што по лична карта се  воделе со место на живеење надвор од Скопје, ја злоупотребиле службената положба на начин што примале парични средства од Министерството за внатрешни работи за денови во кои не патувале од своето место на живеење до работното место во Скопје и обратно, со што во периодот 01.12.2023 до 17.09.2024 го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи  во вкупен износ од 1.098.120 денари.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  за пријавените полициски службеници ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, предмалку информира МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва

Објавено пред

на

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија43 минути

Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“

Патна информација до сите кои патуваат преку планинскиот превој „Стража“, особено да внимаваат затоа што има намалена видливост поради појава...

Хороскоп2 часа

Хороскоп за среда (2 април)

ОВЕН Секогаш може подобро и вие тоа најдобро го знаете, па поработете на организацијата и плановите во наредниот период. Ништо...

Временска прогноза3 часа

Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите

Почнувајќи од 5 април (сабота) па во текот на следната седмица, ни следува многу ладен период, и тоа поради спуштањето...

Спорт5 часа

Андов го истакна списокот со фудбалерки за дуелите со Летонија и Косово во рамки на Лигата на нации за пласман на СП 2027

Женската А репрезентација на Македонија на почетокот на април ќе одигра два натпревари против Летонија и Косово во рамките на...

Македонија9 часа

МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија11 часа

Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Македонија11 часа

МВР санкционира 2.508 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава во текот на продолжениот викенд

Во текот на изминатите денови, односно во петокот и деновите од празничниот викенд (28/29/30/31.03) во рамки на редовните сообраќајни контроли...

Македонија12 часа

(ФОТО+ВИДЕО) Во Манастирот Рајчица одекна новиот „Благовесник“

Во прославениот и прекрасен духовен дом на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица одекна моќниот благоѕунлив звук на новата камбана–благовесник,...

Магазин13 часа

BlackBerry повторно на пазарот: Дали легендарниот бренд се враќа со 5G смартфон?

Легендарниот телефонски бренд BlackBerry, познат по своите физички QWERTY тастатури, би можел да се врати на пазарот со нов модел....

Автомобили13 часа

BYD ја надмина Tesla: Полнач што е четири пати побрз од Supercharger?

Новата технологија на кинескиот производител BYD овозможува електричните автомобили да добијат автономија од 400 километри за само пет минути полнење!...

НАЈЧИТАНИ