Следете не

Кичево

1991 год Кичево: Тетратка со напишани угостителски објекти, кои функционирале (ФОТО)

Објавено пред

на

Од богатата Кичевска архива до нашиот портал стигна фотографија од тетратка со напишани угостителски објекти кои практично биле атракција во нашиот град – далечната 1991-ва година, за некого интересна новост, за некого потсетување и враќање назад во времето.. 🙂

Благодарност за фотографијата до г-дин Шоип Османоски

Кичево

Известување до сите водичарски кумови од Кичево и кичевско

Објавено пред

на

Кичевската парохија ги известува сите водичарски кумови од Кичево и околината дека Утрената богослужба и Големиот Богојавленски водосвет, кога се осветува водата која се зема од страна на кумовите, ќе се отслужи сабота во 03⁰⁰ часот, како што е вообичаено (18.01.2025 година во 03⁰⁰ часот).

Исто така, во село Другово осветувањето е околу 05⁰⁰ часот и сите кои нема да бидат во градскиот храм, тоа можат да го направат во храмот „Света Недела“ во Другово утрото (18.01.2025 година во 05⁰⁰ часот).

За многу години!

Прочитај повеќе...

Кичево

Најсреќните пронаоѓачи до сега од Кичево, кои го извадија светиот Крст за „Водици“ од осветените води

Објавено пред

на

Полека и оваа година господова 2025-та традиционалниот чин кој е дел од светите тајни на Црквата, векови стар продолжува, така што во пресрет на самиот голем празник „Богојавление Водици“ со помош на нашата архива, нашите пријатели како и Кичевската парохија, се потрудивме да ја направиме листата со најсреќните скокачи по светиот Крст кои го пронајдоа и извадија од кичевските осветени води назад во годините..

  • 199* Никола Петрески
  • 1996 Злате Матески
  • 1997 Златко Богданоски
  • 1998 Раде Мисајлески
  • 2008 Кристијан Бојоски
  • 2010 Јовица Тренески
  • 2011 Синиша Стојаноски
  • 2012 Даниел Симоноски
  • 2013 Бобан Стефаноски
  • 2014 Тане Србиноски
  • 2015 Дени Дамчески
  • 2016 Дејан Момироски
  • 2017 Дарио Вренцоски
  • 2018 Кристијан Врапчароски
  • 2019 Христијан Митрески
  • 2020 Кристијан Врапчароски
  • 2021 Нема манифестација поради пандемијата од Коронавирусот
  • 2022 Кристијан Врапчароски
  • 2023 Алек Хлоупек
  • 2024 Алек Хлоупек

Повеќе информации за редоследот на празникот ќе најдете ТУКА

За многу години, вечна да е традицијата!

Цела видео плеј листа од снимки во Кичево:

Прочитај повеќе...

Кичево

Познато времето на спуштање на светиот Крст во Кичево, како и распоредот за претстојниот празник „Богојавление Водици 2025“

Објавено пред

на

©porta.mk

Се известуваат сите оние православни верници кои сакаат да земат учество во извлекувањето на Светиот Крст од осветените води во Кичево, дека треба да се пријават во градскиот кичевски храм „Свети апостоли Петар и Павле“ до сабота (18.01.2025 година) до 16:00 часот.

Истите тие треба да го имаат примено Светото Крштение, односно да се Крстени Православни Христијани, а не како другите години некрстени, затоа што ако доаѓаат некрстени, треба да се знае дека овој настан не е манифестација, туку е дел од светите тајни на Црквата кои се многубројни, истакнаа свештениците од Кичевската Парохија.

Притоа, сите кои ќе се пријават мора да бидат присутни на Светата Божествена Литургија за Богојавление, бидејќи само така се учесници во целокупниот богослужбен дел.

– Времето на тргнување од храмот со Литија е 10:15 часот, полагањето на Светиот Крст ќе се одвива на старо место во базенот зад Правниот Факултет во Кичево, закажано за од 11:00 часот во недела (19.01.2025 г.), а Литургијата почнува утрото од 08:00 часот.

Имено, вака изгледаше ланска година, каде најсреќниот кој по втор пат го пронајде светиот Крст беше кичевчанецот Алек Хлоупек:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт5 часа

Управниот одбор на ФФМ на чело со г-дин Омерагиќ донесе важни и квалитетни одлуки

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, согласно даденото ветување на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, донесе одлука за зголемување на таксата...

Кичево6 часа

Известување до сите водичарски кумови од Кичево и кичевско

Кичевската парохија ги известува сите водичарски кумови од Кичево и околината дека Утрената богослужба и Големиот Богојавленски водосвет, кога се...

Магазин7 часа

WhatsApp воведува вештачка интелигенција за Android

WhatsApp работи на нова функција која им овозможува на корисниците да создаваат сопствени карактери со помош на вештачка интелигенција директно...

Магазин7 часа

Google одбива усогласување со новиот закон на ЕУ за проверка на факти

Google ја информираше Европската унија дека нема да го спроведе новиот закон кој го прави задолжително проверувањето на факти во...

Автомобили7 часа

САД размислува за забрана на кинеските возила: Причини и последици

Администрацијата на САД, предводена од претседателот во заминување Џо Бајден, ги финализира правилата кои би можеле практично да ги елиминираат...

Магазин7 часа

Nintendo ја најави конзолата Switch 2 (ВИДЕО)

Јапонскиот гигант Nintendo ја претстави својата најнова конзола – Switch 2, со кратко најавно видео на YouTube. Иако без многу...

Магазин7 часа

Apple ја паузира употребата на вештачка интелигенција за известувања поради повторени грешки

Американската технолошка компанија Apple привремено ги суспендираше известувањата за вести и забава, откако се соочи со критики и поплаки поради...

Магазин7 часа

Се појавува ажурирање за телефоните на Xiaomi: Дали вашиот уред ќе добие HyperOS 3 и Android 16?

Xiaomi ја лансираше апликацијата MemeOS Enhancer, која на корисниците им овозможува брз и едноставен начин да проверат дали нивниот уред...

Кичево9 часа

Најсреќните пронаоѓачи до сега од Кичево, кои го извадија светиот Крст за „Водици“ од осветените води

Полека и оваа година господова 2025-та традиционалниот чин кој е дел од светите тајни на Црквата, векови стар продолжува, така...

Мобилни уреди19 часа

Мобилна апликација крие малициозен софтвер кој пренесува информации, онлајн трансакции и приватности – бидете внимателни при инсталирање на мобилните апликации!

Апликацијата се рекламира себеси како „Telegram Premium“ за да скрие малициозен софтвер познат како FireScam. Telegram е апликација за пораки...

НАЈЧИТАНИ