Случувања
Трагедија го потресе Велес, вчера двегодишно дете се удави во канал за наводнување

Вчера околу 20 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано „Рамниште“, атар на село Долно Чичево, општина Градско, во отворен канал за наводнување било пронајдено удавено двегодишно дете. Лекар констатирал смрт без траги на насилство.
„По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција во Институт за судска медицина -Скопје“, информираат од МВР.
Македонија
Мало намалување на цената на нафтените деривати од ноќеска

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.04.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит, малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,50 ден/лит.
Хроника
Лишен од слобода возач на „голф“, по сообраќајната несреќа во скопско каде загина малолетничка

На 06.04.2025 околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Патишка река – с.Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „мерцедес“, која била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде починала.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција. Со телесни повреди се здобиле возачот Ф.А., сопатничката Р.А.(24) и уште една малолетна сопатничка, двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, како и возачот У.О., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а У.О. бил лишен од слобода по член 300 став 2, а во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.
Временска прогноза
Метео+: Сибирски студ цела седмица, утринските температури дури до -10°C

Во Македонија во најголем дел од оваа седмица ќе биде невообичаено ладно за овој период од годината и со температури кои ќе бидат далеку под просекот за месец април, и истите ќе бидат дури и за повеќе од 10 степени пониски од просечните за април. Сето ова е поради влијанието на многу ладниот бран кој се спушта директно од Сибир кон нашите краишта.
Иако претежно стабилно, суво и сончево, со појава на умерена облачност, оваа седмица наутро ќе биде многу ладно со температури кои насекаде во Македонија ќе се спуштаат под нулата, со што очекувам појава на умерени до силни мразеви, кои особено негативно ќе се одразат врз овошките и расцветаните дрвца.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, и тоа во најголем дел од оваа работна седмица, додека на високите планини тие ќе се спуштаат дури и под -10 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу -3 степени.
Преку ден пак тие исто така ќе бидат под просекот за април и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, а најладно преку ден ќе биде денес (понеделник 7 април) со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 10 степени, утрово за нашиот медиум пишува Славчо Попоски.
АМСМ:
ОТЕЖНАТ СООБРАЌАЈ: Патниот правец Крушево – с.Долно Дивјаци – с.Кочиша е небезбеден за сообраќај и претсавува опасност за нормално одвивање на сообраќајот. Од 04.4.2025 година е затворен за секаков вид на сообраќај. Може да се користат регионален пат с.Пуста Река -Крушево.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (8 април)
-
Временска прогноза2 дена
Метео+: Сибирски студ цела седмица, утринските температури дури до -10°C
-
Хроника2 дена
Лишен од слобода возач на „голф“, по сообраќајната несреќа во скопско каде загина малолетничка
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за среда (9 април)
-
Мобилни уреди1 ден
Нови функции за WhatsApp, исклучете ја камерата пред да се јавите
-
Македонија1 ден
Мало намалување на цената на нафтените деривати од ноќеска
-
Магазин15 часа
Можеби мислите дека вашиот телефон е ажуриран – но има едно ажурирање што веројатно го пропуштате
-
Магазин15 часа
Discord лансира Social SDK за подобро социјално искуство во игрите