Македонија
109 нови случаи на Ковид-19, 3 лица починати, меѓу нив жител од Кичево и Македонски Брод, ова се деталите
Во последните 24 часа се направени 1486 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 40
-Куманово 10
-Штип 3
-Прилеп 12
-Тетово 6
-Струга 4
-Битола 6
-Охрид 7
-Кавадарци 3
-Гостивар 2
-Струмица 2
-Крива Паланка 2
-Пробиштип 1
-Пехчево 1
-Виница 2
-Делчево 1
-Свети Николе 1
-Кичево 4
-Ресен 1
-Неготино 1
Починати се 3 лица, пациент од Кичево (64г), пациент од Скопје (61г) и пациентка од Македонски Брод (70г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациент од:
-Скопје 29
-Куманово 13
-Дебар 2
-Штип 4
-Тетово 4
-Велес 1
-Битола 2
-Гостивар 13
-Струмица 1
-Радовиш 1
-Пехчево 1
-Виница 2
-Делчево 6
-Свети Николе 4
-Кичево 6
Досега во земјата се направени вкупно 154.948 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14871, бројката на оздравени пациенти е 12054, на починати е 609, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2208.
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево16 часа
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Кичево2 дена
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза1 ден
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Спорт2 дена
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.
-
Свет2 дена
Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“
-
Магазин13 часа
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери