Случувања
Трагедија: Загина млад полицаец од Гостивар, а друг потешко повреден додека правеле увид на веќе случена сообраќајка
На патот Тетово-Гостивар вечерва околу 19 часот се случила тешка сообраќана несреќа, во која според првичните информации, загина еден полицаец на возраст од 23 години, а друг е тешко повреден и пренесен во болница.
Полициските службеници од Гостивар обезбедувале место каде претходно се случила сообраќајка меѓу две возила. Додека ја вршеле должноста, во нив удрил автомобил кој се движел по патот, се шпекулира дека бил марка Форд Фокус.
Од полицијата соопштија дека во Гостивар бил уапсен 31-годишник од кичевското село Грешница кој го управувал возилото.
Во меѓувреме, од очевидци биле забележани неколку амбуланти возила со гостиварски таблички, со полициска придружба на влезот во Скопје.
Во текот на утрешниот ден ќе ги имаме првичните информации.
Македонија
ЦУК истакна информации за штети од вчерашното невреме во Македонија
Невреме проследено со силен ветер што причини штети во неколку региони од државата, ЦУК истакна целокупни информации околу штетите по региони
Дел од Македонија во последното деноноќие беше зафатена со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони од државата.
Регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола во текот на денот имале голем број на интервенции што настанаа поради силното невреме (силен ветар над 60 км/ч) што го зафати Битолскиот регион во 14.30 часот.
Според повиците за настаните примени преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 и во комуникација со командирот на ТППЕ Битола, Општина (ЕЛС) Битола во соработка со јавните претпријатија од Битола и ЕВН, вчера интервенира на следните локации:
– паднат кров од две згради на ул. „Нико Фундали“ кај „Жито маркет“ каде има настаната штета на неколку возила;
– паднато дрво кај црквата во с. Магарево при што има оштетен ел. вод и и има искрење;
– падната бандера на ул. „Прилепска“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“;
– падната бандера на патот за с. Кравари;
– падната бандера на ул. „Мукос“ бр. 174;
– падната бандера кај црквата во с. Ниже Поле;
– падната бандера на ул. „Пожаревачка“;
– падната бандера на ул. „Стрчин“ бр. 21 а;
– паднати жици на ул. „Новосадска“;
– паднати жици и искрење на ул. „Крушево“ бр. 4;
– паднати жици и искрење на ул. „Ѓорѓи Наумов“ бр. 4;
– падната бандера на ул. „Димче Лахчански“ бр. 34;
– навалена бандера на ул. Булевар „1 Мај“ бр. 283;
– паднат кров од зграда на ул „Хераклеа“;
– паднат кров од куќа на ул . „Јанко Палигора“;
– паднат кров од куќа на ул. „Партизанска“
– паднат кров од зграда кај печатницата „Киро Дандаро“ и
– голем број на паднати дрвја на повеќе локации во градот.
Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарникарите од ТППЕ Охрид, во период од 17.20 до 19.45 часот со 2 ПП возила и 6 пожарникари, интервенирале на откачен лимен кров поради силниот ветар на ул. „Карпош Војвода“ во Општина Охрид.
РЦУК Штип известува дека ТППЕ Виница во период од 13.45 до 14.30 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари, интервенирале на паднато дрво и бандера како последица на силниот ветар во с. Истибања. Пожарникарите од ТППЕ Штип, во текот на денот повеќепати интервенирале во отстранување на паднати дрвја, откачена церада и на откорнати делови од покривни (кровни) конструкции на објекти како последица од силниот ветер на разни локации во градот Штип и неговата околина: Градски горбишта, градинка „Вера Цирвири-Трена“, м.в. Кланица,
СОУ „Коле Нехтенин“, ул. Широк Дол, угостителски објект „Нецко“, м.в. „4-ти километар“, нас. „Насеље“, градски пазар, ул. „Васил Доганџиски“, бул. „ЈНА“, ул. „Солидарност“, ул. „Сремски фронт“, ул „Браќа Даневи3). Во сите интервенции е учествувано со 3 пожарникари и 1 ПП возило.
Како последица на силниот ветер на повеќе места на подрачјето на градот Штип се забележани оштетувања на електрични столбови, кровни конструкции на објекти, фасада од станбена зграда, олуци и автомобили. Појава на паднати дрвја како последица од вчерашниот силен ветер имаше и во селата Облешево и Истибања.
РЦУК Тетово известува дека ТППЕ Гостивар, од 16.45 до 17.15 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари, имале техничка интервенција на паднато дрво на ул. „Никола Парапунов“ во Гостивар, истакнаа на официјалниот фејсбук профил од Центарот за управување со кризи
Временска прогноза
Силниот ветер го очисти небото, температурите паѓаат до -10°C
Под влијание на многу студена воздушна маса од север, но и поради влијанието на разведрувањето и ведрото време во Македонија, од претстојната ноќ, па во следните неколку ноќи и утра, се до вторник ќе биде особено студено со минимални температури кои на целата територија на Македонија ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени.
Во Беровскиот регион, како и на високите места и на планините температурите ќе се спуштаат дури и под -10 степени, што значи дека очекуваме појава на умерени до јаки мразеви.
Дневните температури пак во следните денови ќе бележат тенденција на постепен пораст, и до средината на следната седмица ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.
По овој период на стабилно, суво и претежно сончево време, со појава на мала локална облачност, но и со многу ниски температури наутро, некаде на самиот крај од овој месец, како и во почетокот на месец Декември, барем одсега гледано ни следува нов студен и влажен бран кој ќе предизвика нови врнежи. Сепак околу ова официјални детали ќе имам во следните мои метео објави, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Ладниот бран се поблиску до нашата држава, ова се последните метео вести
Попладнево во Македонија на повеќе места дува силен ветер, над 60/70 км/час. Особено во Битола истиот носи кровови, а има и паднати дрвја. Пред да не зафати ладниот бран оваа ноќ, попладнево во Македонија имавме речиси пролетни температури на неколку места, а најтопло беше во Битола со измерени дури 19 степени.
Од друга страна пак, речиси целиот регион е под снежна покривка, што значи дека ладниот бран е се поблиску до нас, и во следните часови ќе започне да ја зафаќа нашата Македонија.
На повеќе места во регионот има минусни температури и појава на голомразица, информираше Славчо Попоски
АМСМ инфо предмалку:
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50м. има на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка.
-
Спорт15 часа
ФК Кичево денес освои службено 3 бодови, за гостинската екипа играа повозрасни играчи
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (23 ноември)
-
Временска прогноза1 ден
Ладниот бран се поблиску до нашата држава, ова се последните метео вести
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за недела (24 ноември)
-
Временска прогноза2 дена
Попоски: Продолжува силниот ветер (90 км/ч), врнежи од дожд, а утре снег
-
Временска прогноза13 часа
Силниот ветер го очисти небото, температурите паѓаат до -10°C
-
Автомобили1 ден
(ВИДЕО) Audi го претстави својот нов продукт, станува збор за моделот „Q6 e-tron Sportback“
-
Македонија11 часа
ЦУК истакна информации за штети од вчерашното невреме во Македонија