Технологија
„Travelers Cycling“ апликација на која е прикажана велосипедската мрежа во вашиот град, давајќи дополнителен мотив за користење велосипед
Апликацијата Travelers Cycling е направена со цел да им помогне на велосипедистите, без разлика дали го користат велосипедот професионално, за релаксација или како транспортно средство. Апликацијата постои нецела година и на неа е прикажана велосипедската мрежа во неколку градови во Македонија, од каде креаторите имаат собрано информации. Велосипедската мрежа е поделена на неколку категории, меѓу кои се велосипедските патеки, тротоари / улици по кои е безбедно да се вози велосипед, а претставуваат конекција на две велосипедски патеки, планински (off-road) патеки итн.
На апликацијата може да се пронајде и најблискиот паркинг за велосипеди, локација на јавните сервиси за поправка на велосипеди како и локација на воздушни пумпи кои воглавно се наоѓаат на бензиските станици. При креирањето на апликацијата, првенствено се вклучени најпотребните информации за еден велосипедист, како на пример локацијата на фонтани / чешми кои знаат да бидат доста значајни во текот на летните денови, и известување на пречка или времен прекин на одредена велосипедска патека. Најголем дел од податоците се добиени со сопствено прибирање на податоци, но одреден дел од информациите се добиени од следбениците и соработниците.
Она што ја издвојува апликацијата е тоа што е единствена во Македонија од ваков тип. Апликацијата е целосно непрофитабилна и единствена цел и е да ги мотивира луѓето што повеќе да го користат велосипедот како превозно средство и средство за релаксација, со што би се зголемила сообраќајната култура, би се намалил сообраќајниот метеж по улиците, а како резултат на тоа би се намалило и самото загадување на воздухот.
Исто така, во делот „Блог“ може да се најдат информации и новости поврзани со велосипедизмот, како и совети за избор, правилно користење и одржување на велосипедот.
Придобивки од велосипедизмот имаат сите, не само оние кои возат, туку и оние кои се наоѓаат во своите домови, дишејќи почист воздух благодарение на совесните граѓани кои за превозно средство го одбрале токму велосипедот.
„Со мотивирањето на луѓето, бројот на велосипедисти на улиците секојдневно би се зголемувал, а со тоа и потребата од подобрена и побројна велосипедска инфраструктура би се зголемила. Со тоа градските власти би биле приморани се повеќе да инвестираат во велосипедската инфраструктура, со што би им се овозможило полесно движење на велосипедистите.“ – истакнуваат од Travelers Cycling.
Апликацијата може да се погледне на следниот линк ТУКА
Магазин
WhatsApp воведува вештачка интелигенција за Android
WhatsApp работи на нова функција која им овозможува на корисниците да создаваат сопствени карактери со помош на вештачка интелигенција директно во апликацијата. Функцијата е слична на алатките за креирање карактери со вештачка интелигенција што веќе постојат на Instagram и Messenger.
Корисниците ќе можат да ги опишат личните карактеристики, а системот ќе генерира слика и биографија на создадениот карактер.
Новата опција е забележана во најновите ажурирања за Android, но моментално е во фаза на развој и не е достапна за бета-тестерите.
Извор: gadgets360
Магазин
Google одбива усогласување со новиот закон на ЕУ за проверка на факти
Google ја информираше Европската унија дека нема да го спроведе новиот закон кој го прави задолжително проверувањето на факти во резултатите од пребарувањето и содржините на YouTube. Според писмото до кое дојде „Аксиос“, Google изјави дека нема да додава проверки на факти во своите платформи, ниту ќе ги користи овие проверки за рангирање или отстранување на содржината.
Откажување од интеграција на проверки на факти
Иако Google претходно инвестираше во европска база на податоци за проверка на факти пред изборите во ЕУ, компанијата досега не беше активна во оваа област како дел од своите политики за модерирање на содржини.
Претседателот за глобални прашања на Google, Кент Волкер, во писмо до Европската комисија изјави дека:
„Интеграцијата на проверки на факти едноставно не е соодветна или ефективна за нашите услуги.“
Тој ги пофали тековните политики на Google за модерација, истакнувајќи го нивниот успех за време на „невидениот глобален изборен циклус“ минатата година.
Тековни алтернативи и нови технологии
Google ја истакна новата функција на YouTube воведена минатата година, која им овозможува на одредени корисници да додаваат контекстуални белешки на видеата. Компанијата смета дека оваа алатка има „значителен потенцијал“ и ја спореди со слични иницијативи на други платформи, како што се „Забелешки на заедницата“ на X (поранешен Twitter) и сличните проекти на Meta.
Покрај тоа, Google ќе продолжи да инвестира во технологии за модерирање, како што се:
- Synth ID: за водени ознаки на содржина.
- Означување со вештачка интелигенција: за идентификација на содржини на YouTube.
Предизвици за спроведување на законот
Новиот закон е дел од ажурираниот Кодекс на добра практика во борбата против дезинформациите, кој од доброволен документ преминува во задолжителен. Сепак, останува нејасно како ЕУ ќе реагира кога проверката на факти ќе стане законски задолжителна.
Оваа ситуација се појавува во време кога:
- Meta ја укина својата програма за проверка на факти во САД.
- X значително го намали бројот на професионални проверувачи на факти.
Големите технолошки компании продолжуваат да се соочуваат со предизвици во справувањето со дезинформациите, известува „Endgadget“.
Магазин
Nintendo ја најави конзолата Switch 2 (ВИДЕО)
Јапонскиот гигант Nintendo ја претстави својата најнова конзола – Switch 2, со кратко најавно видео на YouTube. Иако без многу детали, официјалните информации за уредот се очекуваат на 2 април, а пуштањето во продажба е планирано за 2025 година.
Switch 2 претставува хибрид помеѓу стационарна и преносна рачна конзола, надграден со поголем екран и нови Joy-Con контролери кои се прикачуваат на уредот со магнети. Видео презентацијата покажа сцени од играта Mario Kart, а се очекува заедно со конзолата да биде лансирана и новата Mario Kart 9.
Уредот ќе биде компатибилен со постарите Switch игри, но одредени наслови може да имаат ограничена или целосно отсутна поддршка. Новиот Switch 2 доаѓа во минималистичка, целосно црна боја, што означува промена од претходните повеќебојни комбинации.
Повеќе детали за Switch 2 ќе бидат објавени во април, а љубителите на Nintendo со нетрпение очекуваат нови информации за оваа конзола.
Извор: B92
-
Кичево17 часа
Најсреќните пронаоѓачи до сега од Кичево, кои го извадија светиот Крст за „Водици“ од осветените води
-
Кичево14 часа
Известување до сите водичарски кумови од Кичево и кичевско
-
Кичево1 ден
Познато времето на спуштање на светиот Крст во Кичево, како и распоредот за претстојниот празник „Богојавление Водици 2025“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (17 јануари)
-
Македонија6 часа
Посебно внимание во сообраќајот поради појава на голомразица „подледена површина“ на асфалтот
-
Македонија2 дена
Дизелот од ноќеска поскапува за 2 денари, додека бензините остануваат со иста цена
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за сабота (18 јануари)
-
Магазин16 часа
Се појавува ажурирање за телефоните на Xiaomi: Дали вашиот уред ќе добие HyperOS 3 и Android 16?