Следете не

Здравје и убавина

Три чудни сигнали можат да покажат дека сте прележале корона

Објавено пред

на

Медицинското списание „Lanset“ ги објави збирните резултати од студиите за последиците од коронавирусот, а во текстот се наведени и симптомите што ги чувствуваат луѓето кои биле излекувани од коронавирусот со недели, дури и месеци по лекувањето.

„Lanset“ наведува вкупно девет симптоми кај испитаници кои имале умерена до тешка клиничка слика, а многу од нив биле хоспитализирани. Според студијата, три четвртини од нив имале барем еден од следниве симптоми дури шест месеци по акутната фаза на болеста.

Дури 26 проценти од испитаниците имале проблеми со спиењето, несоница или тешкотии при заспивање, што е сериозен проблем затоа што добриот и редовен сон е еден од клучните начини за опоравување на организмот, а овие долгорочни симптоми го попречуваат и забавуваат закрепнувањето. Понатаму, депресијата и вознемиреноста биле пријавени од 23 проценти од испитаниците.

“Ова се вообичаени последици од хронични болести, бидејќи едно лице има впечаток дека телото го изневерило, дека не може да предвиди што ќе се случи понатаму, ниту да го препознае сопствениот организам. Ова предизвикува вознемиреност, слаба концентрација, проблеми со спиењето, кошмари и грижи “Болеста честопати нè изолира од нашиот систем за поддршка, па затоа сами се справуваме со овие чувства. Анксиозноста во тешки форми може исто така да доведе до напади на паника”, вели Теса Милер, автор на “Што не те убива”.

Девет проценти од испитаниците пријавиле болка во зглобовите, што е честа појава во воспалителните процеси во телото.

„Воспалението го напаѓа зглобното ткиво, предизвикувајќи оток, задржување на течности, оштетување на мускулите и други проблеми“, објасни ортопедскиот хирург д-р Кристофер Траверс.

Студијата исто така вклучува и претходно познати симптоми како што се мускулна слабост, брз замор, плитко дишење, губење на чувството за мирис и вкус, како и опаѓање на косата. Сепак, горенаведените три симптоми се издвојуваа во текстот како особено интересни бидејќи досега не ги пријавиле многу луѓе.

Здравје и убавина

На колку време треба да се менува четката за заби?

Објавено пред

на

„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!

Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.

И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.

Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.

Извор: denar.mk

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Како да направите диетален домашен сок од ананас

Објавено пред

на

Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.

Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.

Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…

Состојки:

– 1 ананас

– 1 лажица ленено масло

– 2 дл. Ладна вода

– малку сок од лимот или лимета

Подготовка:

Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.

Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата

Објавено пред

на

Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.

Состојки:

– 2 литри обична природна вода

– 1-2 големи портокали

– 3 киви

– 5 јагоди

– сок од половина лимон или лимета

Начин на подготовка:

Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт5 часа

ФФМ ги истакна условите за работа на тренери и физиотерапевти од Спортската академија

ФФМ исткана оглас за тренери и физиотерапевти за работа со фудбалери од Спортска академија. Во продолжение, заинтересираните кандидати може да...

Кичево6 часа

Поради загадениот воздух во Кичево, издадени важни мерки и препораки од Министерството за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот...

Lifestyle9 часа

Кремаста супа од компири за студени денови: Брз и вкусен ручек за петмина

Ако обожавате крем супи, оваа брзо подготвена верзија со компири ќе стане редовен дел од вашата трпеза! Еве како да...

Lifestyle9 часа

Здрави навики за исхрана за различни сезони: Како да ја прилагодите вашата исхрана на пролет, лето, есен и зима

Секоја сезона носи свој уникатен сет на промени кои влијаат на нашето тело, расположение и потреби за хранливи материи. Прилагодувањето...

Lifestyle9 часа

Кардиолозите предупредуваат: Ова е најштетниот вид кафе за вашето срце

За многумина кафето е незаменлив дел од утринската рутина. Но, дали сте знаеле дека начинот на кој го подготвувате кафето...

Lifestyle9 часа

Внимателно со киселата зелка: Кои се ризиците за здравјето?

Киселата зелка е традиционална храна со многу здравствени придобивки, но може да биде ризична за луѓето со одредени здравствени проблеми,...

Магазин9 часа

Instagram Reels сега траат до 3 минути: Одговор на TikTok и YouTube Shorts

Instagram воведе ново ажурирање кое го продолжува времетраењето на видеата во Reels на 3 минути, што е значителна промена во...

Магазин9 часа

Google Maps доби нови алатки со вештачка интелигенција за подобро корисничко искуство

Google Maps продолжува да ги подобрува своите функционалности, правејќи ја оваа услуга уште попрактична за корисниците ширум светот. Пред две...

Мобилни уреди19 часа

(ВИДЕО) Добредојде за најновата серија на Samsung Galaxy, модел S25, големата еволуција на „Galaxy AI“

„Galaxy Unpacked 2025“ ни донесе нови телефони од јужнокорејскиот гигант, а можеби и уште изненадувања. Samsung го одржа својот настан...

Хороскоп21 час

Хороскоп за четврток (23 јануари)

ОВЕН Не се опуштајте премногу, особено ако имате впечаток дека имате целосна контрола врз вашиот живот и настаните што ве...

НАЈЧИТАНИ