Следете не

Македонија

Ловџии: Утврдена трихинелоза кај дивите свињи во Македонија (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Љубителите на диви свињи да внимаваат со јадење на месото. Во цела Македонија е регистрирана трихинелоза, сериозно паразитско заболување, кое е опасно за човекот. Луѓето може лесно да се заразат со овие паразити, ако јадат месо од дива свиња, посебно на скара, колбаси или пушено месо кои не се доволно термички обработени. Паразитите ги напаѓаат мускулите, предизвикуваат гадење, повраќање, дијареа, отоци на очите и болки во мускулите кај луѓето.

„Станува збор за заразно презитарно заболување што претставува висок ризик по здравјето, како одговор на институцијата за безбедност на храната и за здравјето на потрошувачите, апелираме, ловците на диви свињи задолжително да достават примерок на лабораторско испитување за присуство на трихинела во местото.“ – изјави Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Директорот на Агенцијата за храна вели дека кај домашните свињи болеста не е регистрирана, но се предупредува месото да се провери во лабораторија, пред да се јаде, зашто паразитетите не се гледаат со голо око.

„Апелираме до одгледувачите на свињи во домаѓинствата да спречат изложеност на домашните свињи со глодари и дивеч. Нис производите и помиите не треба да се чуваат на одгледувалиштата и не смее да се даваат како храна на животните. Храната мора да да се чува на начин со кој се спречува пристап на глодари и дивеч, а угинатите животни веднаш треба да бидат отстраната“ – вели Атанасов.

Директорот гарантира дека месото купено од продавница е безбедно, зашто сите пратки се испитуваат одделно. Но, сега посебен апел се упатува до ловџиите. Испитувањето на месото во лабораториите би ги чинело 500 денари, а не провереното може да ги чини и живот. Атанасов вели дека на заразените животни во шумите им нема спас, тие не можат да бидат излечени.

24.mk

Македонија

Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

Објавено пред

на

ФОТО: Никола Наумоски @nikolanajk1

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.

Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Македонија

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

Објавено пред

на

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.

Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.

Прочитај повеќе...

Македонија

Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Објавено пред

на

©LukoilMacedonia

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.

– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.

БС Драчево

БС Драчево

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп8 часа

Хороскоп за недела (23 февруари)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Временска прогноза14 часа

Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија...

Свет14 часа

(ВИДЕО) Страшна несреќа во САД, автомобил падна од мост

Во Сакраменто, Калифорнија, автомобил падна од надвозник на автопат. За чудо, и покрај тоа што се превртел и слетал на...

Мобилни уреди14 часа

Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години

Многу корисници изразуваат жалење поради отстранувањето на копчето Home и Touch ID, посочувајќи колку овие функции им биле корисни на...

Македонија16 часа

Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на...

Магазин1 ден

YouTube конечно ги намалува цените. Наскоро доаѓа нова опција Premium Lite без реклами

YouTube официјално ќе започне со поевтина претплата Premium Lite, која ќе им овозможи на корисниците да гледаат видеа без реклами...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (22 февруари)

Овен Препораката е да водите сметка со кого соработувате во иднина за да немате поголеми проблеми. Потребно е да имате...

Македонија1 ден

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г....

Lifestyle2 дена

Како да го искористите празното шише за детергент за чистење?

Пред да фрлите нешто, размислете дали може повторно да се употреби. Овој совет важи за сè – од стари тегли...

Магазин2 дена

Старомодни колачиња со јаткасти плодови кои одлично се комбинираат со кафе или чај

Овие неодоливи колачиња со ореви ќе ги воодушеват и најпребирливите љубители на слатки. Совршени за оние моменти кога сакате да...

НАЈЧИТАНИ