Следете не

Скопје

Вчера 266 санкционирани возачи во Скопје, 102 за пречекорена брзина, 20 мотоциклисти

Објавено пред

на

266 санкционирани возачи во Скопје: 102 за пречекорена брзина, 20 мотоциклисти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 266 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 13 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 102 прекршоци, нерегистрирани возила 9, 20 санкционирани мотоциклисти, 87 мерки за непрописно паркирање, 63 возила подигнати со пајак, а изречени се и 18 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Извор: СВР Скопје

Скопје

Вчера 17-годишник бил прегазен од автомобил на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје

Објавено пред

на

На 18.02.2025 околу 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(61) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од с.Страчинци, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, истакна МВР.

Прочитај повеќе...

Скопје

МВР со зајакнати контроли во главниот град

Објавено пред

на

Во текот на вчерашниот ден (18.02.2025) во периодот од 09:30 до 18:30 часот беше спроведена зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје, при што санкционирани се 262 учесници во сообраќајот.

Од нив 10 возачи управувале без возачка дозвола, изречени се три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за непропуштање пешаци на  обележан пешачки премин, четири санкции за возач почетник, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прочитај повеќе...

Скопје

МВР: Кривична пријава за малолетникот што удри пешаци во Скопје

Објавено пред

на

СВР Скопје денеска (16.02.2025) до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против малолетникот што синоќа удри пешаци во Скопје.

Имено, на 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Возачот е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава по брза постапка.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура1 час

Денеска за верниците од исламска вероисповед започнува Светиот месец „Рамазан“, месец на пости и религиозна посветеност

За верниците од исламска вероисповед од денеска започнува Светиот месец – „Рамазан“, месец на пости и религиозна посветеност. Во наредните...

На денешен ден7 часа

На денешен ден – 1 март

1562.- Католиците во Франција масакрираа над илјада Хугеноти (протестанти) за време на нивната молитва во Васи, што беше почеток на...

Хороскоп8 часа

Месечен Хороскоп (март 2025)

ОВЕН Неповолен ден за почеток на нова работа или било какви промени. Потрудете се да бидете фокусирани на старите задачи....

Култура12 часа

Бигорски Манастир ги кани сите верници на вечерна Богослужба за Прочка

Манастирот Свети „Јован Бигорски“ ги повикува верниците да земат учество во богослужбата, која ќе започне во недела, со почеток во...

Кичево14 часа

Важно сообраќајно инфо за делница кај кичевските села Србјани-Другово, на пат Кичево-Охрид

ГД Гранит АД Скопје известува за започнување со изведба на градежни работи од 03.03.2025 година на делот на кружниот тек...

Lifestyle20 часа

Со исклучување на овие уреди преку ноќ, можете да ја намалите сметката за струја

Во продолжение ви претставуваме едноставен начин како да заштедите на струја. Зошто е важно да се намали потрошувачката на електрична...

Магазин20 часа

Samsung го забрзува темпото, Galaxy S25 Edge во продажба во мај

По успешното лансирање на новата серија Galaxy S25, Samsung го најавува претстојното објавување на ултра тенкиот модел S25 Edge. Натпревар...

Магазин20 часа

OpenAI го лансираше GPT-4.5: Зошто е огромен, скап и најголем

Водачот во вештачката интелигенција, OpenAI, вчера го објави својот најнов чет-бот, започнувајќи со ограничено ширење на GPT-4.5. Извршниот директор на...

Магазин20 часа

Instagram размислува за самостојна апликација Reels во услови на неизвесност на TikTok

Instagram, наводно, планира да лансира посебна апликација за својата функција Reels, за да ја искористи неизвесната иднина на TikTok во...

Магазин20 часа

Xiaomi 15 Ultra откриен со 200 MP телефото камера – се чека верзија за Европа

Засега достапен само во Кина, но Xiaomi 15 Ultra најверојатно ќе пристигне во Европа овој викенд. Телефонот ги задржува клучните...

НАЈЧИТАНИ