Следете не

Временска прогноза

Вечерва снегот сѐ поизвесен, ова се најновите метео детали

Објавено пред

на

Под влијание на влажен и постуден воздушен бран од север, денес времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег.

Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели каде локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. На планините пак снежната покривка ќе се зголемува. Кон крајот на денов и во вечерните часови поради падот на температурите снежната граница понекаде ќе се спушти и под 1000 метри, особено на север и на запад. Ќе започне да дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северн правец.

Температурите на воздухот ќе сде искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Во текот на денот ќе започне да дува северен ветер кој повремено ќе биде и засилен по интензитет, додека во вечерните и ноќните часови поради падот на температурата во делови од Скопската котлина ќе има услови за сосема слабо провејување на снег.

Максималната температура ќе се искачи до околу 8 степени.

Потоа од утре до недела времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност. Наутро ќе биде постудено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека максималните температури ќе бидат во пораст и до крајот на неделава ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени.

Извор: Славчо Попоски / Метеоаларм

Временска прогноза

Стабилизација и целосно разведрување, но со многу ниски ноќни и утрински температури, нови снежни врнежи за сега на повидок после големиот празник Богојавление „Водици“

Објавено пред

на

Од овој петок, па за време на викендот ќе имаме стабилизирање и целосно разведрување на времето во Македонија, и истото ќе услови да имаме многу студени ноќи и утра, кога температурите насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата.

На повеќе места температурите се очекува да се спуштаат под -5 степени, односно близу -10 степени, а во делови од Македонија тие ќе се спуштаат и под -10 степени, односно до близу -15 степени.

Од друга страна пак, максималните дневни температури ќе бидат во постепен пораст, па така од петок и за викендот насекаде ќе бидат над нулата, со исклучок на високите планини и Скијачките центри.

После ова, на повидок и тоа по 20 јануари се нови многу ладни продори од север и од северисток кој ќе условуваат многу ниски температури на воздухот, а ќе донесат и нови снежни врнежи.

Состојбата околу ова постојано ќе ја следам и јавноста навремено ќе биде информирана токму околу оваа ситуација, информира

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Доаѓаат минусни температури и преку ден, ќе имаме силен мраз и замрзнати површини

Објавено пред

на

Пред нас е исклучително ладно време, со многу ниски температури на воздухот, како во ноќните и во утринските часови, па така и преку ден. Во ноќните  и во утринските часови насекаде низ Македонија температурите ќе се спуштаат под нулата, на повеќе места и близу -10 степени, а во делови од Македонија температурите се очекува да се спуштат и под -10 степени, односно близу -15 степени.

Максималните дневни и преку ден на повеќе места ќе бидат близу, или за некој степен над нулата, а во делови од Македонија тие и преку ден ќе останат под нулата, особено до крајот на работнава седмица.

Со оглед на тоа дека насекаде низ Македонија има снежна покривка, и појава на силен мраз, а појава на силен мраз очекуваме се до крајот на оваа седмица, особено силен мраз очекуваме во ноќните  и во утринските часови.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ И ДО ПЕШАЦИТЕ: Со оглед на тоа дека очекуваме појава на силен мраз, а снежната покривка во повеќето градови низ Македонија е позначителна, и не очекуваме нејзино забрзано топење во следните денови, и тоа поради многу ладното време кое ќе го имаме, во ваква ситуација, ги предупредувме возачите да внимаваат како се движат по лизгавите коловози, односно да се движат со намалена брзина, исто така крајно внимателни да бидат и пешаците со нивното движење, за да не дојде до пад и до создавање на повреди кај граѓаните. Ова важи за надлежните служби кои се задолжени за чистење снег, навреме да ги санираат остатоците од мраз и снег, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

За околу два часа започнува снежниот циклон кој ќе трае до понеделник?

Објавено пред

на

Од денешната саботна вечер започнува големиот снежен бран насекаде во Македонија, кој како што и претходно кажав ќе биде во вид на снежно невреме, што значи врнежите ќе бидат доста обилни и проследени со засилен ветер од северен правец (повремено со брзина од над 60 км/час), па вечерва, кон утрешниот ден (недела) врнежите насекаде во Македонија ќе преминуваат само во врнежи од снег.

Насекаде низ Македонија ќе се формира позначителна снежна покривка, а поради засилениот ветер од северен правец ќе има појава  и на снежни наноси.

До понеделник наутро во најголем дел од Македонија, и тоа во градовите ќе се формира снежна покривка со висина до околу, и над 20 сантиметри, во повеќето градови и со висина од над 30 сантиметри, локално дури и над 40 сантиметри, а на планините  и на Скијачките центри се очекува нов снег со висина од над 50 сантиметри, па дури до околу и над еден метар.

Во Скопската котлина до понеделник ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 сантиметри, а во повисоките предели од колтлината, како и на околните планини таа ќе биде значително поголема.

Попрецизно:

Најновата нумеричка прогноза потврдува формирање на снежен бран во Македонија.

NOTHAS Часовни врнежи во југоисточна Европа – ТУКА

Од денес 18:00 до 13.01.25 00:00ч

(понеделник) Временски синопсис: Секундарен циклон со влажен фронтален бран, кој во текот на ноќта, прво во југозападните делови, наутро и во текот на денот на 12 јануари ќе донесе обилни врнежи од снег во Македонија

СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека не очекуваат обилни снежни врнежи насекаде во Македонија, на возачите им препорачувам да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила, особено доколку се движат низ планинските превои, каде поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Исто така, Скијачите кои ќе се наоѓаат на Скијачките центри, ги советуваме да не се движат кон поголеми надморски височини поради обилните врнежи од снег и значително намалената видливост која ја очекуваме.

Известува Славчо Попоски, метеоролог од Метеоаларм.мк

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп52 секунди

Хороскоп за петок (17 јануари)

Овен Сте морале многу нешта да зацврстите во своите лични совети за да можете да ги предочите своите идеи, кои...

Автомобили2 часа

Škoda испорача 926.600 возила на клиентите ширум светот во 2024 година

Чешкиот производител на автомобили ги зголеми испораките на возила за 6,9% во споредба со 2023 година. Најпродавани модели беа Octavia...

Кичево3 часа

Познато времето на спуштање на светиот Крст во Кичево, како и распоредот за претстојниот празник „Богојавление Водици 2025“

Се известуваат сите оние православни верници кои сакаат да земат учество во извлекувањето на Светиот Крст од осветените води во...

Македонија10 часа

Дизелот од ноќеска поскапува за 2 денари, додека бензините остануваат со иста цена

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

На денешен ден22 часа

На денешен ден – 16 јануари

1778.- Франција ја призна независноста на Соединетите Држави за време на американската војна за независност од британското колонијално владеење (1775-83)....

Временска прогноза23 часа

Стабилизација и целосно разведрување, но со многу ниски ноќни и утрински температури, нови снежни врнежи за сега на повидок после големиот празник Богојавление „Водици“

Од овој петок, па за време на викендот ќе имаме стабилизирање и целосно разведрување на времето во Македонија, и истото...

Хороскоп24 часа

Хороскоп за четврток (16 јануари)

ОВЕН Можеби се премногу посветени на некои ситни обврски и проблеми, па ги занемарувате оние крупните. Може да очекувате пријатна...

Спорт1 ден

Македонската ракометна репрезентација со „реми“ го започна големото натпреварување, испуштивме голема победа против Унгарците, но одиме понатаму!

Репрезентацијата на Македонија го постигна првиот бод на Светското првенство, бидејќи во првиот осминафинален натпревар ремизираше со Унгарија 27:27. Во...

Автомобили1 ден

Последните десет години овие популарни автомобилски брендови скокнале неверојатни 68 отсто за нивната куповна цена

Драматичниот скок на цените на новите автомобили во Европа открива загрижувачки тренд кој може да го промени начинот на кој...

Скопје1 ден

Скопјанка пријавила дека машко лице ја допирало по телото

На 14.01.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 18 – годишна девојка од Скопје пријавила дека во влез од станбена...

НАЈЧИТАНИ