Кичево
Вчера во ресторан „Милениум“ се одржа „Вешта жена“ на Кичево за 2019 година
По 18-ти пат во Кичево се одржа манифестацијата „Вешта жена“. Во изедначена конкуренција по вторпат за Вешта жена на Кичево е прогласена Аница Трајкоска за аранжманот „Античка маса“.
– На годинешната 18-та по ред манифестација „Вешта жена“ на Кичево за 2019 година, во конкуренција беа три маси и тоа масите на Ана Тодороска, Панде Јовческа и Аница Трајкоска, чија маса Антика беше прогласена за најдобра, а тоа и овозможи да биде прогласена и за Вешта жена на Кичево за 2019 година.
Со освојувањето на оваа титула, Трајкоска се здоби со право да учествува и на завршната манифестација во Тетово. Во Гран При за првпат учествуваше Оливера Ширгоска и таа ќе биде дел од Републичката манифестација Вешта жена, што ќе се одржи пролетва во истиот град.
Манифестацијата беше збогатена и со доделување на повеќе благодарници и тоа на Розета Лазареска за 15-годишно учество на истата, а беа прогласени и три ВИП жени и тоа: од областа на менаџментот Цена Ѓорѓијоска, од образованието Силвана Ѓоргоска и од здравството Малина Ацеска – информира Јагода Петреска, претседателка на организацискиот одбор.
Победничката Аница Трајкоска беше презадоволна што по вторпат е прогласена за Вешта жена на Кичево.
– Многу сум задоволна од изборот да бидам прогласена за Вешта жена за 2019 година за Кичево. Темата Антика ја избрав затоа што сакав оваа година да ја претставам преку изгледот на масата, колку во минатото се живеело поедноставно, но сепка и во тие околности многу елегантно – додаде Трајкоска.
Несекојдневниот настан се случи во реномираниот Кичевски ресторан „Милениум“ каде гостите беа премногу задоволни од целата ангажираност на персоналот.
Честитки до добитничките на наградите на овогодинешната „Вешта жена“, да остане традиција!
Текст: Зоран Антоски
Кичево
Дедо Мраз пристигна во Кичево, на голема радост на најмилите
Токму така, секој ден со почеток од 12:00 до 20:00ч, во недела од 12:00 до 19:00ч, на радост на најмилите, оние кои најмногу му се радуваат на Дедо Мраз, „ФОТО Зоран“ специјално ви нуди професионално фотографирање.
Не ја пропуштајте уникатната понуда да ја овековечите годината со спомени на кои со задоволство ќе се навраќате, а од 2-ри јануари Дедо Мраз ќе биде гостин и на најголемиот Хуманитарен Базар на градскиот плоштад во Кичево.
Добредојде Дедо Мраз и кај нас, Хо Хо Хо… Дечиња, ве покануваме заедно да се забавуваме со Дедо Мраз и да се фотографираме.
Кичево
Соопштение од кичевската црква Св.Петар и Павле по повод благословување и осветување на славските колачи за големиот ден Св.Николај Мирликијски
Кичевската Православна црква Св.Апостоли Петар и Павле преку соопштение ги известува верниците кои ја слават домашната слава и именденот посветени на свети Николај Мирликијски (Св.Никола), дека на ден 18.12.2024 година (среда) со почеток од 06:00 часот, па се до 15:30 часот ќе се благословуваат славските колачи.
Исто така, на ден 19.12.2024 година (четврток), ќе се осветуваат славските колачи со почеток од 07:30 часот, па сѐ до 12:00 часот на пладне.
Се повикуваат верниците да бидат трпеливи додека очекуваат да им се благословат колачите, се вели во интегралното соопштение за јавноста.
Кичево
Кичево се спрема за најубавите празнични денови од годината, плоштадот ќе биде украсен со најубавата „Витлеемската Пештера“ и огромна елка со многу подароци и лампиони
Кичево традиционално се подготвува за празничните денови, на голем радост на најмалите но и на возрасните. И оваа година нашиот град ќе биде украсен со Витлеемската Пештера и природна елка накитена со убави лампиони и подароци, поставени во центарот на градот на старото место минатата година.
Активно се спрема и „Хуманитарниот Божиќен Базар“ кој ќе започне официјално од 2-ри јануари (четврток) од 18:00ч, а ќе имаме одлична програма и многу забава.
Благодарение на група граѓани кои несебично помагаат околу ефикасноста на организацијата и допринесуваат и оваа година ќе блесне најдобриот спектакл во нашиот град, овој пат збогатен со многу изненадувања, богата трпеза за уште поголем хуманитарен карактер – како главно мото!
За сите новости и дополнителни изненадувања, како и за комплетната агенда ќе ве известуваме благовремено!
p.s. Сите кои сакаат да бидат дел и да придонесат, можат да ни се приклучат и заеднички да направиме нешто повеќе за нас и нашите генерации кои доаѓаат по нас, контрактирајте не со порака ТУКА, или на тел. ☎️ 078/655-993
Повеќе информации за „Хуманитарниот Божиќен Базар“ ќе најдете ТУКА
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (18 декември)
-
Кичево2 дена
Кичево се спрема за најубавите празнични денови од годината, плоштадот ќе биде украсен со најубавата „Витлеемската Пештера“ и огромна елка со многу подароци и лампиони
-
Кичево1 ден
Соопштение од кичевската црква Св.Петар и Павле по повод благословување и осветување на славските колачи за големиот ден Св.Николај Мирликијски
-
Кичево13 часа
Дедо Мраз пристигна во Кичево, на голема радост на најмилите
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за четврток (19 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Еве какво време не очекува викендот пред нас
-
Автомобили1 ден
По нивното автомобилско стратешко партнерство, дали производителите на автомобили „Honda“ и „Nissan“ ќе се спојат?
-
Култура11 часа
Пред нас е големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!