Магазин
(ВИДЕО) Фчерашни Новости: Колку е тешко да се избере вистинскиот кандидат!?

Во последната последна епизода на „Фчерашни Новости“, за ова последно лето од 2020 година, решивме да посветиме малку време и на љубовта, со шоуто наречено „Луди за љубов“. Во шоуто ќе можете да погледнете колку е тешко да се избере некој на подолго време, кои карактеристики треба да ги има кандидатот, зошто не се седнува со секого на маса и други прашања општокорисни за меѓучовечките односи.
Македонија е земја на генијалци заборавени од државата. Еден таков пронашол нов принцип на гласање со помош на нуркачко одело. Не веруваме дека овој принцип ќе се прошири кај народот, со оглед на тоа што секој треба да си купи своја боца за кислород, но генијалците секогаш наоѓаат свој простор во Фчерашни новости да го презентираат својот изум.
Од посериозни принципи на гласања го имаме Стојанче со неговата „Обука за гласање“. Тој ќе ви демонстрира како да гласате внимателно и без страв да не го закачите оноа на „К“, а што не е пиво. Ќе дознаете зошто пенкалото за гласање не се грицка без оглед на тоа што носите маска, а ако го гризнете ќе треба да си го земете дома, освен ако не е врзано за гласачката кутија, тогаш не веруваме дека ќе ви дозволат да однесете дома и гласачка кутија.
Направивме и интервју со најозборуваната личност во Македонија во последно време, ковид – 19. Дознавме како дошол кај нас, што мајка бара тука и кога ќе си оди, ако може што поскоро би било супер. Ако треба еве и ние ќе се собереме и ќе му платиме карта во еден правец, само нека се мани веќе од кај нас.
Се врати и Путец. Најбараниот бербер кој е секогаш информиран од прва рака. Ќе ви раскаже која фризура ќе биде хит ова лето; зошто не се остава на берберот сам да одлучи како ќе ти биде патецот, зошто не се става афтершејв на глава и други берберски совети кои веруваме дека ќе ви се најдат во периодот кој следи.
Целата епизода ја имате на јутјуб.
Имајте убаво лето, а ние, здравје Боже, се гледаме од септември.
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (31 март)

ОВЕН
Не очекувајте премногу на деловно поле денес. Сѐ укажува на проблеми и компликации. Можеби личноста со која сакате врска и понатаму се двоуми и не е сигурна како да се постави кон вас. Проблеми со грчеви во мускулите.
БИК
Доколку планирате патување може да очекувате дека околностите добро ќе се наместат. Вашата емотивна ситуација е многу комплицирана. Не ви е лесно да се ослободите од влијанието на минатото. Избегнувајте пороци.
БЛИЗНАЦИ
Пред вас е поволен период за нови деловни проекти или за почеток на работа на некое ново работно место. Решивте да ставите точка на односот во кој не сте задоволни. Сметате дека заслужувате повеќе. Проблеми со бубрезите.
РАК
Позитивниот став на работното место ќе ви се исплати. Важно е да не престанувате да се трудите и ќе напредувате. Ќе ви биде тешко да ги решите проблемите кои ги имате во вашата емотивна врска. Можна е вознемиреност.
ЛАВ
Ве очекува ден кој ќе биде многу напнат. Можни се многу стресови и промена на работата. Подгответе се за важен разговор со саканата личност. Сега е момент да разјасните некои работи. Проблеми со видот.
ДЕВИЦА
Подгответе се за компликации на работа. Во наредниот период многу работи нема да бидат онака како што очекувате. Можеби немавте доволно време да бидете со саканата личност и таа се оддалечува од вас. Пад на имунитетот.
ВАГА
Не е премногу поволен ден за започнување на бизнис. Потрудете се сѐ она што ви е помалку важно да го одложите. Пред вас е прилика за незадолжителна авантура. Можно е сепак да не прифатите. Чувствителни бели дробови.
ШКОРПИЈА
Можно е да имате некој губиток на работа или некоја материјална штета. Доколку сте во брак, ќе имате проблеми во однос на партнерот во текот на денот. Болки во стомакот.
СТРЕЛЕЦ
Можеби нема да го добиете унапредувањето на кое се надевате и ќе имате некои проблеми на ова поле. Упорни сте да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Сметате дека таа е идеална за вас. Хроничен умор.
ЈАРЕЦ
Пред вас е период во кој ќе имате можност за да ги поправите оние работи кои на ова поле ви претставуваат пречки. Можно е саканата личност да ви замерува некои работи и време е да разговарате за тоа. Променливо расположение.
ВОДОЛИЈА
Ако бидете премногу импулсивни и строги во комуникацијата со соработниците, многумина ќе се свртат против вас. Размислувате за брак или заедница со личност која ви се допаѓа. Чувајте се во сообраќајот, патите од недостаток на концентрација.
РИБИ
Не сакате да се откажете од своите идеи иако засега не сте добиле никаква поддршка за нивна реализација. Доколку сте слободни, пред вас е период кој може да донесе почеток на нова врска. За оние кои веќе се во врска можно е да рипаат во тавче за скоро време. Можни се проблеми со притисокот.
Lifestyle
Скокањето со јаже – едноставна навика што го продолжува животот

Скокањето со јаже е омилена детска активност, но експертите препорачуваат да ја вратиме во секојдневниот живот поради нејзините бројни здравствени придобивки. Според познатиот олимписки тренер за спринт, Стјуарт Мекмилан, оваа едноставна вежба може да биде дури и поефикасна од џогирањето.
Зошто скокањето со јаже е толку корисно?
Мекмилан, кој има тренирано повеќе од 70 олимпијци, објаснува дека прескокнувањето е совршена комбинација на аеробни и плиометриски вежби – експлозивни скокови кои развиваат брзина, координација и сила.
Во подкастот The Huberman Lab, тој ги истакна главните придобивки:
-
Зајакнување на срцето и белите дробови
-
Подобрување на координацијата и мозочната функција
-
Јакнење на мускулите и сврзното ткиво
-
Намалено оптоварување на зглобовите во споредба со интензивните вежби
„Следниот пат кога ќе трчате, пробајте да менувате – трчајте 30 секунди, а потоа прескокнувајте со јаже. Ќе почувствувате разлика веднаш“, вели Мекмилан.
Позитивно влијание врз држењето на телото
Д-р Ендрју Хуберман, водител на подкастот, ја сподели својата лична искуство: „Се чувствував фантастично! Моите колкови беа опуштени, држењето ми беше совршено, дури ми се чинеше дека сум повисок за еден инч.“
Научни докази за здравствените придобивки
Истражувањата, вклучително и студија од 2010 година, покажуваат дека динамичните вежби како скокањето со јаже го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и го подобруваат квалитетот на животот во подоцнежните години. Дополнително, оваа активност создава помало оптоварување на зглобовите во споредба со други интензивни тренинзи, што ја намалува можноста за повреди.
Само 10 минути дневно се доволни
Мекмилан препорачува скокањето со јаже дури и како побезбедна алтернатива за спринт, бидејќи помага во зачувување на брзината и експлозивноста што природно ја губиме со возраста. Според него, само 10 минути дневно се доволни за да ги активирате мускулите одговорни за брзи реакции и стабилност.
Извор: Index
Lifestyle
Како да заштедите на сметките за вода: 7 едноставни совети од експерти
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (30 март)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!
-
Временска прогноза2 дена
Викендов невреме проследено со дожд и грмежи – ова се последните информации
-
Lifestyle2 дена
Брз трик за одмрзнување месо: Подготвено за само 5 минути!
-
Lifestyle2 дена
Топ 10 намирници за појадок: Овесната каша и јајцата ќе ве држат сити до ручек
-
Lifestyle2 дена
Зелениот чај или кафето: Зошто треба да го смените утринскиот пијалок?
-
Магазин2 дена
Google Maps ќе чита Screenshots: Нова функција што го олеснува планирањето на патувањата
-
Спорт5 часа
ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар