Спорт
(ВИДЕО) Охриѓани прославија 30 години постоење на Рибари со спектакуларна баклијада

Денеска, со голема и богата целодневна прослава навивачката група „Рибари“-Охрид ќе го одбележи јубилејниот 30-ти роденден.
Охридските навивачи долго време се подготвуваа за роденденот и најавија голем спектакл, кој ќе ги надмине сите досегашни во нашата земја и пошироко.
Прославата почнува во 13 часот на фудбалскиот натпревар Охрид – Кораб. Продолжува во 15 часот кога сите генерации „Рибари“ ќе се соберат пред Чинарот и пеш ќе се упатат до СРЦ „Билјанини Извори“ каде се игра ракометното супер дерби Охрид – Пролет. После завршување на ракометот следува пиротехничко шоу на градското пристаниште.
Бидете дел оваа приказна, бидете дел од „Рибари“ сега и секогаш!
Напред Охрид!
Стои во натписот на OhridNews од кои и ја превземаме статијата во целост.
Секоја чест!
Спорт
Тенис: Фриц и Меншик во осминафиналето на Мајами

Светскиот рекет број четири, Американецот Тејлор Фриц се пласираше во осминафиналето на Мајами опен откако вечерва го совлада Канаѓанецот Денис Шаповалов со 7:5, 6:3 во директни сетови. Победата над 28. играч на АТП листата ја оствари по час и 21 минута.
Во осминафиналето Фриц ќе игра против Австралиецот Адам Волтон. Пласман во осминафиналето обезбеди и Чехот Јакуб Меншик кој по два сета го совлада Русинот Роман Сафиулин со 6:4, 6:4.
Меншик, кој се наоѓа на 54. место во светот, по час и 14 минути го победи 71. играч на АТП листата. Тој во осминафиналето ќе игра против сонародникот Томаш Махач.
Спорт
(ВИДЕО) Премиерно „Пресинг“ нов спортски поткаст, отворено со селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски како прв гостин

Од денес премиерно во етер започна специјализираниот спортски подкаст „Пресинг“, проект на спортската редакција „Екипа.мк“, наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно!
Во првата емисија на „Пресинг“ улогата на ко-водител, покрај новинарот на Екипа, Горан Бошев, ја има легендата Дарко Панчев, најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, додека премиерно гостин е селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски.
Еден час муабет, еден час фудбал во вистински рамки на зборот, погледнете и дадете поддршка на спортската редакција „Екипа“, заследете го нивниот јутјуб канал како и новиот „Пресинг“, со тоа што ќе ги следите сите новости кои се предвидени во овој спортски поткаст со најдобри гости.
Им посакуваме успешна работа и успешен проект на колегите од „Екипа“, во продолжение проследете го целиот поткаст:
Спорт
(ВИДЕО) Коментаторот неможеше да ги скрие солзите за несреќно загинатите во Кочани, но и за Вукашин (19) кој загина во Нови Сад

Коментаторот на РТС1 г-дин Александар Стојановиќ неможеше да ги скрие емоциите и солзите по нагласувањето на жртвите пред едноминутното молчење пред мечот Србија – Австрија.
Фудбалерите, судиите, стручниот штаб, публиката оддадоа почит према загинатите во Македонија, Кочани, како и на екс-фудбалерите Андрија Делибашиќ и Радиша Илиќ, на Душан Маравиќ и на момчето Вукашин Црнчевиќ, кој за жал беше шеснаесетта жртва од уривањето на кобната настрешница во Нови Сад.
Aleksandar Stojanović nije uspeo da zadrži emocije kada je bio minut ćutanja na meču Srbija – Austrija pic.twitter.com/I2eo4INKWm
— sportsscandals (@sportsscandals1) March 23, 2025
-
Кичево2 дена
Утре следните кичевски села ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на „ЕВН КЕЦ Кичево“
-
Култура1 ден
(ФОТО) Во кичевското ЦОУ „Христо Узунов“ реализирана работилница со дечиња под наслов „Позитивна комуникација“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (24 март)
-
Македонија3 часа
(ВИДЕО) Јован кој спаси 20 деца во траорната несреќа во Кочани, денес беше пречекан со аплаузи
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Коментаторот неможеше да ги скрие солзите за несреќно загинатите во Кочани, но и за Вукашин (19) кој загина во Нови Сад
-
Спорт2 дена
Половина стадион распродаден, во вторник сите на градски на Македонија – Велс!
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за вторник (25 март)
-
Автомобили1 ден
Дали знаете за што служат рачките во автомобилите? Не е тоа што мислите.