Следете не

Видео

(ВИДЕО) Си го крцка снег во Маврово вечерва

Објавено пред

на

Снегот ги израдува најмладите оваа вечер во Маврово, а кон нашите краишта се очекува токму од сабота…

Македонија

Посебно внимание во сообраќајот поради појава на голомразица „подледена површина“ на асфалтот

Објавено пред

на

Нашиот сообраќаен сервис апелира за поголемо внимание во патниот сообраќај поради појава на голомразица (подледена површина) на коловозот во нашиот регион, поготово во доцните и раните утрински часови на превој Пресека, Стража и Кичево.

Имајте пријатно и безбедно патување, проследено со законски поставената патна и сообраќајна сигнализација

Прочитај повеќе...

Македонија

„Dacia Duster“ добива уште две верзии 4×4, на пазарот достапен ќе биде и новиот бензинец 1.2 турбо мотор со 130 коњски сили

Објавено пред

на

Кога пристигна новиот Dacia Duster, на клиентите не им беше понуден турбодизел моторот, кој беше столбот на погонот 4×4 во претходните две генерации на овој модел. Сега верзијата со погон на сите тркала е придвижувана од 1,2-литарски турбо бензинец со 130 КС, но тоа очигледно не е доволно.

Имено, Dacia Duster наскоро ќе биде достапен во хибридна верзија со автоматски менувач и погон на сите тркала, потврди извршниот директор Денис Ле Вот.

„Имаше нешто што недостасуваше во нашиот опсег. Работевме напорно на тоа бидејќи мораме да ги направиме овие системи достапни. Ле Вот изјави дека погонот на 4 тркала ќе биде поврзан со хибриден погонски систем TCe 140, а на некои пазари и систем Bi-Fuel LPG. Во хибридниот систем задната оска ќе се движи од електричен мотор, пренесува Autocar.

Новите модели се очекуваат на крајот на годината. Очигледно е дека ова е обид на Dacia да понуди поекономични мотори/погонски системи на своите верзии 4×4 како адекватна замена за дизел моторите.

Извор: AutoCar

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) Петта футсал шампионска титула за „Лукоил Македонија“ во „Бизнис Лигата“

Објавено пред

на

Многу публика и со позитивна атмосфера заврши финалниот меч во Бизнис Лигата на Македонија, одигран во СЦ Борис Трајковски.

Во големото финале од Бизнис Лигата на Македонија кое водеше до шампионската титула вчера силите ги одмерија екипите на бранителот на титулата Лукоил и Ван Хоол.

Екипата на Ван Хоол уште во раната фаза од натпреварот во 7та минута дојде до водство од 0-1 со погодокот на Даниел Стаменковски.

По овој погодок Ван Хоол играше повлечено со целосен акцент на играта во одбраната, со ваква поставеност зададе големи проблеми во нападот на Лукоил кој не можеше да најде решение за ваквата одбрана на Ван Хоол. Од ова и предноста на Ван Хоол од 0-1 на полувремето.

Второто полувреме Лукоил го отвори со офанзивна игра и пресинг по целиот терен, со ваква игра успеваше да развие контра напад кој преку Стојанов во 23та минута успеа да го претвори во гол и израмни на 1-1.

Во понатамошниот дел од натпреварот кај Лукоил проработи и Иван Стојчев кој со два гола во низа успеа да му донесе на Лукоил водство од 3-1. Екипата на Ван Хоол беше упорна и со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот, но искуството на Лукоил дојде до израз во самиот финиш кога играа смирено со долги напади.

Во ваквата игра Александар Ѓоргиевски успеа да постигне гол и да ја запечати победата.

Лукоил со оваа победа од 4-1 стана старо-нов шамипон по 5-ти пат на Бизнис Лигата на Македонија, додека задоволството и среќните моменти за освоеното прво место не ги криеше и првиот човек на Лукоил Македонија, г-дин Андреј М. Куку, кој дава огромна поддршка за спортот, па може често да се забележи неговото присуство каде настапуваат луѓе од компанијата.

Со официјални награди се закитија и неколку фудбалери од Лукоил во повеќе категории.

Стрелци на погодоците:

Лукоил: Горан Стојанов 23’ Иван Стојчев 29’ 33’ Александар Георгиевски 39’

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’

Нашиот медиум упатува срдечни честитки за екипата на Лукоил Македонија, целата организацијата на Бизнис Лигата и сите учесниците кои се закитија со награди.

Повеќе фотографии ќе најдете ТУКА

Дел инфо текст: Бизнис лига

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин6 минути

Зошто Switch 2 е толку скап?

Едно од поголемите изненадувања минатата недела за време на лансирањето на Nintendo Switch 2 беше неговата цена. Иако многумина очекуваа...

Магазин9 минути

Можеби мислите дека вашиот телефон е ажуриран – но има едно ажурирање што веројатно го пропуштате

Дали навистина знаете дали вашиот Android телефон е целосно ажуриран? Повеќето корисници проверуваат само за системски ажурирања, но постои уште...

Автомобили11 минути

Volkswagen води на германскиот пазар на електрични автомобили, Tesla паѓа на осмото место

Германската Федерална управа за патен сообраќај (KBA) ги објави податоците за новите регистрации на електрични возила во првиот квартал од...

Lifestyle12 минути

Преработеното месо и холестеролот: Скриената закана за здравјето на срцето

Кога нивото на холестерол во телото е превисоко, се зголемува ризикот од натрупување на наслаги во артериите, што може да...

Магазин14 минути

NVIDIA RTX PRO 6000 Blackwell: Новата 96GB ѕверка за професионалци е побрза од RTX 5090 во CGI рендерирање

Најновиот графички процесор на NVIDIA, RTX PRO 6000 „Blackwell“, покажува импресивни перформанси и веќе ги надминува очекувањата. Насочена кон професионалци...

Магазин17 минути

Apple сè уште е опседнат со идејата за целосно стаклен iPhone

Новоодобрен патент открива дека Apple продолжува со истражувањето на футуристички уреди направени целосно од стакло. Документот, кој е одобрен од...

Магазин17 минути

Nintendo воведува нова можност за дигитално изнајмување игри

На денешната презентација на Nintendo Direct, компанијата ја претстави новата функција Virtual Game Card – дигитална алтернатива на физичките картички...

Магазин20 минути

Samsung со резултати над очекувањата за првиот квартал

Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung објави дека остварил оперативен профит од 6,6 трилиони вони (околу 4,1 милијарди евра) во првиот квартал...

Магазин21 минута

Discord лансира Social SDK за подобро социјално искуство во игрите

Платформата Discord го лансираше Discord Social SDK – нова бесплатна алатка наменета за програмери која овозможува лесна интеграција на социјалните...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за вторник (8 април)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

НАЈЧИТАНИ