Кичево
(ВИДЕО) Вашите гласови одлучија втората награда во категоријата „Вести и Информации“ да дојде во Кичево за „Порта.мк“

Предмалку заврши прогласувањето за најдобрите портали за изминатата 2020 година. Номинирани беа повеќе од 500 вебсајтови во понудените категории.
Благодарение на успешната работа по речиси четири години активност низ Македонскиот и меѓународниот етер, нашиот гратски информатор, кој ги застапува сите настани, случувања, занимливости, вашиот секојдневен пријател ПОРТА.mk освои второ место во категоријата „Вести и Информации“, додека третото место го добија ценетите плусинфо, и победници во оваа категорија се незаменливите факултети.мк.
Денешното online издание и прогласување на „Сајт на годината“ е во организација на „Media Solutions“ и системот за online рекламирање „Keepaneye“.
Честитки до сите учесници и добитници на наградите, за нас е ова мотив плус за уште поуспешна работа!
Целиот лајв стрим може да го погледнете ТУКА
Благодарност до сите кои гласаа за нас!
Кичево
Управните служби во Кичево и останатите добиваат ново работно време

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.
Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот.
Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток од 08.00 часот па до 18.00 часот, а истото работна време ќе важи и за: ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.
Во останатите пак подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар; ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод; ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово; ОУР Велес за Неготино; ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка; ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово, работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.
Кичево
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги на житниот пазар, затекнати се М.Д.(60) од Скопје и А.Џ.(66) од Кичево, кои за продажба изложиле повеќе парализатори и метални палки на преклоп и други предмети.
Врз основа на членот 80 од Законот за оружје, предметите се одземени, а против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, за медиумите и јавноста известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Момчињата од „ФК Кичево“ денес одиграа два контролни меча со одличната екипа на „ФК Гостивар“ на гостински терен

Во рамки на денешниот ден нашата екипа од „ФК Кичево“ генерација 2011 и 2014 година одиграа два контролни меча со соодветна екипа на „ФК Гостивар“. Преку нашиот медиум, управата и тренерите упатуваат голема благодарност до домаќинот екипата на „ФК Гостивар“ и нивниот координатор г-дин Менсур Јакупи за одличниот прием и можноста да нашите момчиња стекнат нови пријателства и искуства.
Галерија од денешните натпревари, „ФК Кичево“ ген. 2011:
Престижната генерација 2014:
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (21 февруари)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија24 часа
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза4 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Македонија7 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди4 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Магазин1 ден
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети
-
Автомобили1 ден
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo