Временска прогноза
Викенд прогноза: Нестабилно со засилен ветер и дожд
Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно на места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за ситен град и интензивен пороен дожд. Кон крајот на денот ќе започне да дува засилен до силен северозападен ветер, особено долж Повардарието.
Утре ќе има повремен локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурата за околу 10-ина степени.
В недела се очекува повремен локален дожд, особено во јужните делови на земјава.
Од понеделник до среда ќе има промена на временската состојба, така што времето ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава.
Временска прогноза
Ниските температури ќе попуштат, од следната седмица значително потопол воздух и пораст на температурите
Барем од она што можам сега да го кажам, следниот викенд, односно на 25 и на 26 јануари кон Македонија ќе продре значително потопол воздух од југ и од југозапад, па токму ова ќе услови натпросечно високи температури на воздухот кои на повеќе места ќе надминуваат 10 степени, а во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу, па дури и над 15 степени.
Сепак и покрај ова, температурната инверзија ќе се задржи и во новата седмица во Македонија, односно ќе има денови кога на планините и на Скијачките центри ќе биде потопло, од колку по котлините каде ќе има многу пониски температури до околу, па и под нулата, како и појава на густа магла и ниска облачност, особено во ноќните и во утринските часови.
Ќе остане претежно тивко времето и без ветер.
Исто така, новата седмица ни носи и повеќе облачност, па и услови за повремени послаби врнежи од дожд, а на планините над 1300, 1400 метри надморска височина ќе има послаби врнежи од снег, особено во вторник, предмалку истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Стабилизација и целосно разведрување, но со многу ниски ноќни и утрински температури, нови снежни врнежи за сега на повидок после големиот празник Богојавление „Водици“
Од овој петок, па за време на викендот ќе имаме стабилизирање и целосно разведрување на времето во Македонија, и истото ќе услови да имаме многу студени ноќи и утра, кога температурите насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата.
На повеќе места температурите се очекува да се спуштаат под -5 степени, односно близу -10 степени, а во делови од Македонија тие ќе се спуштаат и под -10 степени, односно до близу -15 степени.
Од друга страна пак, максималните дневни температури ќе бидат во постепен пораст, па така од петок и за викендот насекаде ќе бидат над нулата, со исклучок на високите планини и Скијачките центри.
После ова, на повидок и тоа по 20 јануари се нови многу ладни продори од север и од северисток кој ќе условуваат многу ниски температури на воздухот, а ќе донесат и нови снежни врнежи.
Состојбата околу ова постојано ќе ја следам и јавноста навремено ќе биде информирана токму околу оваа ситуација, информира
Временска прогноза
Доаѓаат минусни температури и преку ден, ќе имаме силен мраз и замрзнати површини
Пред нас е исклучително ладно време, со многу ниски температури на воздухот, како во ноќните и во утринските часови, па така и преку ден. Во ноќните и во утринските часови насекаде низ Македонија температурите ќе се спуштаат под нулата, на повеќе места и близу -10 степени, а во делови од Македонија температурите се очекува да се спуштат и под -10 степени, односно близу -15 степени.
Максималните дневни и преку ден на повеќе места ќе бидат близу, или за некој степен над нулата, а во делови од Македонија тие и преку ден ќе останат под нулата, особено до крајот на работнава седмица.
Со оглед на тоа дека насекаде низ Македонија има снежна покривка, и појава на силен мраз, а појава на силен мраз очекуваме се до крајот на оваа седмица, особено силен мраз очекуваме во ноќните и во утринските часови.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ И ДО ПЕШАЦИТЕ: Со оглед на тоа дека очекуваме појава на силен мраз, а снежната покривка во повеќето градови низ Македонија е позначителна, и не очекуваме нејзино забрзано топење во следните денови, и тоа поради многу ладното време кое ќе го имаме, во ваква ситуација, ги предупредувме возачите да внимаваат како се движат по лизгавите коловози, односно да се движат со намалена брзина, исто така крајно внимателни да бидат и пешаците со нивното движење, за да не дојде до пад и до создавање на повреди кај граѓаните. Ова важи за надлежните служби кои се задолжени за чистење снег, навреме да ги санираат остатоците од мраз и снег, информира Славчо Попоски.
-
Кичево12 часа
(ВИДЕО+ФОТО) Во Кичево чесниот Крст, Бог сакал по трет пат да го пронајде најсреќниот Алек Хлоупек
-
Македонија15 часа
Охриѓани со јавна поддршка преку транспаренти, Епископот Партениј да биде поставен за Митрополит на Дебарско-кичевската епархија
-
Кичево1 ден
Во Кичево до сега 36 верници пријавени, кои ќе се обидат да го пронајдат Чесниот Крст за утрешниот празник Богојавлениe
-
Култура2 дена
Денес е „Водопост“ или „Водокрст“ денот пред „Богојавление“, овие работи треба да ги знаеме
-
Хороскоп1 ден
Празничен Хороскоп за недела (19 јануари)
-
Lifestyle1 ден
Растенија кои носат среќа во 2025 година
-
Временска прогноза4 часа
Ниските температури ќе попуштат, од следната седмица значително потопол воздух и пораст на температурите
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за понеделник (20 јануари)