Кичево
Турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ во с.Староец – Кичево
Традицијата продолжува, по повод празникот на црквата во с.Староец се организира турнир во мал фудбал.
Натпреварите ќе се одиграат во два дена 06.07 (Петок), како и полуфинале и финале во Сабота на 07.07.
Организаторите ве повикуваат да пријавите своја екипа која ќе носи симболична цена од само 1000 денари од тим и да уживате во благодетите на денот, како и ладното пиво, прекрасната и вкусна храна и заедничкото дружење сплотено во фер игра на фудбалерите.
Победниците ќе добијат скромен награден фонд благодарение на спонзорите кои се тука секоја година да дадат поддршка во организацијата, како и нашиот Порта тим се разбира.
Бидете дел и не пропуштајте
Заинтересираните за пријавување екипи можат да контактираат на моб:
Константин: 071/397-660
Оливер: 075/248-708
Потврдете го вашето присуство и дознајте повеќе преку официјалниот facebook настан ТУКА
Да живее традицијата, за многу години Иванден!
Кичево
ОВР Кичево: Ноќеска 10 пијани возачи и 1 одземен нерегистриран мотор

Во текот на изминатата вечер (13/14.08.2022) во рамки на Оперативниот план „Безбедно лето 2022“, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе акциска контрола на територијата на град Кичево за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 36 возачи, од кои 10 за возење под дејство на алкохол, а еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.
Кичево
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта

Кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници кој неодамна се вратил од Австрија, конечно е тестиран и е во изолација, потврдија од Комисијата за заштита од заразни болести. По три дена брканица денеска или најдоцна утре Македонија конечно ќе донае дали во државата има мајмунски сипаници. Во меѓувреме, по наредба на Министерот за здравство веќе е испратен инспектор до неговиот дом за да му биде доставено и решение за здравствен надзор.
– „Пациентот од Кичево денеска беше исконтактиран, а потоа и тестиран од страна на Центарот за јавно здравје во Битола. Во моментов, тој е во изолација, а резултатите од тестот ги очекуваме до 20 часот.“ – изјави Мехмедовиќ
Видео од прилогот како и целиот натпис погледнете го на порталот од Алфа Телевизија ТУКА
Кичево
Алфа ТВ: Прв сомнителен случај со „мајмунски сипаници“ жител на град Кичево

Според извори од Алфа Телевизија пациент од Кичево е првиот сомнителен случај со „мајмунски сипаници“. Според информациите до кои дојде Алфа пациентот имал закажано термин на инфективна клиника во Скопје, така што го очекуваат да пристигне во секој момент.
Според истиот извор, кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје.
Дополнително како што наведуваат, врз пациентот најверојатно ќе му бидат извршени лабараториски испитувањa за да се потврди дали се работи за мајмунски сипаници.
Видео од прилогот на Алфа ТУКА
Извор и повеќе информации: Алфа Телевизија
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп (14 август) – недела
-
Lifestyle24 часа
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за понеделник (15 август)
-
Кичево13 часа
ОВР Кичево: Ноќеска 10 пијани возачи и 1 одземен нерегистриран мотор
-
Временска прогноза2 дена
Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации
-
Македонија2 дена
Ноќниот радар „коси“, вчера во зајакната акциска санкционирани 261 возач кои ја пречекориле дозволената брзина на возење
-
Македонија1 ден
СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“
-
Спорт7 часа
Академија Пандев со „петарда“ на гости, Силекс ја изненади Шкендија, додека стружани победија во Штип