Македонија
Пиво Фест 2018 од 12-ти до 15-ти Јули

Прилеп од 12 до 15 јули ќе биде средиштето во земјата. Ќе се одржи годинашното издание на фесгивалот „Пиво фест“. Четири дена, велат организаторите, ќе има многу забава, а ќе се јаде и вкусна скара.
Ќе настапуваат Дани, Тони зен и Џајковски во четвртокот на 12, во петокот на 13 јули се Дарио, Ван Гог, Црвена јабука и ДЏ Мосел, додека саботата е резервирана за настапите на Фортисимо бенд, Некст тајм, Џенан Лончаревиќ и Жељко Јоксимовиќ. Последниот ден е резервиран за настапите на Александра Јанева, Либеро бенд, Милица Тодоровиќ и Шабан Шаулиќ.
Фестивалот ќе се одржува во центарот на градот на површина од 4.176 метри
квадратни, со 29 локации, а посетителите ќе можат да вкусат скара и да пијат повеќе
видови пиво.
Организаторот, од фирмата „Ентфинити“ од Скопје ветува одлична забава, но повикува на еколошка свест и зачувување на животната средина.
Општина Прилеп за фестивалот одвои 2,5 милиони денари, а градоначалникот
Илија Јованоски вели дека целосно се подготвени за Пиво фест 2018. Ветува безбедна организација, квалитетна храна, хигиена, чистота во градот, и намалена цена за
паркинг од 50 денари
Македонија
„Се лета“ Тетово-Гостивар, дури 13 возачи движеле над 70 км/ч од дозволеното!

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (14 август) од 14 до 20 часот, спроведоа акциска контрола во која се изречени вкупно 149 мерки за пребрзо возење (ТЕ-119 и ГВ-30). 82 од мерките (ТЕ-52 и ГВ-30) се однесувале на возење со поголема брзина од максимално дозволената надвор од населено место, од кои 13 (ТЕ-5 и ГВ-8) биле за повеќе од 70 километри на час.
Во контролата биле санкционирани и 67 возачи ( сите на територија на Тетово), кои ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, од кои 5 за повеќе од 50 километри на час. Покрај тоа, со соодветни поднесоци заокружени се и 12 други видови прекршоци.
Извор: МВР
Македонија
СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“

Под мотото „На пат секогаш тргнувај одморен“, Одделението за превенција при СВР Охрид и РСБСП ја спроведуваат превентивната кампања „Безбедно лето 2022“.
За таа цел, полициски службеници на Граничниот премин „Ќафасан“ и на повеќе локации во Охрид низ кратки едукативни разговори со возачите на моторни возила потсетија на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи како основен предуслов за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, со акцент на подигањето на свеста за влијанието на заморот и на високите летни температури врз способноста за управување со моторно возило.
Притоа, на возачите им беше поделен едукативен материјал со корисни совети за безбедно учество во сообраќајот. Кампањата продолжува и на другите подрачја на СВР Охрид, за Порта извести портпаролот на секторот – Стефан Димоски
Македонија
Центар за управување со кризи: Нема активни пожари во моментов

Центарот за управување со кризи (ЦУК) во информацијата за состојба со пожарите во изминатото деноноќие наведува дека е изгаснат пожарот во кумановското село Добрача, кој бил предизвикан од удар на гром. Во пожарот изгореле околу 1000 бали сено и овес, а било интервенирано со едно возило и двајца пожарникари.
Со едно возило и тројца пожарникари од 9:00 до 10:00 часот било интервенирано во село Страхојадица, Општина Зелениково, каде била запалена ниска вегетација на површина од 1000 метри квадратни.
Интервенирано е во гасење на запалено ѓубриште и стари автомобилски гуми на локација кај поранешната депонија Вардариште во Општина Гази Баба. Во интервенцијата вчера, од 11:15 до 14:40 часот, учествувале едно возило и тројца пожарникари, информираат од ЦУК.
Со едно возило и тројца пожарникари, вчера од 13:45 до 16:45 часот, било интервенирано во гасњење на запалена нискостеблеста вегетација во село Градманци, Општина Петровец.
Во периодот од 12:48 до 17:00 часот кај село Тројкрсти интервенирано е во гаснење на запален столб од мрежата на ЕВН и дрвените прагови од железничката пруга Прилеп-Битола. Известени биле Македонски железници со сугестија да извршат контрола на местото каде бил пожарот со цел да се утврди состојбата на железничката инфраструктура и безбедноста на сообраќајот. Во интервенцијата учествувале две возила возила и четворица пожарникари, посочуваат од ЦУК.
Со едно возило и тројца пожарникари, вчера од 13:10 до 13:50 часот, интервенирано е во гасењето на запалена сува трева на ул. „ 8-ми Март“ во Охрид.
Изгасната е и запалена сува трева и стрништа покрај патот во село Теарце, вчера од 13:03 до 16:59 часот. Во интервенцијата учествувале едно возило и тројца пожарникари.
/ЦУК
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп (14 август) – недела
-
Lifestyle1 ден
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за понеделник (15 август)
-
Кичево14 часа
ОВР Кичево: Ноќеска 10 пијани возачи и 1 одземен нерегистриран мотор
-
Временска прогноза2 дена
Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации
-
Македонија2 дена
Ноќниот радар „коси“, вчера во зајакната акциска санкционирани 261 возач кои ја пречекориле дозволената брзина на возење
-
Македонија2 дена
СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“
-
Спорт7 часа
Академија Пандев со „петарда“ на гости, Силекс ја изненади Шкендија, додека стружани победија во Штип