Кичево
Во Кичево: Бираме најубаво украсена куќа или стан за Нова Година
Оваа година за прв пат организираме еден вид натпревар во „најубаво украсена куќа или стан“ во Кичево.
🎄 За таа цел сакаме да ја доловиме новогодишната атмосфера во нашиот град преку вашите домови и вашите најразлични декорации, со илјадници сијалички обвиткани околу терасите, дрвцата и прозорците на куќите, но и со светлечки фигури на Дедо Мраз, Снешко, буквално се што е од новогодишен украс.
🎄 Покрај тоа што ќе разбиеме монотонија, ќе го разубавиме и градот Кичево кој или во последно време не е накитен или ако е накитен тоа е со старите сијалички додадени на бандерите.
🎄 Се што треба да направите е да ни пишете приватна порака со ваша „квалитетна“ фотографија од декорациите + сопственик – на нашата официјална фејсбук страница ТУКА, и не се исклучува можноста преку нашиот објектив да додадеме некоја квалитетна фотографија..
☃ Да бидеме креативни и заеднички да уживаме во предновогодишните мигови, а со тоа и ќе ги израдуваме најмладите.
💫 Вашите фотографии 📸 ги очекуваме, на ден пред нова година ќе објавиме јавно која накитена куќа или стан според нас ќе победи! Среќни празници! 🙂
Кичево
Известување до сите водичарски кумови од Кичево и кичевско
Кичевската парохија ги известува сите водичарски кумови од Кичево и околината дека Утрената богослужба и Големиот Богојавленски водосвет, кога се осветува водата која се зема од страна на кумовите, ќе се отслужи сабота во 03⁰⁰ часот, како што е вообичаено (18.01.2025 година во 03⁰⁰ часот).
Исто така, во село Другово осветувањето е околу 05⁰⁰ часот и сите кои нема да бидат во градскиот храм, тоа можат да го направат во храмот „Света Недела“ во Другово утрото (18.01.2025 година во 05⁰⁰ часот).
За многу години!
Кичево
Најсреќните пронаоѓачи до сега од Кичево, кои го извадија светиот Крст за „Водици“ од осветените води
Полека и оваа година господова 2025-та традиционалниот чин кој е дел од светите тајни на Црквата, векови стар продолжува, така што во пресрет на самиот голем празник „Богојавление Водици“ со помош на нашата архива, нашите пријатели како и Кичевската парохија, се потрудивме да ја направиме листата со најсреќните скокачи по светиот Крст кои го пронајдоа и извадија од кичевските осветени води назад во годините..
- 199* Никола Петрески
- 1996 Злате Матески
- 1997 Златко Богданоски
- 1998 Раде Мисајлески
- 2008 Дејан Момироски
- 2009 Кристијан Бојоски
- 2010 Јовица Тренески
- 2011 Синиша Стојаноски
- 2012 Даниел Симоноски
- 2013 Бобан Стефаноски
- 2014 Тане Србиноски
- 2015 Дени Дамчески
- 2016 Дејан Момироски
- 2017 Дарио Вренцоски
- 2018 Кристијан Врапчароски
- 2019 Христијан Митрески
- 2020 Кристијан Врапчароски
- 2021 Нема манифестација поради пандемијата од Коронавирусот
- 2022 Кристијан Врапчароски
- 2023 Алек Хлоупек
- 2024 Алек Хлоупек
Повеќе информации за редоследот на празникот ќе најдете ТУКА
За многу години, вечна да е традицијата!
Цела видео плеј листа од снимки во Кичево:
Кичево
Познато времето на спуштање на светиот Крст во Кичево, како и распоредот за претстојниот празник „Богојавление Водици 2025“
Се известуваат сите оние православни верници кои сакаат да земат учество во извлекувањето на Светиот Крст од осветените води во Кичево, дека треба да се пријават во градскиот кичевски храм „Свети апостоли Петар и Павле“ до сабота (18.01.2025 година) до 16:00 часот.
Истите тие треба да го имаат примено Светото Крштение, односно да се Крстени Православни Христијани, а не како другите години некрстени, затоа што ако доаѓаат некрстени, треба да се знае дека овој настан не е манифестација, туку е дел од светите тајни на Црквата кои се многубројни, истакнаа свештениците од Кичевската Парохија.
Притоа, сите кои ќе се пријават мора да бидат присутни на Светата Божествена Литургија за Богојавление, бидејќи само така се учесници во целокупниот богослужбен дел.
– Времето на тргнување од храмот со Литија е 10:15 часот, полагањето на Светиот Крст ќе се одвива на старо место во базенот зад Правниот Факултет во Кичево, закажано за од 11:00 часот во недела (19.01.2025 г.), а Литургијата почнува утрото од 08:00 часот.
Имено, вака изгледаше ланска година, каде најсреќниот кој по втор пат го пронајде светиот Крст беше кичевчанецот Алек Хлоупек:
-
Кичево1 ден
Најсреќните пронаоѓачи до сега од Кичево, кои го извадија светиот Крст за „Водици“ од осветените води
-
Кичево22 часа
Известување до сите водичарски кумови од Кичево и кичевско
-
Кичево2 дена
Познато времето на спуштање на светиот Крст во Кичево, како и распоредот за претстојниот празник „Богојавление Водици 2025“
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за сабота (18 јануари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (17 јануари)
-
Македонија13 часа
Посебно внимание во сообраќајот поради појава на голомразица „подледена површина“ на асфалтот
-
Македонија2 дена
Дизелот од ноќеска поскапува за 2 денари, додека бензините остануваат со иста цена
-
Магазин23 часа
Се појавува ажурирање за телефоните на Xiaomi: Дали вашиот уред ќе добие HyperOS 3 и Android 16?