Кичево
Во Кичево дарувани 28 единици крв за светскиот ден на извидништвото

Под мотото „Направи добро дело, дарувај крв“ и по повод на Светскиот ден на извидништвото 22 февруари, извидничкиот одред „Мирко Милески“ од Кичево, во соработка со ОО на Црвениот крст од овој град, организира крводарителна акција при која се собрани 28 единици на крв од сите крвни групи, меѓу крводарителите се наоѓаат и поголем број на извидници од овој одред.
Бројот на крводарители членови на извидничкиот одред ќе беше и поголем, но поради младоста на поголемиот дел извидници, поточно немањето навршени 18 години одзивот беше нешто помал.
На традиционалната петта по ред крводарителна акција која нашиот извиднички одред ја организира по повод Светскиот ден на извидништвото 22 февруари и, која се одвиваше под мотото „Направи добро дело дарувај крв“ , беа собрани 28 единици на крв, а меѓу лицата кои даруваа крв се наоѓаат и членови на нашиот одред. Оваа акција ја спроведовме во соработка со Општинската организација на Црвениот крст од нашиот град и Заводот за трансфузиона медицина. Инаку одбележувањето на Светскиот ден на извидништвото ќе го заокружиме утре кога во вечерните часови со свечената заклетва во кампот на одредот, заклетва ќе положат новите членови, вкупно 40, или со новите членови нашиот извиднички одред ќе има вкупно 120 извидници. Во кампот ќе биде запален и логорски оган и во таков автентичен амбиент, ќе протекне целокупната свеченост и одбележувањето на овој наш ден – рече Бобан Стојаноски, началник на извидничкиот одред Мирко Милески од Кичево.
Инаку претходните години извидниците спроведоа и повеќе еколошки акции за чистење на падините на планината Илиница, која се надвиснува над самиот град Кичево.
Текст: Зоран Антоски
Кичево
(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!

Пиљара „Бамби“ – Кичево позиционирана на ул „Борис Кидрич“ бр. 17 наполни 🎂 1 година постоење! Но тоа не е се, како фирма оваа година го прави својот јубилеј од 20 години постоење, причина повеќе за лојалност и доверба!
Секогаш свежо овошје и зеленчук, апетисани, прехрамбени производи, пијалок, кафе, чаеви, највкусни сладоледи, кетеринг намирници и што уште не!
Денес сосема нов уреден стил, со дополнителен асротиман на роба и производи, по барање на своите клиенти, а по повод специјалниот ден, односно роденденот, во просториите се реализира скромна здравица и изненадувања за купувачите. Најголемото изненадување беше мини-наградната игра во соработка со нивните партнери.
- Петто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Анор Јашари
- Четврто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Виктор Аврамоски
- Третото место производ „Блендер“ доби Николина Настески
- Второ место производ „Соковник“ доби Гоце Костески ексклузивно изјавуваќи за нас дека ова му е можеби една од ако не и единствена награда која му се паднала во животот.
- Како главна награда „Air Fryer“ по повод првиот роденден на „Бамби“, пристигна во рацете на кичевчанецот Индрит.
Посетете ги уште веднаш, и бидете дочекани со насмевка и брза услуга. Продавницата 🛒 работи од понеделник до сабота со работно време од 08:00 до 22:00ч
Од нашиот медиум им посакуваме уште долги години да го слават во успех, хармонија и со истиот врвен квалитет, а купувачите тоа го препознаваат!
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“

Ве известуваме за радост на нашите најмили и најмали во организација на кичевскиот Хор „Митрополит Козма Пречистански“ организира популарна детска претстава „Рибарот и златната рипка“ во изведба на познатиот актер Владо Дојчиноски и познати актери од нашето поднебје.
Претставата ќе се одржи вечерва 28.03.2025г. во НУЦК “Кочо Рацин” – Кичево, голема сала.
Влезот е бесплатен за сите заинтересирани.
📍 Дом на Култура “Кочо Рацин” – Кичево
⏰️ 19:30ч.
Бидете дел!
Кичево
Неделна акција на производи во АТВА Маркети – Кичево

Нова неделна акција на производи во АТВА маркети – Кичево.
Неделната акција трае до 27.03 (четврток) 2025 година.
Посетете ги АТВА маркети, заштеди со квалитет!
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт2 дена
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Временска прогноза9 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Македонија15 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија18 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Временска прогноза2 дена
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за среда (2 април)
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците