Кичево
Во Кичево ќе се спроведуваат мерки за дезинфекција на сите основни, средни училишта и градинките

Во рамките на преземените мерки за заштита од коронавирусот, одговорните лица во координација со Центарот за јавно здравје Битола преземаат повеќе мерки како би спречила негово ширење. Една од тие мерки е и дезинфекција на сите основни, средни училишта и детски градинки. Дезинфикацијата ќе заврши до крајот на наредната недела.
– За да спречиме евентуална појава на Коронавирусот во нашата општина, во соработка со Центарот за јавно здравје Битола, се врши дезинфекција на сите основни и средни училишта во општината. Оваа кампања започна најпрво во училиштата кои имаат деблокирани сметки а се од руралните средини, додека од почетокот на наредната недела оваа операција ќе биде спроведена и во сите градски основни училишта, како и во двете средни училишта и трите детски градинки. Со овој зафат ќе придонесеме ширењето на Коронавирусот во објектите за масовно собирање да биде спречено – вели Емин Насуфи, од општина Кичево.
Во исто време Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување, ќе биде активно вклучена во кампањата за спречување на ширење на Корона вирусот во општините Дебар и Центар Жупа.
– Наши екипи од утре излегуваат на терен и ќе бидат лоцирани на пунктот од Струга кон Дебар, каде ќе се врши целосна дезинфекција на сите моторни возила кои ќе сообраќаат на овој патен правец во и кон Дебар и Центар Жупа. Оваа кампања ќе трае се дотогаш додека има потреба за дезинфекција на моторните возила што се движат на овој патен правец – истакна Емин Емини, од Подрачното одделение на ДЗС Кичево.
Деновиве маркетите во Кичево, по примерот на останатите градови во земјава се преполни купувачи и како приоритетни се набавките на зејтин, брашно, шеќер, тестенини,
Тескт: Зоран Антоски
Кичево
Управните служби во Кичево и останатите добиваат ново работно време

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.
Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот.
Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток од 08.00 часот па до 18.00 часот, а истото работна време ќе важи и за: ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.
Во останатите пак подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар; ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод; ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово; ОУР Велес за Неготино; ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка; ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово, работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.
Кичево
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги на житниот пазар, затекнати се М.Д.(60) од Скопје и А.Џ.(66) од Кичево, кои за продажба изложиле повеќе парализатори и метални палки на преклоп и други предмети.
Врз основа на членот 80 од Законот за оружје, предметите се одземени, а против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, за медиумите и јавноста известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Момчињата од „ФК Кичево“ денес одиграа два контролни меча со одличната екипа на „ФК Гостивар“ на гостински терен

Во рамки на денешниот ден нашата екипа од „ФК Кичево“ генерација 2011 и 2014 година одиграа два контролни меча со соодветна екипа на „ФК Гостивар“. Преку нашиот медиум, управата и тренерите упатуваат голема благодарност до домаќинот екипата на „ФК Гостивар“ и нивниот координатор г-дин Менсур Јакупи за одличниот прием и можноста да нашите момчиња стекнат нови пријателства и искуства.
Галерија од денешните натпревари, „ФК Кичево“ ген. 2011:
Престижната генерација 2014:
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (24 февруари)
-
Здравје и убавина2 дена
Овој напиток го нормализира шеќерот во крвта, еве за што станува збор
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за вторник (25 февруари)
-
Спорт11 часа
Утре 1/4 финални натпревари во „Купот на Македонија“ во фудбал, кичевското трио правдата ќе ја делат на мечот „Детонит – Шкендија“
-
Временска прогноза1 ден
До петок стабилно време, викендот пред нас ќе има услови за повремен локален слаб дожд
-
Занимливости24 часа
НАСА објави ново откритие: Чудна спирална структура на работ на Сончевиот систем
-
Спорт1 ден
Билети за мечот Македонија – Лихтенштајн пуштени во продажба
-
Магазин9 часа
Microsoft Office конечно е бесплатен – но со неколку ограничувања