Денес во Македонија се направени 43 тестирања за коронавирусот. Од нив три се позитивни. Со ова бројот на заразени во нашата земја се искачи на 70.
-Од трите новодијагностицирани, една пациентка била во Србија, понатаму е бабата на девојчето од Штип која има позитивен тест. И уште еден пациент во Скопје. Градови во кои досега има дијагностицирано се Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид. Сите пациенти се со релативно стабилна клиничка слика, лесна до средна. Пациентката која е на респираторна машина од синоќа навлезе во критична фаза. Се прават сите напори за дополнителна терапија за поддршка на сите органиски системи, но нејзината ситуација е покритична од изминатиот ден, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.
Сите останати пациенти се во добра состојба, а направена е визита кај скоро сите кои се во изолација.