Македонија
Полицијата по два пати дневно ги проверува лицата со одредена изолација!
СВР 215 постапува по 349 наредби за лица под здравствен надзор, 1878 во Скопје, а на цела држава оваа бројка е 3787. СВР Скопје два пати дневно со полициски патроли проверуваат лица за кои има издадено наредба за изолација, рече денес на прес-конференција во СВР Скопје министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.
„Ќе се постапува и полицајците ќе преземаат мерки и активности за растурање на групи кои имаат повеќе од 5 лица, а и онаму каде се собираат лица во приватни куќи. Ако не се почитуваат овие одлуки полицајците ќе преземат мерки за растурање најпрво со предупредување, а потоа согласно законот за ЈРМ.
Службите на МВР денес, а и сабота и недела ќе ја согледаат потребата за тоа дали ќе може да се пролонгираат истечените регистрации. Инаку обврската ако се продолжи овој рок ќе биде проблем со осигурувањето“, појасни Чулев.
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево1 ден
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Автомобили1 ден
Електрични возила и губење на вредноста
-
Магазин1 ден
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Автомобили1 ден
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?