Култура
Денот пред Водици е голем и тежок – Направете го ова и ќе ви се исполни една желба

На 18 јануари се слави празникот Водокрст. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот.
Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ.
Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.
Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.
За православните Христијани е строг пост
Водокрст паѓа во очи Богојавление и секогаш е посен ден, без оглед на тоа во кој ден од неделата се паѓа.
Се верува дека во глуво доба од ноќта, пред Богојавление, на момент се отвора небото, за да се вкрстат ветровите кои дуваат зиме со оние кои дуваат лете и дека целата вода станува света. Кој тогаш ќе се затекне на отворено и го види тоа, може од Бога да посака исполнување на една желба.
Некои овој празник го нарекуваат Водокрштение или Водопост. Овој празник е празнува на 18 ти јануари. Водокрст доаѓа од крштевањето односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за строг пост.
Рано наутро на знакот од камбаната сите кумови одат во црквата. Секој со себе носи котле со вода и во него се става крстот што му припаѓа на тоа друштво. Откако попот ќе ги провери сите крстови дали се правилно врзани со босилекот, (треба да има толку гранчиња колку што има куќи компанијата) ги пее сите крстови заедно, и со тоа ја осветува (крштева) водата.
Со овој чин, оваа вода добива профилактична моќ, со неа во текот на денот се прска низ куќата, шталата, и другите простории и има цел да ги избрка сите лошотии.
Во некои краеви постои обичај да се стави кст во вода и да се однесе во црква. Ако крстот замрзне се верува дека годината ќе бие родна и здрава, а во спротивно ќе донесе многу болести.
Празникот Водици се празнува два дена. Првиот, 19 јануари, е познат под имињата Богојавление и Водици, но во некои краишта се спомнува и како Војордание или Машки Водици. Вториот ден, 20 јануари, е празникот Собор на Свети Јован Крстител, познат и како Женски Водици.
Православните верници денеска го празнуваат големиот ден на осветувањето на водата во светата река Јордан, на еден ден пред празникот Богојавление – Водици, кога Исус Христос бил крстен од страна на Свети Јован Крстител во светата река Јордан и еден ден пред појавувањето на Светото Тројство пред луѓето. Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост, како ден на строг пост, во кој се пости само на вода.
Празникот Водици се празнува два дена. Првиот, 19 јануари, е познат под имињата Богојавление и Водици, но во некои краишта се спомнува и како Војордание или Машки Водици. Вториот ден, 20 јануари, е празникот Собор на Свети Јован Крстител, познат и како Женски Водици, кога главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. На тој ден, именден слават сите чие име е изведено од името Јован.
Денот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан е денот кога Божјиот Син навршил триесет години од телесното раѓање и тргнал да го извршува Својот учителски и спасителен подвиг.
Како што дознаваме од Новиот завет, во мигот кога Свети Јован Крстител го крштевал Исуса Христос во реката, во еден миг се појавило Светото Тројство: гласот на Отецот му се јавил на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид – во вид на гулаб на небото, а Синот бил достапен за сетилото за допир
Денес традиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода – река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година.
Култура
(ФОТО) Во кичевското ЦОУ „Христо Узунов“ реализирана работилница со дечиња под наслов „Позитивна комуникација“

Овој месец стручната служба во ЦОУ „Христо Узунов“ во кичевското с.Другово со учениците од VII одделение заедно со вработените во установата, психологот Јасмина Дејаноска и дефектологот Цвете Наќеска ја реализираа работилницата под наслов „Позитивна комуникација“ – Самоосознавање и спознавање на другите, a во рамки на проектот: Зачувување на нашето Ментално здравје.
– Психолошката поддршка е многу важна во секој период од нашиот живот, доколку наидеме на некакви проблеми. Затоа превенцијата е еден од клучните моменти да спречиме одредено расплинување на одредена проблематика.
Проектот Ментално здравје преку реализација на работилниците ни нуди можност на учениците да им укажеме како да се справуваат на училиште и општо во секојдневниот живот со различните ситуации, за јавноста истакнаа од училиштето.
Култура
Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови

Празникот на пролетта – 22 март, поради големата трагедија во Кочани, тој во нашата држава е во денови на жалост, додека младите брачни парови години наназад го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. На овој ден, Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте вojници од Севастија кои мaaчeничkи зaгинaлa за христовата вера.
Именден тогаш празнуваат: Младен, Младенка…
Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се дoгopaт.
Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат. Во некои краишта на денешен ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.
Житијата за Светите четириесет мaчeници како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуват, но во сите се зборува дека четириесетте вojници од Севастија мaчeничkи зaгинaлe не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се пokлонат пред римските идoли и да им принесат жpтви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонcтвoтo, а кога тоа го одбиле биле затвopени, мaчeни и изведени пред cyд. Биле ocyдени цела ноќ да стојат во вода што cмpзнyва. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале стpaдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што cмрзнyвала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.
Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на вojниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измpзнaтите вojници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги зaпaлилe.
Честит именден и за многу години да е, честит брак и на тие што стапиле и се нови брачни парови!
Култура
Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието

Влеговме во светата и блажена Велика Четириесетница, во ова духовно патување што ни е дадено како лек за нашата душа, како можност за обновување, како враќање кон светлината Божествена. Бигорската Обител денеска е озарена од мистичната атмосфера на Чистиот Понеделник, денот кога зачекоруваме на патот на очистувањето, на покајанието, на преобразувањето во Христовата милост.
Во ова прво пустинско деноноќие, кога срцето веќе ја вкусува сладоста на подвижничкиот подвиг, во Манастирот тивко се разлева звукот на долгочасовните богослужби, кои како поток на благодатта течат во душите на оние што пристапуваат кон постот со ревност и со љубов. Гласовите на браќата се издигнуваат во псалмопеења, во пророчки читања, во светоотечки посланија; сè сведочи за светата тајна на покајанието, кое не е ништо друго, туку враќање во домот на Отецот небесен.
„Дојдете луѓе, дарот на постот денес да го примиме, како од Бога дарувано време за покајание, и во него Спасителот да Го смилостивиме“.
Особено трогателен е Великиот Покаен Канон на Свети Андреј Критски – таа молитвена исповед, што го наведува срцето на самопрегледување, на покајнички плач, на длабока внатрешна потресеност. Нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, ги читаше неговите чудесно вдахновени стихови со посебно умиление, со глас полн со сериозност и љубов, со глас што го повикува секој присутен да се соочи со својата душа, да се сретне со себе самиот, да ги согледа сопствените слабости, но и да положи надеж во бездната на милосрдието Божјо.
„Душо моја, душо моја, стани, зошто спиеш? Крајот се приближува и ќе се смутиш. Разбуди се, за да се смилува Христос Бог, Кој е насекаде и сè исполнува“.
Во овој ден на исихија и молитва, во квечерината што го покрива светот, од светите сводови на Манастирот се издигнаа и првите песнопенија на Великото Повечерие.
„Со нас е Бог! Разберете, народи, и покорете се, зашто со нас е Бог!“
Чистиот Понеделник е дар. Тој е почеток на патувањето кон Пасхата, кон Воскресението. Не како некоја надворешна дисциплина, не како обична жртва, туку како откровение за тоа кои сме, каде сме и каде треба да одиме. Затоа, овој пост да не биде само воздржување од храна, туку отворање на срцето за дејствително покајание, за прошка, за добрина, за љубов.
„Да постиме со пост пријатен, благоугоден на Господа, а вистински пост е: бегање од злото, воздржување на јазикот, отфрлање на гневот, на похотите, на озборувањето, на лагата, на прекршување на дадено ветување. Ако овие нешта ги оставите, постот е вистински и благопријатен“.
„На покајанието отвори ми двери, Жизнодавче, зашто утренува духот мој кон светиот храм Твој, храмот носејќи го телесен сиот осквернавен; но, како сожалив очисти ме, според благоутробната Ти милост!“ – повикува душата. А Бог, со неискажлива милост, ни ги отвора тие двери. Нè чека. Нè повикува. Да не Го оставаме да чека, истакна Бигорскиот Манастир, повеќе фотографии прегледајте на официјалниот линк ТУКА
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт2 дена
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Македонија15 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Временска прогноза9 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Македонија17 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Временска прогноза2 дена
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за среда (2 април)
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците