Следете не

Временска прогноза

Дожд и ветер, затоплување дури од Сабота – Ова е временска прогноза за следните денови

Објавено пред

на

Во следните два дена ќе има зголемена облачност, а во крајните јужни и југоисточни делови ќе има услови за локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува и умерен северен ветер, што ќе услови благо опаѓање на дневната температура. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и потопло време.

Прогноза за 21.03.2019
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 11°С до 17°C
Променливо облачно, во југоисточните делови со услови за локален дожд. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.

Прогноза за 22.03.2019
Минимална температура: 0°C до 8°C
Максимална температура: 12°C до 18°C
Сончево со мала до умерена облачност, а само во јужните делови претпладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Прогноза за 23.03.2019
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 15°C до 22°C
Претежно сончево и топло.

Временска прогноза

Од утре нашиот регион ќе биде под дождлив бран уште од претпладне, додека истиот ќе се проширува и во вечерните часови – ова се најновите метео информации

Објавено пред

на

Под влијание на нов голем влажен воздушен бран од запад и од северозапад, утре (петок) од претпладневните часови од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд кои во попладневните и во вечерните часови ќе ја зафатат целата територија на Македонија. Локално и особено во западните предели врнежите ќе бидат обилни, и проследени со ретки грмежи. Локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30/40 литри дожд на метар квадратен), особено во западните предели.

Утре (Петок) во текот на денот и вечерта ќе дува засилен до повремено силен ветер од јужен и од југозападен, а потоа  и од западен правец (повремено и локално со брзина од над 80/90 км/час). Повторно апелирам да се избегнува граѓаните да ги ставаат своите автомобили во близина на дрвјата.

Поради продор на значително поладен воздух од север, ноќта петок кон сабота и во сабота (23.11.2024) претпладне најпрвин на повисоките места и на планините, а потоа  и во пониските места (градовите), и тоа особено во северните  и во западните предели од Македонија врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и се очекува формирање на снежна покривка, особено на планините  и на повисоките места, а мала снежна покривка е можно да се формира  и во градовите во северните и во западните предели од Македонија.

Во Скопскиот регион исто така утре (петок) ќе дува засилен до силен ветер од јужен и од југоисточен правец. Во текот на денот и вечерта ќе започнат врнежи од дожд кои поради продор на значително поладен воздух од север, особено на околните планини и во повисоките предели од котлината ќе преминат во врнежи од снег. Не се исклучува можноста по некоја снегулка да провее и во пониските предели од котлината во сабота рано наутро и претпладнето (23.11.2024).

Од ноќта петок кон сабота, како и во сабота на 23 Ноември ќе дува силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70/80 км/час).

Што се однесува до температурите, тие утре (петок) ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, додека ноќта кон сабота значително ќе опаднат и во сабота наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 4 степени, додека максималната температура во сабота ќе се искачува во интервалот од 1 до 11 степени во најтоплите југоисточни предели.

Во сабота во текот на денот ќе имаме разведрување  и стабилизација на времето, па токму поради разведрувањето, во недела наутро ќе биде многу студено со умерени до јаки мразеви   и температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Нашиот регион пред циклон од врнежи од дожд и заладување

Објавено пред

на

Моќниот циклон кој е со центар северозападно од нас, оваа ноќ и утре (четврток) претпладне ќе условува врнежи од дожд, кои особено во западната половина ќе бидат обилни (локално над 30 литри дожд на метар квадратен), а има услови и за локална појава на грмежи.

Сето ова ќе биде проследено со засилен до силен ветер од западен и одс северозападен правец (повремено и локално со брзина од над 80/90 км/час), додека на планинските места со брзина до околу 100 км/час). Токму поради ова, апелирам, граѓаните да бидат крајно внимателни каде ги ставаат своите автомобили, односно истите да не ги ставаат во близина на дрвјата.

Поради продор на значително поладен воздух од север, во текот на оваа ноќ, и утре претпладне на повисоките места  и на планините, особено во северните и во северозападните предели од државава врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка. Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и под 1000 метри надморска височина, со што услови за повремен снег ќе има и во повисоките населени места (градови).

Што се однесува до температурите, тие утре ќе бидат значително пониски преку ден и ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени, а на повисоките и планинските места ќе биде многу постудено.

И во Скопскиот регион исто така ќе има врнежи од дожд, кои во текот на оваа ноќ и утре претпладне на околните планини тие ќе преминат во снег, а не се исклучува можноста провејување на снег до утре претпладне да има  и во повисоките населени места во Скопско. И во Скопскиот регион ќе дува засилен до силен ветер од северозападен правец, повремено со брзина од над 75 км/час, пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Според Европскиот центар за среднорочна прогноза во сабота го очекуваме првиот снег во Македонија и на Балканот, ова се последните информации..

Објавено пред

на

©porta.mk

Според најновиот излез на најажурниот прогностички модел (ECMWF) Европски Центар за Среднорочна Прогноза, истиот ги зголемува условите за врнежи од снег, како на повисоките места и на планините, така и на повеќето пониски места, и тоа во сабота (23.11.2024).

Покрај речиси целиот Балкан што ќе биде покриен со снег, и тоа поради силниот продор на студен воздух од север кон Балканот и во Македонија до сабота очекуваме на повеќето места врнежи од снег и големо опаѓање на температурите на воздухот, а температурите допрва ќе ги анализирам и јавноста околу ова навремено ќе биде информирана какви температури не очекуваат.

Значи, во сабота (23.11.2024) на повеќе места во Македонија ќе има повремени врнежи од снег, проследено со засилен северен ветер. Што се однесува до снежната покривка, на планинските и на повисоките места таа ќе биде со висина од 10 до 20 cм, на високите планини можно е таа да биде и поголема. Што се однесува до повеќето пониски места (градови) ќе има снежна идила, со очекувана снежна покривка од 4 до 10 цм. Особено повремени врнежи од снег во сабота се очекуваат во северните и во западните предели од Македонија.

Секако со овој бран во сабота, големи се условите да забелат и околните планини во Скопје. Слабо провејување на снег можно е  и во повисоките предели од Скопската котлина.

Во следните метео објави следува нова, и по потреба обновена метео анализа токму околу очекуваниот снег во сабота (23.11.2024).

Да напоменам дека во четврток ќе имаме продор на ладен воздух, но тој ќе биде со помал интензитет за разлика од овој во сабота на 23 ноември, па така снег во четврток очекуваме само на планините, истакна Славчо Попоски

  • Во овие веќе вечерни и ноќни часови времето речиси насекаде е ведро и студено. Температурите на многу места се околу, а понекаде и под нула степени. Најстудено вечерва како што можете да видите на картата е во Берово и во Битола со -2 степени. До изутринава температурите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, додека во Беровскиот регион температурата треба да биде  и нешто поска, околу, или малкку под -5 степени.Сепак денес кон крајот на денот и вечерта од запад постепено облачноста ќе се зголемува, и во вечерните и ноќните часови кон среда ќе има појава на повремен локален дожд во западните предели од Македонија.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура30 минути

Свештената Бигорската Обител го славеше благодатното соединување со светлината на светите ангелски чинови, предводени од непобедливиот Архистратиг Михаил

Благословеното пристаниште на небесната радост, Свештената Бигорската Обител, во изминатото ноќеденство со особена радост и чест го славеше благодатното соединување...

Спорт1 час

Грујоски главен во Струмица, Ставрев ќе суди во Скопје – ова се судиите кои ќе ја делат правдата во 15-то коло во првата македонска фудбалска лига в недела

Фудбалската федерација на Македонија ги истакна судиите кои ќе го судат 15-тото коло во првата македонска фудбалска лига во недела....

Временска прогноза2 часа

Од утре нашиот регион ќе биде под дождлив бран уште од претпладне, додека истиот ќе се проширува и во вечерните часови – ова се најновите метео информации

Под влијание на нов голем влажен воздушен бран од запад и од северозапад, утре (петок) од претпладневните часови од запад...

Кичево5 часа

Во пресрет на новогодишните празници „Intellect Education“ од Кичево организира „Новогодишна магична работилница“ – каде со креативноста на вашите деца ќе создаваат производи

„Intellect Education“ од Кичево организира магична Новогодишна работилница „Santa’s Little Helpers“. Во четврток на 12-ти декември со почеток од 18...

Магазин9 часа

Samsung Galaxy уредите ќе го добијат Android 16 со One UI 8

На 19 ноември, Google ја претстави Developer Preview верзијата на Android 16, што го означува почетокот на развојот на новата...

Култура15 часа

Денеска е Св.Архангел Михаил, на помош празникот на војводата на сите ангели!

Празникот на Aрхангел Михаил се нарекува уште и празник на војводата на сите ангели. Инаку според календарот на МПЦ (Јулијанскиот...

Магазин22 часа

Биткоинот на берзата за криптовалути достигна ново рекордно ниво од 94.000 долари

Биткоинот вчера се искачи на ново рекордно високо ниво од 94.000 долари, по извештаите дека компанијата за социјални медиуми на...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за четврток (21 ноември)

Овен Пробувате да дојдете до некои промени, но тоа не ви оди од рака. Можно е да имате трема пред...

Технологија23 часа

nVIDIA денеска го истакна приходот за третиот квартал кој заврши минатиот месец, имаат вкупно 94% повеќе од пред една година

nVIDIA денеска објави приход за третиот квартал кој заврши на 27 октомври 2024 година, од 35,1 милијарди долари, што е...

Временска прогноза1 ден

Нашиот регион пред циклон од врнежи од дожд и заладување

Моќниот циклон кој е со центар северозападно од нас, оваа ноќ и утре (четврток) претпладне ќе условува врнежи од дожд,...

НАЈЧИТАНИ