Кичево
Облачно со сончеви периоди, врнежлив викенд

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди , во западните делови претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Дневните температури ќе бидат во Скопје, Кичево и Охрид 9 Целзиусови степени, Маврово 4, Битола 10, Кавадарци 12, Берово 8, Гевгелија 15…
Под влијание на влажна и постудена постудена воздушна маса за време на викендот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и планините врнежите ќе бидат од снег.
Пообилни врнежи ќе има во јужните и југозападните делови, особено во сабота.
Вкупната количина на наврнат воден талог во овие делови се очекува да надмине 30л/м2. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините во западните и јужните делови позначително ќе се зголеми. Дневните температури ќе се движат од 4 до 10 степени.
В понеделник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, прогнозира УХМР Македонија.
Кичево
Утре во Кичево се организира бесплатен преглед на очен притисок, бидете дел и спречете го „тивкиот убиец на видот“ – Глауком

Утре 11-ти март (вторник) со почеток од 09:00 до 14:00ч на градскиот плоштад во Кичево по повод „светската недела на Глаукомот“ ќе се реализира Бесплатен преглед на очен притисок, како и оддавање на инструкции во случаеви за понатамошно лекување.
Настанот во соработка со општината е во организација на Универзитетската клиника за очни болести – Скопје и Општата Болница – Кичево, со своите претставници Д-р Дарко Дабески и Д-р Анита Божиноска.
Имено, брзото и навременото дијагностицирање на Глаукомот, како и третман е неопходно за најдобар исход при лекувањето.
Единствениот начин да проверите дали имате глауком е да одите на редовни очни прегледи. Настанот на утрешниот ден е токму таков преглед.
Бидете дел!
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, времен прекин на електродистрибуција ќе има с.Кнежино и неколку кичевски улици, ова се информациите

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре на ден 07.03 – петок, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следниве села и локации од град Кичево:
Кичево
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“

Секоја година, на 8-ми март, целиот свет го слави „Меѓународниот Ден на жената“. Еден вид признание и чест за фундаменталната улога на жената во општеството.
За време на овој посебен ден, изразувајќи благодарност и љубов, но и почит речиси сите подаруваат цвеќиња како вообичаен и значаен гест. Како препорака, ви ги презентираме најубавите цвеќиња кои денес пристигнаа кај нашите партнери „АТВА Маркети“.
Изберете го најубавото цвеќе и изненадете ги најблиските!
„АТВА Маркет“ на добро познатите локации ширум град Кичево, подари цвеќе за среќа!
-
Хороскоп14 часа
Дневен Хороскоп (12 март) – среда
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (11 март)
-
Македонија1 ден
Штип-Кочани: На место ограничено 80 км/ч возел 151 км/ч – експресно бил приведен од полицијата!
-
Lifestyle1 ден
Природно ѓубриво за орхидеи: Кујнски трик за бујно цветање
-
Временска прогноза6 часа
Услови за грмежи проследени со дожд, но генерално температури во пораст – вели Попоски
-
Lifestyle1 ден
Колку чини одгледувањето куче? Најскапи и најевтини раси
-
Спорт22 часа
Станиќ ги истакна избраниците на Македонија до 21 година против Белорусија и Азербејџан во Анталија
-
Магазин1 ден
Apple подготвува револуционерен редизајн со iOS 19