Следете не

Кичево

Собран доволен број донатори на крв за Андреј од Кичево, да помогнеме со донации преку нашите мобилни. Нашите 100 денари спасуваат живот!

Објавено пред

на

 

Драги наши хумани луѓе! Денес со нашиот хуман гест покажавме дека како народ сме доста солидарни и сплотени кога се работи за човечки живот, така што за неполни 2 часа се јавија и оставија свои информации доста голем број донатори на крв од крвната група 0+ „нулта позитив“ која му е неопходна на Андреј Трипуноски од Кичево. За сега како што не известија доволен е бројот, но ние секогаш ќе бидеме спремни за се што треба да го спасиме ова детенце кое боледува од малигна болест.

Како што можеме да ве упатиме, малиот Андреј ќе има потреба од посебен хигиено-диететски режим и посебни животни услови заради избегнување на контакти и можност за инфекција, како и посебна засилена исхрана, така да сите хумани а не има многу кои сакаме да помогнеме на секаков начин тоа можеме да го направиме и преку донација од 100 денари од повик со јавување на телефонскиот број 143 481 на мрежата од Оне.ВИП (наскоро и од Т-Mobile) или финансиски средства кој колку може на транскакциска сметка од НЛБ Банка на име Андреј Трипуноски, 210-501718332351 депонент Тутунска Банка

Од срце ви благодариме на сите хумани луѓе кои ислегуваат во пресрет на ова семејство во овие тешки моменти низ кои минува.

Кичево

Управните служби во Кичево и останатите добиваат ново работно време

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.

Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот.

Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток од 08.00 часот па до 18.00 часот, а истото работна време ќе важи и за: ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.

Во останатите пак подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар; ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод; ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово; ОУР Велес за Неготино; ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка; ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово, работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.

Прочитај повеќе...

Кичево

ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

Објавено пред

на

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги на житниот пазар, затекнати се М.Д.(60) од Скопје и А.Џ.(66) од Кичево, кои за продажба изложиле повеќе парализатори и метални палки на преклоп и други предмети.

Врз основа на членот 80 од Законот за оружје, предметите се одземени, а против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, за медиумите и јавноста известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Момчињата од „ФК Кичево“ денес одиграа два контролни меча со одличната екипа на „ФК Гостивар“ на гостински терен

Објавено пред

на

Во рамки на денешниот ден нашата екипа од „ФК Кичево“ генерација 2011 и 2014 година одиграа два контролни меча со соодветна екипа на „ФК Гостивар“. Преку нашиот медиум, управата и тренерите упатуваат голема благодарност до домаќинот екипата на „ФК Гостивар“ и нивниот координатор г-дин Менсур Јакупи за одличниот прием и можноста да нашите момчиња стекнат нови пријателства и искуства.

Галерија од денешните натпревари, „ФК Кичево“ ген. 2011:

Престижната генерација 2014:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза3 часа

До петок стабилно време, викендот пред нас ќе има услови за повремен локален слаб дожд

Во периодот кој што е пред нас, односно до петок (28  февруари) во нашата Република Македонија ќе имаме променливо време...

Храна8 часа

(ВИДЕО) Мудар начин како да ја воочите разликата помеѓу природна и вештачка храна

Ова е начинот да забелижите која храна е природна а која вештачка, имено вештачката или ГМО храна е поубава, позаоблена,...

Спорт9 часа

Билети за мечот Македонија – Лихтенштајн пуштени во продажба

Билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Македонија – Лихтенштајн (22. март, Вадуц) од квалификациите за СП 2026 се...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за понеделник (24 февруари)

ОВЕН  Кога станува збор за правилна употреба на знаењата и талентите кои ги поседувате, денес ќе имате доволно инспирација да...

Здравје и убавина21 час

Овој напиток го нормализира шеќерот во крвта, еве за што станува збор

Дијабетесот не е само смртна закана за сите оболени, туку предизвикува и многубројни тешкотии. За човек да продолжи да функционира...

Спорт23 часа

(ВИДЕО) Лука Модриќ вечерва покажа дека годините се само бројка, постигна гол од над 25 метри, вистинска „бомба“ пред очите на Газанига

Кралскиот клуб оствари убедлива победа против Џирона на домашен терен со 2:0, додека со таа победа се израмни на врвот...

Здравје и убавина1 ден

Со овие намирници ќе ја подобрите меморијата на мозокот со здрав начин на исхрана

Иако често мислиме дека нема да почнеме да ја губиме меморијата додека не наполниме 70 или 80 години, но тоа...

Спорт1 ден

(ФОТО) „ФК Кичево“ денес ги продолжи подготовките за пролетната сезона со пријателски натпревари во Битола и Кичево на домашен терен

Спортски викенд, спортска недела. Во рамки на денешниот ден нашиот тим „ФК Кичево“ генерација 2014/2015 и генерација 2011 одиграа два...

Здравје и убавина1 ден

Ова се 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје

Забите можат да бидат добар показател за проблемите во вашето тело. Внимавајте на здравјето на усната шуплина бидејќи секоја промена...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (23 февруари)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

НАЈЧИТАНИ