Кичево
За еден час направени 70 санкции во Кичево, додека над 12.000 за три седмици во државата

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Кичево, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Кичево.
„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици.
До сега во три седмици откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 12.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената,нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, рече Ангеловски.
Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Кичево да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. „Само за еден час во денешната акциска контрола во Кичево се изречени 70 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др. “, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Кичево ќе бидат презентирани утре.
Кичево
(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!

Пиљара „Бамби“ – Кичево позиционирана на ул „Борис Кидрич“ бр. 17 наполни 🎂 1 година постоење! Но тоа не е се, како фирма оваа година го прави својот јубилеј од 20 години постоење, причина повеќе за лојалност и доверба!
Секогаш свежо овошје и зеленчук, апетисани, прехрамбени производи, пијалок, кафе, чаеви, највкусни сладоледи, кетеринг намирници и што уште не!
Денес сосема нов уреден стил, со дополнителен асротиман на роба и производи, по барање на своите клиенти, а по повод специјалниот ден, односно роденденот, во просториите се реализира скромна здравица и изненадувања за купувачите. Најголемото изненадување беше мини-наградната игра во соработка со нивните партнери.
- Петто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Анор Јашари
- Четврто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Виктор Аврамоски
- Третото место производ „Блендер“ доби Николина Настески
- Второ место производ „Соковник“ доби Гоце Костески ексклузивно изјавуваќи за нас дека ова му е можеби една од ако не и единствена награда која му се паднала во животот.
- Како главна награда „Air Fryer“ по повод првиот роденден на „Бамби“, пристигна во рацете на кичевчанецот Индрит.
Посетете ги уште веднаш, и бидете дочекани со насмевка и брза услуга. Продавницата 🛒 работи од понеделник до сабота со работно време од 08:00 до 22:00ч
Од нашиот медиум им посакуваме уште долги години да го слават во успех, хармонија и со истиот врвен квалитет, а купувачите тоа го препознаваат!
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“

Ве известуваме за радост на нашите најмили и најмали во организација на кичевскиот Хор „Митрополит Козма Пречистански“ организира популарна детска претстава „Рибарот и златната рипка“ во изведба на познатиот актер Владо Дојчиноски и познати актери од нашето поднебје.
Претставата ќе се одржи вечерва 28.03.2025г. во НУЦК “Кочо Рацин” – Кичево, голема сала.
Влезот е бесплатен за сите заинтересирани.
📍 Дом на Култура “Кочо Рацин” – Кичево
⏰️ 19:30ч.
Бидете дел!
Кичево
Неделна акција на производи во АТВА Маркети – Кичево

Нова неделна акција на производи во АТВА маркети – Кичево.
Неделната акција трае до 27.03 (четврток) 2025 година.
Посетете ги АТВА маркети, заштеди со квалитет!
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт2 дена
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Временска прогноза9 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Македонија15 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија18 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Временска прогноза2 дена
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за среда (2 април)
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците