Мобилни уреди
Како да го одклучите вашиот мобилен при заборавена лозинка
Многу лесно може да се случи да ја заборавите лозинката или PIN-от, особено ако користите повеќе Android уреди.
Некогаш запишувавме лозинки или PIN-кодови, денес можеме да го отклучиме телефонот со своето лице, втиснување на прст или со зеницата на окото.
Сепак, многу лесно може да се случи да ја заборавите лозинката или PIN-от, особено ако користите повеќе Android уреди, или поради тоа што телефонот не може да ги исчита вашите биометриски податоци.
За да не морате да го ресетирате и да ги изгубите вредните податоци или уште полошо, засекогаш да ги изгубите, ви откриваме доволно едноставно решение за да го отклучите.
Сè што ви треба е да инсталирате Android Device Manager, ако веќе го имате, треба да го активирате. На компјутерот одете на https://www.google.com/android/devicemanager, внесете ја вашата Gmail адреса и нејзината лозинка. Кликнете на Sign in. Изберете ја опцијата Lock, внесете нова шифра и повторно кликнете на Lock.
Магазин
Huawei го симна Apple од тронот на пазарот за носечки уреди
Иако Apple долго време доминираше на пазарот за носечки уреди благодарение на успехот на Apple Watch, новите податоци покажуваат дека ситуацијата се промени.
Во првите три квартали од годината, Huawei испорача 23,6 милиони носечки уреди, заземајќи го водечкото место со пазарен удел од 16,9%, што претставува раст од 44% во споредба со истиот период минатата година. Apple, кој забележа пад од 10% во испораките, сега има пазарен удел од 16,2%, со испорачани 22,5 милиони уреди. Xiaomi го зазеде третото место со 20,5 милиони испораки и раст од 25%, додека Samsung е на четвртото место со 11,5 милиони испораки.
Вкупно, во првите три квартали годинава се испорачани 139 милиони уреди за носење, што е мало намалување од минатогодишните 140,5 милиони. Кина продолжува да биде најголем пазар, со над 45 милиони испорачани уреди и раст од 20%. Од овој број, 33 милиони се паметни часовници, што претставува раст од 23,3%.
Успехот на Huawei се припишува на новите модели како Watch GT 5, GT 5 Pro и Watch D2, како и на проширувањето во различни региони, особено во Азија и Блискиот Исток. Дополнително, силната позиција на кинескиот пазар значително придонесе за нивниот раст.
Сепак, важно е да се истакне дека Apple сè уште го задржува првото место кога станува збор исклучиво за паметни часовници, без да се земат предвид другите уреди за носење, како фитнес лентите.
Извор: Telegraf
Магазин
Сакате да го спречите iPhone-от да ја менува осветленоста автоматски? Еве како
Магазин
Еве колку ќе чинат Redmi Note 14 телефоните во Европа
-
Временска прогноза18 часа
Попоски од вечерва најавува снежни врнежи во нашиот регион, како и на Балканот
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (22 декември)
-
Временска прогноза2 дена
Од денес и календарски е зима, од понеделник по студено со снег и силен ветер
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за понеделник (23 декември)
-
Автомобили19 часа
Автомобилскиот бренд Dacia продаде повеќе од пола милион примероци во Европа за 11 месеци од оваа година
-
Временска прогноза4 часа
Западните и северозападните делови од Македонија утрово под продор на ладен и влажен воздух кој носи снежни врнежи
-
Спорт16 часа
Масар Омерагиќ со 62 гласа и нути еден против избран за нов претседател на ФФМ
-
Магазин16 часа
Живот на Месечината? Јапонија работи на лунарно живеалиште со вештачка гравитација