Скопје
Започна со работа сервисот FoodGuru.mk, подобар начин да се открива храна и истата да се порача online

Со сервисот FoodGuru Ве уверуваме дека постои подобар начин да се открива и нарачува храна.
Станете Гуру корисник денес и откриј го “The Guru Way” на нарачување храна. Со три чекори Вашата храна ќе биде испорачана.
Food Guru e платформа за пронаоѓање и достава на храна која функционира на ефикасен принцип од прво одбирање категорија на храна а потоа конкретен оброк. Како компанија, наша цел е да станеме многу повеќе од достава на храна, а истото ќе го постигнеме со многубројните уникатни карактеристики на нашиот бизнис модел и идеологија.
FoodGuru Манифесто
Секоја револуција има потреба од манифест. Ова е нашиот, напишан од нас – тимот на Food Guru.
Наша цел е да направиме промена.
Од самиот почеток, наша најголема цел е да направиме промена во индустријата каде и е повеќе од потребна, и со тоа ќе ги задоволиме потребите на сите – дури и на оние кои најмалку се снаоѓаат со современи технологии.
Како?
Лесно и едноставно – Со револуционерен продукт за традиционална услуга, најнова технологија, креативен пристап, стручен кадар, искрени намери и огромна желба да успееме.
Зошто?
Затоа што вие и ние – неконвенционалите мислители кои замислуваме, измислуваме и креираме, заедно можеме да менуваме, подобруваме, и исполнуваме многу.
П.С Остави ја храната на нас, фокусирај се на она што е навистина важно..
За повеќе информации посетете ја официјалната страна на FoodGuru www.FoodGuru.mk и Фејсбук страната
Скопје
Вчера 17-годишник бил прегазен од автомобил на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје

На 18.02.2025 околу 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(61) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од с.Страчинци, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, истакна МВР.
Скопје
МВР со зајакнати контроли во главниот град

Во текот на вчерашниот ден (18.02.2025) во периодот од 09:30 до 18:30 часот беше спроведена зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје, при што санкционирани се 262 учесници во сообраќајот.
Од нив 10 возачи управувале без возачка дозвола, изречени се три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за непропуштање пешаци на обележан пешачки премин, четири санкции за возач почетник, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Скопје
МВР: Кривична пријава за малолетникот што удри пешаци во Скопје

СВР Скопје денеска (16.02.2025) до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против малолетникот што синоќа удри пешаци во Скопје.
Имено, на 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Возачот е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава по брза постапка.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза11 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија14 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди11 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили2 дена
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин2 дена
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети