Македонија
Затворени сите гранични премини како и скопскиот аеродром
Владата вечерва одлучи да се затворат сите гранични премини во нашата држава, за премин на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила за претставниците на димпломатскиот кор во државава, како и за други лица за кои МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес.
Ова вечерва на прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
– Овие товарни возила и лица ќе влезат во Македонија според посебни услови за заштита согласно протоколот на МЗ, рече Филипче во Владата.
Се затвора и Меѓународниот аеродром во Скопје, Граничниот премин, освен за државни, воено, карго и медицински хуманитарни и празни летови по истекот на 48 часа од денот на влегување во сила на оваа одлука.
Филипче рече дека се потенцирало и повторило МВР да постапува поинтензивно во однос на проверките и решенијата за одлуките за самоизлација и за тоа да го информира Главниот шатб во Владата и самата Влада.
Македонија
СВР Охрид денес реализираше превентивна кампања за безбедно патување во зима
СВР Охрид, преку Отсекот за превенција, денеска (15.11.2024) ја реализира превентивната сообраќајна кампања „Биди подготвен за безбедно патување во зима“. Полициски службеници на неколку локации низ Охрид, во непосредна комуникација со возачите на моторни возила, ги потсетуваа за потребата од почитување на законската обврска за задолжително носење зимска опрема во возилата, која започнува од денеска и ќе трае до 15 март идната година, како и за потребата од строго придржување до останатите одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, посебно во зимски услови при замрзнати и влажни коловози, со акцент на придржување до пропишаната брзина на движење и прилагодување спрема условите и состојбите на патот.
На возачите на моторни возила им беа поделени и едукативни материјали со практични совети за безбедно управување моторни возила во зимски услови.
Во врска со зимската сезона 2024/2025 година, СВР Охрид, на 12.11.2024 година, одржа работен состанок со надлежните субјекти од општините Охрид и Дебрца, одговорни за зимско одржување на улиците и патиштата како и со градежните компании кои, работат на изградба на автопатот Охрид-Кичево.
Целта на состанок беше координација и дефинирање на предлог мерките за поуспешно дејствување на сите надлежни субјекти повикани за зимското одржување на патиштата и безбедно одвивање на патниот сообраќај во зимски услови, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
МВР добива нова современа машина за печатење лични документи
Македонија
Од утре започнува законската одредба за поседување зимска опрема
Од петок – 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседувате пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи (Службен весник бр. 31 од 2010 година).
Согласно Правилникот, како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:
· зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;
· пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала ( 4×4 ) се подразбира:
· зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;
· пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.
Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:
· зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.
· пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала
· автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.
Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M & S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.
-
Кичево23 часа
(ВИДЕО) Ново име на музичката сцена, кичевчанецот Христијан Трајаноски ја преработи „Само за тебе“ од доајенот на македонската народна песна Круме Спасовски
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за петок (15 ноември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (14 ноември)
-
Временска прогноза1 ден
Започнаа врнежи од дожд, на повисоките места истото ќе премине во снег, ова се денешните детали
-
Спорт1 ден
Младата репрезентација на Македонија до 18 години на тренинг камп во Кичево, каде ќе одиграат и контролен меч против тимот на Арсими
-
Временска прогноза7 часа
Викенд временска прогноза, ќе имаме и сонце но ќе биде ладно
-
Македонија4 часа
СВР Охрид денес реализираше превентивна кампања за безбедно патување во зима
-
Македонија2 дена
СВР Охрид вчера одржа состанок со надлежни субјекти по повод зимската сезона