Кичево
„Зошто вредиТ да си од Кичево“ – пополнета рубрика 2020.

Кога ќе те прашаат: „Од кај си?“, ти им викаш: „Од Кичево“. Е, често пати потоа те гледаат коцкесто бидејќи врска немаат каде е тоа Кичево. А, богами, треба да имаат. Можеби те фрустрира што тоа се случува, ама не треба. Не си паднат од Марс, од Кичево си. ЕЕЕЕЈЈЈ, ОД КИЧЕВО! Општественици кои дале значаен придонес за Македонија, револуционери, политичари, уметници, пејачи, спортисти, бизнисмени, професори, знајни и незнајни градители, преродбеници, просветители, светители… место на големи битки и големи подвизи… од сево ова има токму во Кичево. Ретко кое место ги има. Затоа ич не се фрустрирај, потруди се да си го заслужиш своето место во списоков:
- Свети Александар (IV век) христијански маченик и светец има храм само во Кичево (Белица). Веројатно и самиот потекнува оттука.
- Кита, сестрата на Крале Марко е кичевчанка.
- Предците на Мустафа Кемал Ататурк, (светски државник и татко на современа Турција) имаат потекло од Кичево, пред да се преселат во дебарски Коџаџик.
- Кичево е едно од најстарите христијанизирани места во Македонија (III-IV век). Помеѓу првите христијани биле и кичевчани
- Во Кичево има над 200 цркви од кои половина опстојуваат до денес. Најстарата (Свети Ѓорѓи Кнежински) е стара околу 1600 години.
- Во Кичево, (село Речани Челопечко) се произведувала свила пред 500-600 години.
- Просветителот Јоаким Крчоски е од Кичево
- Преродбеникот Кирил Пејчиновиќ творел долго време во манастирот Пречиста
- Дедо Козма Пречистански (село Орланци) владика и борец за народно ослободуваење на Македонија е од Кичево
- Јероѓакон Јосиф Пречистански, духовник и револуционер од манастирот Пречиста
- Манастирот Света Богородица Пречиста крај Кичево бил еден од главните центри на писменоста во Македонија. Поседувал голема библиотека. Делови од неа се наоѓаат по архивите во Македонија и странство. Изгорена од грчкиот дебарски владија Мелетиј (1849).
- Манастирот Свети Ѓорѓија (село Кнежино, Кичево) бил фрескоживописан од познатите мајстори Михајло и Ефтихиј, едни од најпознатите во средновековието. Овој духовен центар сеуште не е доистражен.
- Поп Тома Николов (село Вранештица), свештеник и македонски револуционер, претставник од Кичево на Смилевскиот конгрес.
- Дамјан Груев, еден од основачите на ВМРО има потекло од Кичево (Мијак од некогашното село Лопушник)
- Фудбалот во Кичево се игра еден век. Првата фудбалска топка во Кичево (село Велмевци) е донесена во 1909 година.
- Јордан Пиперката (Козица), Арсо Мицков (Подвис), Ванчо Србаков (Вранештица), Наќе Јанев (Лавчани), Дуко Тасев (Јудово), Симеон Савев (Јагол), Димитар Спространов, Васил Попов, Анѓеле Бунгуров, Стојко Богданоски (Пополжани), Лазор Груески (Белица), Стојко Богданоски (Пополжани), Александар Радески (комита во четата на Александар Турунџе), Костантин војводата (село Рабетино), Синадин Бомбашот (Брждани/Другово, го минирал турскиот затвор во Кичево, осуден на 101 година, живеел повеќе од 100 години)… се од Кичево и уште стотици повеќе или помалку познати но не и понезначајни револуционери од Илинденската епопеја.
- Револуционерот Лука Ѓеров голем дел од своето комитаиџство го поминал во Кичево
- Кичево де факто е првиот ослободен (накратко) град во Илинденското востание. Неколку часа пред ослободувањето на Крушево, во 1 по полноќ четите на МРО ја принудиле турската војска на бегство по што и самите се повлекле.
- Во Кичево (месност Ѓурѓејца) се има одиграно една од најславните битки во Илинденското востание каде гради во гради се судриле четите на МРО со турската војска и башибозук. И однеле победа која го кренала моралот на населението низ цел востанат Битолски Округ. Покрај ова, се воделе жестоки борби во село Извор, Подуач кај Речани, низ Копачијата, кај бродското Теќе…
- Бранко Наумовски претседател на уставен суд, Александар Наумовски градоначалникот на Ѓорче Петров и тие се од Кичево (Букојчани)
- Кичево е првиот ослободен град (11 септември 1943) во Македонија за време на НОБ. Ослободувано е вкупно шест пати.
- Првото училиште на народен македонски јазик е отворено Кичево (село Подвис). Предавал учителот Василко Лазарески
- Народниот херој Мирко Милески, Олга Мицеска, Нико Пусоски, Јанко, Миха и Флора Михајлоски, Драге Карбуничанец, Томе Букле, Санде Штерјоски, Борис Алексоски Карче, Иван Трпески, Исеин Акиоски, Мемедалија Велиоски, Амит Челопечанец, Душан Јовески, Цветко Јаковлески, Стојмир Пантилески, Живко Туфекџиоски, Иван Трпески, Љубица Богеска, Драге Богески, Левче Стефаноски – Тарзан (Карбуница)… и стотици други се од Кичево.
- Д-р. Владимир Полежиноски, творецот на асномските документи за слободна Македонија е кичевчанец
- Др. Борис Спиров, лекар, револуционер, професор и втор претседател на македонското Собрание е од Кичево (Брждани).
- Кристијан Данилоски (FX 3X) вработен во Холивуд (филмски анимации), баткава живееше и растеше во куќана напуштена до Пошта/Фото Стојан.
- Трене Миладинов (од Атишта), адвокат, ученик во Солунската гимназија, пријател на Гоце Делчев, Петар Поп Арсов, Јане Сандански. Стрелан за идеалот за самостојна Македонија.
- Кочо Рацин работел во кичевско каде е убиен и почива на Лопушник, кичевско
- Томе Момировски, македонски раскажувач, романсиер, есеист, критичар и преведувач е од Кичево
- Горан Стојаноски, македонски писател е од Кичево
- Актерот Гоце Тодоровски е роден во Кичево
- Мето Петроски, македонски снимател, филмски и телевизиски режисер е од Кичево (Иванчишта)
- Косара Гочкова, македонски писател за деца е од Кичево
- Во Кичевско се зборува најчистиот македонски говор. Потврдено со истражување од пред 30-тина години.
- Во Кичево од 1945 до 1991 постоеле групи кои активно се залагале за самостојна Македонија
- Во Истанбул во луксузниот кварт Бајрампаша гордо се кажуваат дека се од Кичево.
- Нико Букле, македонски филмски работник – снимател, е од Кичево
- Љупче Угрин, градоначалник на Кичево од седумдесеттите, човек пред своето време. Мозок.
- Миле Грозданоски, режисер на дел од серијалот „Тврдокорни“ и на многу други дела, е од Кичево (Бигор Доленци)
- Професор Гордана Сиљаноска, Осман Кадриу, Мито Спасевски, Крсте Дејаноски, Ленче Петреска, Саша Дукоски, Иво Дукоски… и низа други општественици се од Кичево.
- Академик Владо Матески е од Кичево
- Академик Петар Христаќиев Илиевски е од Кичево (село Бигор Доленци)
- Стојмир Симјаноски – Марсовецот, учител, писател и општественик, човек со младешка енергија на стари години, кичевчанец родум од Иванчишта.
- Омер Калеши, сликар со светско реноме
- Синиша Павлески, филателист и колекционер од Кичево
- Калиопи Букле, македонската поп-дива е кичевчанка
- Владо Јаневски, пејач со потекло од Кичево (Бигор Доленци)
- Виктор Стефаноски „Шевињон“, успешен бизнисмен, од Кичево
- Погодете зошто „Солета“ е највкусна? Зошто газдата е роден кичевчанец!
- Фирмата Горсај.
- Популарниот поп изведувач Драган Мијалковски е од Кичево.
- Владимир Талески Двојче, битолскиот екс градоначалник, е роден во Кичево
- Мето Колоски, претседател на Македонската Обединета Дијаспора има кичевски корени (село Белица)
- Ракометарките и репрезентативки Наташа Коцеска, Даниела Новеска, голманката Дијана Наумоска… се кичевчанки.
- ФК Напредок е клуб кој има 84 години традиција. Ретко кој друг клуб во Македонија има толку зад себе.
- Кичевските пекари го прават најубавиот бурек во светот
- Фудбалерот Бесарт Ибраими од Грешница (Кичевско) со старт од ФК Напредок успеа до ФК Шалке Бундес Лига па натака..
- Драган Силјаноски (екс Напредок) е еден од многуте успешни фудбалери од Кичево кои се пробиле во странските лиги. На добар пат тоа да го направи во Белгија е и Влатко Стефаноски.
- Антонио Милошоски, поранешен Министер за Надворешни работи на Република Македонија и актуелен пратеник е кичевчанец
- Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицкоски влечи корени од Кичевско
- Илија Китаноски, поранешен градоначалник на Кичево, долгогодишен политичар, екс пратеник во Македонското Собрание. Кичевчанец.
- Имаме и успешни новинарски имиња по актуелни телевизии, Бојан, Јана Јосифоска, Бојана Димитријевска кои ги заслужуваат сите почести.
- Екс Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е од Кичево
- Македонскиот Амбасадор во Украина, Аце Спасеноски, (поранешен министер за Земјоделие) е кичевчанец
- Војо Стојаноски, Биљан Стојаноски, Влатко Миладиноски, Дарко Стојаноски, Дамјан Стојаноски… и сите од фамилијата на големиот пејач на македонската народна музика се кичевчани (од село Букојчани)
- Кичевското легендарно Такси „Краљо“ и шофер газда Зоран Георгиевски држи рекорд во најдолга релација за возење од Кичево до Шведска од неверојатни 2300 km правец, а вкупно 5300 до дома.
- Влатко Лозаноски, македонската поп ѕвезда е кичевчанец. Неговата сестра Марија е писател чие време допрва доаѓа.
- Небојша Толески, македонски моден креатор е кичевчанец
- Владо Толески, ретко успешен стопанственик од Кичево
- Кичевската ликовна колонија, настан од светско реноме кој во Кичево го донесе врвот на светската уметност, а со тоа и го промовира Кичево во светот
- Познатиот македонски рапер Тони Зен има кичевско потекло (Брждани)
- Раит Ќорото, кларинетист кој се раѓа еднаш на векот
- Адријан Гаџа влече кичевски корен по мајчина страна
- Кичевските програмери Теодос Пејоски и Никола Миноски беа дел од тимот кој освои прво место на натпреварот за Самсунг Апликации. Нивната апликација Crack Your Screen е симната повеќе од 7 милиони пати на Google Play Market.
- Митре Богданоски прекар (Вујче Мице) – 3 пати првак на Македонија во биљарто (кегли) – држи рекорд уште од една штека!
- Спасен Сиљаноски (еден од најквалитетните исполнители на народната песна), Перица Костоски – Џибит (своевремено свирел со Бело Дугме), Дарко Са Миладиноски (поп пејач)
- Кичево има најголем број на кафиќи, кафани, клубови… по глава на жител во Македонија. „Еснафот кафе дома не пиет!“ :).
- „Овдевака, онденака“ кој друг има толку точен збор во својот дијалект освен Кичевчани? Нормално, никој 🙂
- Првиот кафемат во Македонија е донесен (нормално) во Кичево. Во Кичево еспресо, капучино (и сите други „чина“) се пиеле пред другите да дознаат за нив. Го донел газда Бедо Канзоски.
- Познатиот македонски DJ Бабура (Љупче Петрески) беше од Кичево (село Иванчишта)
- Ангела Ставреска, дизајнерката на парфемот за Британската кралица Елизабета Втора е кичевчанка по мајчина страна (фамилија Новески)
- Дејан Мицкоски – Бушман, Dj Dee NYC Music producer, Dj & Manager во Њујорк. Пример за момче кое го следеше сонот… и успеа. Кичевчанец!
- Веле Стојкоски, поранешен директор на Македонската Радио Телевизија. Кичевчанец.
- Душан Ристоски од село Иванчишта Кичево професор, публицист и долгогодишен директор на Музеи на западна Македонија во НОВ Кичево, автор на многу историски трудови посветени на овој регион
- Мирослав Спироски, долгогодишн новинар, аналитичар и општественик. Кичевчанец (село Србјани).
- Милован Стефановски, македонски писател. Кичевчанец.
- Живко Новески, македонски поет и писател од Кичево
- Зоран Стојаноски, поет и кичевчанец кој напиша цела книга посветена со носталгични песни за родното Кичево.
- Бошко и Игор Трпески, татко и син, познати спортски водители од ТВ Сител. Кичевчани (село Раштани)
- Љупчо Цветкоски, долгогодишен водител во Македонската Радио Телевизија.
- Борче – Борис Лескароски – големиот карате мајстор кој повеќе од 30 години живее и работи во Швајцарија
- Дејан Милошевски – Чобачо – Повеќекратен државен Шампион во карате воедно и прв Европски и Светски карате судија од Кичево. Сега живее и работи како главен тренер и менаџер во FMA-Glenview, Chicago – USA.
- „Аааааееее?“ „-ееееее!“ „иииијјаааааеееее“ – Дали во некој друг град со муабет од 4 букви некој може да се разбере подетално? Only in Кичево!
- КУД „Нико Пусоски“ (65 години традиција), КУД „Бисер“, КУД „Младост“… (пишете ако заборавив некое) Културно уметничките друштва од Кичево кои со децении на врвен начин ја негуваат и презентираат пред светот богатата народна култура на Кичево и Македонија.
- Бошко Тренески – Паганини, професор, музичар, уметник и долгогодишен директор на националниот ансамбл „Танец“, човек кој има освоено безброј награди и долго време го водеше хорот при гимназијата „Мирко Милески“. Кичевчанец
- Христина Ристеска игра во женската постава на Танец, како и тамбурашот Златко Димитриоски – и двајцата се од Кичево.
- Музичката рок-група „Медузи“ кои во седумдесеттите и осумдесеттите години растураа низ Кичево и Македонија. „На кале растени“, кичевчани
- Музичките групи од Кичево: Гвидони, Метална Крв, Аргус, Рејвен, Армагедон, Мегатон, Мелиса, Line Out, Рација, Зодијак, Слеп Хоризонт, Black Velvet, Dooble Trouble, Final Gate, Wendigo, Текран, 4 Free… (сигурно пропуштив, надополнете ме), млади деца од ученичките клупи кои растураа за време на викендите.
- DJ-ите од DBR група (Dimitry Mk, N-kola Ilievski ), Арди Флекс, Панишер, Боше, Даџе, Лабе, па DJ DaDi & JovaN (за поновите генерации), ех, ..колку „лета господови“ сме поминале со невните музики во Стефано…), Бушман (споменат погоре), Бранчез… (сигурно пропуштив, надополнете ме) кичевските DJ-и, едни од најдобрите во Македонија…
- Тане Стефаноски, музичката енциклопедија, DJ, човекот кој многу придонесе за развојот на квалитетната музика во Кичево со децении наназад. На прсти се бројат луѓето во Македонија кои го имаат неговото музичко познавање. Ние го имаме тука, кај нас, во Кичево
- Слободан Милошески, вајар од Кичево, автор на спомен обележјето посветено на Првото заседание на АСНОМ
- Лилјана Седлар, глумица играше во Популарната серија од осумдесеттите „Бољи живот“. По потекло е од село Кнежино од фамилија Миноски
- Благојче Наумоски – Бане, млад уметник од Кичево
- Јован Наумоски, уметник и фотограф од Кичево
- Илина Арсова, првата македонка која се искачи на Монт Еверест е по потекло од Кичево, внука на акедемикот Петар Хр. Илиевски од село Горно Бигор Доленци – преселени во село Староец
Кичево
(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!

Пиљара „Бамби“ – Кичево позиционирана на ул „Борис Кидрич“ бр. 17 наполни 🎂 1 година постоење! Но тоа не е се, како фирма оваа година го прави својот јубилеј од 20 години постоење, причина повеќе за лојалност и доверба!
Секогаш свежо овошје и зеленчук, апетисани, прехрамбени производи, пијалок, кафе, чаеви, највкусни сладоледи, кетеринг намирници и што уште не!
Денес сосема нов уреден стил, со дополнителен асротиман на роба и производи, по барање на своите клиенти, а по повод специјалниот ден, односно роденденот, во просториите се реализира скромна здравица и изненадувања за купувачите. Најголемото изненадување беше мини-наградната игра во соработка со нивните партнери.
- Петто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Анор Јашари
- Четврто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Виктор Аврамоски
- Третото место производ „Блендер“ доби Николина Настески
- Второ место производ „Соковник“ доби Гоце Костески ексклузивно изјавуваќи за нас дека ова му е можеби една од ако не и единствена награда која му се паднала во животот.
- Како главна награда „Air Fryer“ по повод првиот роденден на „Бамби“, пристигна во рацете на кичевчанецот Индрит.
Посетете ги уште веднаш, и бидете дочекани со насмевка и брза услуга. Продавницата 🛒 работи од понеделник до сабота со работно време од 08:00 до 22:00ч
Од нашиот медиум им посакуваме уште долги години да го слават во успех, хармонија и со истиот врвен квалитет, а купувачите тоа го препознаваат!
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“

Ве известуваме за радост на нашите најмили и најмали во организација на кичевскиот Хор „Митрополит Козма Пречистански“ организира популарна детска претстава „Рибарот и златната рипка“ во изведба на познатиот актер Владо Дојчиноски и познати актери од нашето поднебје.
Претставата ќе се одржи вечерва 28.03.2025г. во НУЦК “Кочо Рацин” – Кичево, голема сала.
Влезот е бесплатен за сите заинтересирани.
📍 Дом на Култура “Кочо Рацин” – Кичево
⏰️ 19:30ч.
Бидете дел!
Кичево
Неделна акција на производи во АТВА Маркети – Кичево

Нова неделна акција на производи во АТВА маркети – Кичево.
Неделната акција трае до 27.03 (четврток) 2025 година.
Посетете ги АТВА маркети, заштеди со квалитет!
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт2 дена
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Временска прогноза11 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за среда (2 април)
-
Македонија18 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија20 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Временска прогноза2 дена
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците