Следете не

Случувања

1,56 милијарди заштитни маски завршија во океаните

Објавено пред

на

Во текот на 2020 година се произведени околу 50 милијарди парчиња заштитни маски за лице, а се проценува дека 1,56 милијарди парчиња завршиле во океаните, покажуваат податоците на групата “OceansAsia”.

Извештајот дава застрашувачки податоци за загадувањето на океаните за време на пандемијата, а со оглед на количината на маски што завршија во нив, тоа е голем проблем. Проценето е дека се потребни дури 450 години за да се распадне пластична маска.

Исто така, во извештајот се наведува дека околу 3 проценти од произведените 52 милијарди маски ќе завршат во нашите води. Овие се загрижувачки бројки бидејќи пластичниот отпад убива околу 100.000 морски цицачи и желки годишно, повеќе од еден милион морски птици и многу повеќе риби, безрбетници и други морски суштества.

Пластичниот отпад влијае не само на морскиот живот, туку и на крајбрежните заедници, риболовот и економијата.

Пластичниот отпад драстично се зголеми во текот на изминатата година, поради пандемијата на коронавирусот, поради обврската за употреба на заштитни маски и ракавици, а тоа ќе има негативно влијание врз природата.

“Маските за еднократна употреба се изработени од различни видови пластика и тешко се рециклираат поради нивниот состав, ризик од контаминација и инфекција. Овие маски завршуваат во океаните кога ќе бидат отфрлени и кога системот за управување со отпад е несоодветен, преоптоварен и ако има воопшто”, се вели во извештајот.

Отпадот предизвикува штета на океаните и животните, а пример е мртов пингвин пронајден на плажа. Во стомакот имаше маска.

Авторите на извештајот наведуваат дека постојат решенија што ќе го минимизираат влијанието на пластичниот отпад. Меѓу нив има и маски за повеќекратна употреба кои се направени од материјали што можат да се рециклираат. Во секој случај, потребно е да се фрлаат маски и ракавици на соодветен начин. Исто така е важно да се избегне пластично пакување и да се изберат еколошки алтернативи.

Кичево

Арсоска и дечињата преку „Little Eco Footprints“ со низа работилници и работна акција во дворот на „О.У. Кузман Јосифоски-Питу“

Објавено пред

на

Месецов на ден 04.06 и 05.06.2021 година се реализираа низа работилници и работна акција во дворот на кичевското „О.У. Кузман Јосифоски-Питу“, како дел од проектот „Little Eco Footprints“ имплементиран од страна на LEAD стипендистката Елена Арсоска од Кичево, додека истиот финансиски поддржан од проектот на „УСАИД“ за граѓанско учество. Едукативната програма беше со тема „Заштита на животната средина, намалување на глобалното затоплување и климатските промени“.

Во текот на работната акција во училишниот двор беа засадени црвени буки, борчиња и повеќегодишни цвеќиња како донација од страна на компаниите „Пакомак“ и „Вардар Доломит“.

Прекрасно е чувството да се сподели една ваква племенита иницијатива инспирирана и имплементирана од млади лидери-кичевчанчиња во нашето општество – на кратко додаде Елена и ветува дека во иднина ќе ги има многу често ваквите акции во најразлични теми.

Во прилог галерија од одржаниот настан:

Прочитај повеќе...

Кичево

Време е за музика: „Куќа на Уметноста“ – Кичево ве кани на одличен музички викенд со Марјан Коцев и Мирослав Мирчески

Објавено пред

на

Реномираниот кичевски комплекс „Куќа на Уметноста“ кој се наоѓа во пазувите на село Кнежино, опкружен со борова шума, поседувајќи го највкусното мени од професионалниот тим, заедно со најразновидниот пијалок од викендов ја започнува својата музичка-агенда.

  • Петок жива свирка со кичевчанецот Мирослав Мирчески и неговиот Бенд

  • Сабота после долго време во Кичево ни доаѓа мега популарниот фолк пејач – Марјан Коцев

Резервирајте го вашиот викенд и бидете дел во една поинаква музичка вечер во организација на „Куќа на Уметноста“.

Поради ограничен број, резервирајте веднаш на еден од броевите: 071/453-626 | 071/321-165 | 070/313-789

Прочитај повеќе...

Балкан

Пронајден и приведен човекот кој пукаше во кафуле, во Чачак соседна Србија

Објавено пред

на

Пипадници на Министерството за внатрешни работи во Чачак со брза и ефикасна акција го уапсија Џ. З. (1984) од Чачак поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела тешка телесна повреда и недозволено производство, држење, носење и трговија со оружје и распрскувачки материи, за медиумите известуваат од тамошното МВР.

Се сомнева дека вчера, по кратка дискусија, испукал неколку куршуми кон нозете на 27-годишен млад човек во близина на кафуле во Чачак, а потоа избегал, пренесуваат од Гласот за Србија.

Полицијата го пронашла и уапсила истата вечер. Повредениот човек е згрижен во болницата во Чачак. Што се однесува до осомничениот веќе бил притворен до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.

Инаку да потсетиме се работи за настанот со видео записот од сигурносни камери кое вчера кружеше по интернет просторот и видно го вознемири балканот.

Извор: РТВ Србија

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 1 час

Арсоска и дечињата преку „Little Eco Footprints“ со низа работилници и работна акција во дворот на „О.У. Кузман Јосифоски-Питу“

Месецов на ден 04.06 и 05.06.2021 година се реализираа низа работилници и работна акција во дворот на кичевското „О.У. Кузман...

КичевоПред 3 часа

Време е за музика: „Куќа на Уметноста“ – Кичево ве кани на одличен музички викенд со Марјан Коцев и Мирослав Мирчески

Реномираниот кичевски комплекс „Куќа на Уметноста“ кој се наоѓа во пазувите на село Кнежино, опкружен со борова шума, поседувајќи го...

БалканПред 9 часа

Пронајден и приведен човекот кој пукаше во кафуле, во Чачак соседна Србија

Пипадници на Министерството за внатрешни работи во Чачак со брза и ефикасна акција го уапсија Џ. З. (1984) од Чачак...

МакедонијаПред 11 часа

МВР со важна информација за личните документи, возачки дозволи и пасоши..

МВР информира дека поради миграција во нов систем,  од 23. 06. 2021 година (среда) започнувајќи од 21 часот, заклучно со...

МакедонијаПред 13 часа

Воздухопловен Винг: Од денес до петок ќе се изведува Летачка обука над водените површини од Охридско Езеро

Од Воздухопловниот Винг известуваат дека на крајбрежјето на Охридското Езеро период од денес вторник 22.06 до петок 25.06.2021 година, во...

На денешен денПред 19 часа

На денешен ден – 22 јуни

1533 година – Турскиот султан Сулејман Втори Величествениот потпиша мировен договор со Австрија, по друга неуспешна експедиција во Виена. 1535...

ХороскопПред 20 часа

– Хороскоп за денес (22 јуни) вторник

ОВЕН  Ако можете, искористете ја можноста да патувате или да присуствувате на оние деловни настани што ќе ви помогнат да...

СкопјеПред 24 часа

ЕВН Скопје: Најава за прекин на електрична енергија во следниве скопски реони

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре на ден 22.06.2021 година – вторник, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини...

СпортПред 1 ден

(ВИДЕО) Нашата репрезентација оштетена, недосудениот фаул причина за примениот гол во контра на лалињата

Да токму така, Македонската репрезентација е дефинитивно оштетена по недосудениот фаул врз Горан Пандев на работ на шеснаесетникот, по што...

МакедонијаПред 1 ден

Од ноќеска поскап бензин и дизел, ова е новата цена

Регулаторната комисија за енергетика ги одреди новите цени, бензините поскапуваат за еден денар. Поточно, ЕУРОСУПЕР-95 од полноќ ќе чини 69,5...

НАЈЧИТАНИ