Кичево
Викендов во Кичево повторно „Панаѓур“ на платото кај железничката станица

Како што пред малку нашата екипа забележа – доаѓаат комби и камиони полни со најразновидни обувки, предмети, автокозметика и облека.
Поставените тенди кои моментално се подготвуваат се доволна најава дека викендов ќе имаме „панаѓур“ на платото кај железничката станица во Кичево по седми пат на кој учествуваат трговци од целата земја.
Кичево
НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево поради трагедијата во Кочани го откажува „stand up“ шоуто со Тино & Aтанас, купените билети ќе бидат рефундирани

НУЦК „Кочо Рацин“ во интегрално соопштение преку социјалните мрежи и нашиот медиум ги информира сите кои купиле карти за „stand up“ шоуто закажано за вечерва со комичарите Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски се откажува поради огромната трагедија во Кочани која ја потресе целата држава.
Купените билети ќе бидат рефундирани на купувачите, во догледно време шоуто ќе биде повторно закажано.
Сочувство до семејствата на загинатите и побрзо закрепнување на повредените од страшната трагедија во кочанската дискотека – упатува управата и вработените од НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево.
Кичево
Утре во Кичево се организира бесплатен преглед на очен притисок, бидете дел и спречете го „тивкиот убиец на видот“ – Глауком

Утре 11-ти март (вторник) со почеток од 09:00 до 14:00ч на градскиот плоштад во Кичево по повод „светската недела на Глаукомот“ ќе се реализира Бесплатен преглед на очен притисок, како и оддавање на инструкции во случаеви за понатамошно лекување.
Настанот во соработка со општината е во организација на Универзитетската клиника за очни болести – Скопје и Општата Болница – Кичево, со своите претставници Д-р Дарко Дабески и Д-р Анита Божиноска.
Имено, брзото и навременото дијагностицирање на Глаукомот, како и третман е неопходно за најдобар исход при лекувањето.
Единствениот начин да проверите дали имате глауком е да одите на редовни очни прегледи. Настанот на утрешниот ден е токму таков преглед.
Бидете дел!
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, времен прекин на електродистрибуција ќе има с.Кнежино и неколку кичевски улици, ова се информациите

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре на ден 07.03 – петок, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следниве села и локации од град Кичево:
-
Македонија4 часа
ИТНО да се известат семејствата на Методија Цонев и Стефанија Златановска што побрзо да пристигнат во скопската болница „8-ми Септември“
-
Хроника7 часа
Тага и горчина, Костадинов ја потврди лошата вест за членот од бендот на ДНК
-
Хроника10 часа
(ВИДЕО) Директорка на кочанската болница: „Дел од починатите се малолетни, без лична карта, нивната идентификација е тешка“
-
Хроника5 часа
Андреј Ѓорѓиески од дуото ДНК помеѓу загинатите, се спасил но се вратил да спасува девојчиња!
-
Хроника6 часа
Андреј Лазаров од ФК Шкупи загина во несреќата, вчера играше против ФК Пелистер, страшно!
-
Хроника2 часа
Уште една млада фудбалска надеж од Штип жртва на пожарот во Кочани!
-
Хроника1 час
Мартин Атанасовски „Буцо Битбокс“ и тонецот Игор Велков на групата „ДНК“ долги години соработници меѓу загинатите во трагичната несреќа во Кочани
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (15 март)