Следете не

Случувања

Од лошо во полошо: Бегаше од полиција, скокна во море – Па таму го бркаше друго нешто! (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Кога кај 20-годишниот Захари Кингсбури била пронајдена дрога избегал од автомобилот на плажата и влегол во море, наведува полицијата во Северна Каролина. Сепак, надзорната камера на дронот покажала дека полицајците не биле единствени што го бркале.

Според наводите на Observer“, ајкула од 1,5 метар во еден момент била оддалечена од Кингсбури 20-тина метри.

– По 60 минути Кингсбури се наоѓаше на околу 1.200 метри од брегот, и визуелниот контакт беше изгубен. Во тој момент, потерата се претвори во акција за спасување – се наведува во соопштението од полицијата.

Момчето по неколку часа било пронајдено неповредено, неколку километри подалеку од местото на кое влегло во водата.

Моментално се товари за спротивставување при апсење, поседување на дрога и прибор за дрога.

Временска прогноза

Котлините под густа магла и многу ладно време, на другите места значително потопло

Објавено пред

на

Кога сме веќе во поле на висок воздушен притисок (Антициклон), и кое ќе продолжи до крајот на седмицава, и сето ова ќе биде придружено со значително поголема влажност во воздухот. Во ваква ситуација по котлините и понатаму ќе има појава на густа магла и токму на овие места ќе биде многу поладно, појава на густа магла понатаму ќе продолжи да има  и во Скопската котлина. Ќе биде претежно тивко и променливо облачно.

Во петок ќе има услови за сосема слаб и локален дожд.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се задржат за некој степен над или околу нулата, а во котлините со магла тие ќе бидат пониски и ќе се спуштаат под нулата, а многу поладно за разлика од другите места, односно повисоките, планинските места и Скијачките центри ќе биде токму во котлините со густа магла и ниска облачност и преку ден.

Што се однесува до максималните дневни температури, тие ќе бидат во пораст, особено за време на викендот кога ќе се искачуват во интервалот од 8 до 16 степени, во Скопје таа постојано ќе биде до околу или под 10 степени, а наутро таа ќе се спушта до близу или околу нула степени.

Да напоменам дека кога котлините се поладни од високите места  и планините, тоа се нарекува температурна инверзија, која се очекува да продолжи во Македонија и во следните денови, вели Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Кичево

Дистрибутерот на „Жито Лукс“ распишува оглас за работници за реон на Кичево, отворени работни позиции во следните категории

Објавено пред

на

©porta.mk

Дистрибутерот на „Жито Лукс АД“ – Скопје, водечката компанија во прехранбената индустрија, има потреба од вработување на дополнителен персонал за работа за реон на град Кичево. Имено, потребен е персонал за работа во следните категории:

  • 2 слободни позиции: (Возач / Дистрибутер)
  • 1 слободна позиција: (Администратор)

Предност ќе имаат кандидатите кои имаат работено со дистрибуција на леб. Работното време е од утрински часови до пладне. Вработените ќе бидат осигурани и со платени придонеси од првиот момент на работа, се разбира, додека нивните примања ќе бидат навремено исплаќани.

Кандидатите потребно е да имаат важечка возачка дозвола „Б“ – категорија, „Ц“ категорија понатаму ќе се смета за предност.

Сите вие, мотивирани, стабилни, флексибилни, способни за индивидуална и тимска работа, насочени да постигнете резултати, контактирајте за повеќе информации на тел бр ☎️ 076/395-648, испратете кратка биографија на Viber, ќе бидете контактирани и повикани на разговор.

Станете дел од големото семејство на „Жито Лукс АД“ – Скопје

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Утре брз влажен бран ќе донесе локални врнежи од дожд и снег на планините

Објавено пред

на

Утре (вторник (21.1.2025) од југозапад над Македонија ќе помине еден брз влажен и поладен воздушен бран, поладниот воздушен бран секако ќе се спушти од север. Во склоп со овој влажен бран од југозапад, ќе има послаби врнежи кои на пониските места (градовите) ќе бидат од дожд или повремено од дожд и снег, додека на повисоките, планинските места, како и на Скијачките центри ќе има врнежи од снег.

Врнежи со малку поголем интензитет, односно со умерен интензитет ќе има во западните предели од Македонија. По котлините ќе продолжи да има магла и намалена видливост, особено густа магла ќе има во ноќните  и во утринските часови.

Во Скопје и околината ќе има услови за сосема слабо проврнување на дожд,  а поради маглата која се очекува во ниските предели од котлината, можна е појава и на замрзнат дожд, но како што напоменав од локален и многу слаб интензитет.

Што се однесува до температурите, тие утре (вторник) наутро ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, во Скопје до околу -2 степени, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степениж, во Скопје максималната температура утре (вторник) ќе се искачи до околу 4 степени, информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили30 минути

Најпродаваниот нов автомобил во Европа станува електричен

Потврда од врвот на компанијата потврдува дека следната генерација на популарниот компактен модел, Dacia Sandero, кој беше најпродаван автомобил во...

Lifestyle31 минута

Направете шампон од мед и уживајте во здрава и бујна коса

Во светот на природната убавина, медот се издвојува како клучна состојка за нега на косата. Неговите навлажнувачки својства го прават...

Lifestyle34 минути

Чај од ѓумбир: Ефикасен природен лек за болки во грлото и упорна кашлица

Чајот од ѓумбир е еден од најдобрите природни лекови и може да биде одличен сојузник во борбата против постојаните вируси...

Lifestyle35 минути

Петте најдобри европски скијачки центри

Европа е дом на некои од најубавите скијачки центри во светот, кои не само што нудат одлични снежни патеки, туку...

Lifestyle36 минути

Како да препознаете вистински мед? Четири сигурни тестови за откривање на квалитетот

Препознавањето на вистинскиот мед е важно за да бидете сигурни дека консумирате чист, природен и хранлив производ. Со оглед на...

Извор: Samsung Извор: Samsung
Магазин38 минути

Современите паметни телефони веќе не зависат од заштитни фолии за екранот

Благодарение на напредната технологија за производство на стакло и робусниот дизајн, заштитните фолии за екраните на паметните телефони стануваат сè...

Lifestyle39 минути

Петте најнездрави намирници за појадок, според гастроентеролог

Појадокот е еден од најважните оброци во денот, но изборот на намирници е клучен за долгорочното здравје. Американскиот гастроентеролог д-р...

Lifestyle40 минути

Девет несакани ефекти од прекумерен внес на кофеин

Кофеинот, кога се консумира во умерени количини, е генерално безбеден и има бројни придобивки, како подобрување на расположението, метаболизмот и...

Магазин42 минути

Како да ја играте тајната мини-игра на Google инспирирана од Squid Game

Google уште еднаш ги изненади корисниците со културно релевантно „Easter Egg“ изненадување. Овој пат, се работи за тајна мини-игра инспирирана...

Автомобили43 минути

Клучна година за електричните возила: Инвестиции, предизвици и иднина

Електричните возила (EV) се наоѓаат на крстопат во 2024 година, со мешани резултати и очекувања за значајни промени во индустријата....

НАЈЧИТАНИ