Кичево
Кичевските гимназијалци и основците без парно во своите училници, со блокирани сметки го започнаа и второто полугодие

За околу 5300 ученици во општина Кичево, денес започна второто полугодие. Во сите училишта навремено започна наставата, а бројот на отсутни ученици е минимален и, тие во текот на утрешниот ден се очекува да се вклучат во редовната настава. Но и овој пат наставата ќе се одвива во состојба на блокирани сметки на училиштата, без доволно средства за нормално функционирање.
– Во сите училишта во нашата општина започна второто полугодие, и според информациите од училиштата, бројот на отсутни ученици е минимален. За среќа барем досега и грипот не поштеди и затоа бројот на отсутни ученици е толку мал. Засега единствениот проблем ни претставуваат блокираните сметки на петте градски училишта и покрај тоа што од месец на месец износите се се’ помали и во наредната година треба да очекуваме деблоката на повеќето од нив – рече Сание Садику, одговорна за образование во општина Кичево
Извор: Зоран Антоски / Нова Македонија
Кичево
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“

Секоја година, на 8-ми март, целиот свет го слави „Меѓународниот Ден на жената“. Еден вид признание и чест за фундаменталната улога на жената во општеството.
За време на овој посебен ден, изразувајќи благодарност и љубов, но и почит речиси сите подаруваат цвеќиња како вообичаен и значаен гест. Како препорака, ви ги презентираме најубавите цвеќиња кои денес пристигнаа кај нашите партнери „АТВА Маркети“.
Изберете го најубавото цвеќе и изненадете ги најблиските!
„АТВА Маркет“ на добро познатите локации ширум град Кичево, подари цвеќе за среќа!
Кичево
Следните кичевски улици и села утре и во вторник ќе имаат прекин во електрична енергија поради работа на „ЕВН КЕЦ Кичево“

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 03.03 – понеделник и 04.03 – вторник, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следниве локации од град Кичево:
Вид на прекин | Нас.место | Локација | Почеток | Крај |
---|---|---|---|---|
Планиран прекин | КИЧЕВО | С. СРБЈАНИ,С. КАРБУНИЦА, РЕПЕТИТОРИ ЦОЦАН. | 03.03.2025 09.10 | 03.03.2025 12.00 |
Планиран прекин | КИЧЕВО | БУЛЕВАР ИЛИНДЕН, КАЈ СТАРИОТ ОБЈЕКТ НА ТАНЕ ЦАЛЕСКИ | 04.03.2025 09.00 | 04.03.2025 13.30 |
Планиран прекин | КИЧЕВО | УЛ. ЗАГОРЈЕ,УЛ. СКОПСКА, УЛ. ИСЕИН АКИОСКИ, УЛ. ПРИЛЕПСКА, НАСЕЛБА БИЧИНЦИ . | 04.03.2025 09.20 | 04.03.2025 12.30 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
Кичево
Важно сообраќајно инфо за делница кај кичевските села Србјани-Другово, на пат Кичево-Охрид

ГД Гранит АД Скопје известува за започнување со изведба на градежни работи од 03.03.2025 година на делот на кружниот тек кој е лоциран на крстосницата помеѓу Магистрален пат А2 делница Кичево-Охрид, со пат за с. Србјани и почетокот на с. Другово.
– Се препорачува внимателно возење на тој дел од сообраќајот и да се почитува времената измена на режимот на сообраќајот на крстосницата.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (3 март)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за вторник (4 март)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија1 ден
Фрапантни податоци на сообраќајни прекршоци за месец февруари
-
Магазин1 ден
Итно известување од Google: Ова е рокот кога ќе исчезнат многу сметки и фотографии – зачувајте ги вашите податоци!
-
Култура24 часа
Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието
-
Македонија13 часа
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами